Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Како константен проблем минативе години се јавува поставувањето на летните тераси на скопските кафулиња во строгиот центар на градот, поточно на кејот "13-ти Ноември" и на ул. "Македонија".
Сме биле сведоци на дислокации, скратување или уривање на истите но ситуацијата од година во година не се подобрува. Газдите на локалите кои покрај менаџерско-угостителската работа во слободно време очигледно се занимаваат со квази-урбанистичко решавање на просторот пред нивните локали со непланското лоцирање т.е. нафрлање на маси и столови по целата должина на споменатите шеталишта го скратуваат просторот кој граѓаните би требало да го користат за друга намена.
Кулминација е новосоздадениот "Термопилски теснец" можеби инспириран од последниот холивудски блокбастер "300". Станува збор за делот на улица Македонија пред кафичите "Плеј" и "Тајм" каде корисната површина која може да ја користи regular Joe кој решил да помине одтука во својство на пешак му е смалена од 21 метар (колку што е фронтот т.е. ширината на ул. Македонија) на некои (отприлика) 3-4 метри.
Дали конечно градот, поточно општина Центар ќе стори нешто околу овој проблем или ќе треба да покажеме спартанска способност при минувањето низ овој теснец?
Еве што пишуваат дневните весници за проблемот:
Извор: ВЕСТ.
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПРЕТСЕДАВАЧОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР КАКО ПАДНАТ ОД МАРС[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Здравев бара проекти за летни тераси, а проекти веќе има[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Општината лани изработи елаборати за Кеј 13 Ноември и за улица Македонија во кои точно е утврдено каде може да има маси и столови, а во правилникот на Градот е утврдено од какви материјали може да биде урбаната опрема.
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Претседавачот на Советот на Општина Центар Владимир Здравев на последната седница во рамки на советничките прашања побара од општинската администрација да изготви проекти со кои точно ќе се знае каде и како кафеанџиите ќе може да ставаат летни тераси. Тој ова свое барање го образложи со фактот што кафеанџиите од Кеј 13 Ноември и на улица Македонија ставаат маси и столици како ќе им текне и буквално ги узурпираат шеталиштата.
"Овој проблем веќе ни се провлекува толку долго време, а весниците постојано пишуваат де имало вакви тенди, де имало столици, па дури и на насловна не ставаат. Имам едноставно решение, а тоа е Општината да одлучи како на најдобар начин ќе ги рента овие јавни површини. Да се зголеми цената за ваквите атрактивни локации, кои треба да се искористат, бидејќи секаде во светот има летни тераси на плоштадите и шеталиштата. Сум бил во Италија, и таму среде плоштад има кафулиња, така е и во Грција. Но, треба да има ред и затоа предлагам Општината да направи проекти со кои точно ќе се знае колку маси и столици може да се стават, какви тенди и сите да бидат унифицирани", рече Здравев.
Оваа негова идеја ја поддржаа и советниците, но при тоа никој не најде за потребно да го информира дека администрацијата на Општина Центар лани изготви елаборати во кои точно е утврдено на колкава површина од кејот и на улица Македонија може да се стават маси и столови. Ниту градоначалничката на Центар Виолета Аларова, ниту некој од стручните служби не најде за потребно да појасни дека согласно правилникот за користење јавни површини што лани го донесе Градот, точно е утврдено дека кафулињата можат да постават маси, столови и тенди од пластика или од природни материјали. Тендите треба да излегуваат од локалот, а не да се прават нови конструкции во плочникот, како што тоа е случај на кејот, каде се монтираат челични тенди, прицврстени за плочките од шеталиштето.[/FONT]
Извор: ВЕСТ.
[/FONT]