Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Јас сум роден 14 години после земјотресот, за тоа знам од приказни. Башка, не сум од Скопје :)
Но, имам и јас да раскажам приказна... тажна... која на некој свој посебен начин, ми оставила некаква трага, иако се случила многу пред мене.
Се работи за семејството по мајка ми. Брат на дедо ми, ваљда по тоа роднинската терминологија и мене дедо би ми дојдел, иако јас го викав „чичко“, живееше и работеше во Скопје.
Во времето на земјотресот живееле во зграда некаде, по кажувањата, на почетокот на Карпош.
Имале една ќерка. 1953 родена, генерација со мајка ми.
Вечерта, 25 према 26 јули, таа сакала да спие со нив, да гледа телевизија... или така нешто.
Но, не и дозволиле... си спиела во нејзината соба.
И, во земјотресот, таа загинала, нејзините родители останале живи, скоро без гребнатини. Никогаш после немаа деца.
Да не должам многу... јас ја знаев приказната уште од дете. Но дури кога пораснав, ја сфатив тежината на приказната и им се восхитував на храброста и вољата за живот на тие луѓе после таа трагедија.
Како студенти, и мајка ми, но и јас, редовно ги посетувавме. Беа прекрасни луѓе, скоро починаа.
Ете... овој пост нека биде едно сеќавање и почит кон нив.

Anco, едно прашање:
Дали сликите постирани во првиот пост се од една книга посветена на земјотресот, не се сеќавам на точното име, со зелено-бело-црна корица каде се запишани имињата на сите жртви од земјотресот?
Eте, денес е 26 јули, годишнина од овие страшни настани... И, како и секоја година, се сеќавам на роднините спомнати тука...
Денес со мајка ми правев муабет. Живееле во Карпош, зграда 11, која била веднаш до зграда 13 која се срушила целосно...
Би го прашал Anco дали тоа би му дошло некаде близу Градежен (по сеќавањето на мајка ми), или?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Одбележување годишнина од земјотресот 1963та.
Автоматски споено мислење:

Eте, денес е 26 јули, годишнина од овие страшни настани... И, како и секоја година, се сеќавам на роднините спомнати тука...
Денес со мајка ми правев муабет. Живееле во Карпош, зграда 11, која била веднаш до зграда 13 која се срушила целосно...
Би го прашал Anco дали тоа би му дошло некаде близу Градежен (по сеќавањето на мајка ми), или?
не знам дали ова ќе ти помогне
вели, веднаш кај што почнува карпош2.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Вечна слава на загинатите, пекол жив
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
zgrada br 13, (nad 100 zaginati,potocno site), bese karsi onoj drven hotel Karpos(toa e daleku od gradezen>
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Баже и Наде... '63
Застани Благоја!!!... Баже, Бажеее... врати се!!! викаше тетка Веселинка, мајка му. Сите ја слушнавме, и сите ги завртевме погледите кон него. Џабе. Благоја продужи избезумено да трча кон нејзината куќа. На себе ги имаше само оние бели купаќи со црна лента напред, и учкури на куковите кај што се врзуева. Беше жива атракција кога ќе се искачеше на највисоката греда на “Железен“ и ќе скокнеше у Вардар у “ласта“ стил. Ги ставаше шаките на кукови, ги испрчуеше грудите напред, главата ја искосуеше у лево, и пред да падне у водата ќе се отвореше ко орел пред да го фати пикираниот плен, ќе плеснеше у водата и за една секунда излегуеше на површина. Нада, не можеше да ги гледа овие негови атракции. Се плашеше, и на секое негово скакање од таму, се вртеше да не гледа или ги покриваше очите со рацете. Аман Баже, те молам, немој више, беа нејзините пораки откако ќе излезеше на тињата под врбите, а маџирмаалската публика аплаудираше...
Сега, додека трчаше кон куќата на неговата сакана Наде, никој жив не можеше да го сопре. Ни крикот на мајка му. Секое мускулче му трепереше на грбот, на нозете, а босите стапала не ги допираа камењата од калдрмата, ниту му беа пречки срушените ѕидови од околните куќи. Баже трчаше. Знаеше дека нивната куќа е трошна, дека прозорот покрај нејзиниот кревет, одпоодамна зјаеше на едната страна, ѕидот беше одвоен од рамката. Зиме го пунеа со весници и крпи за да не дува, лете ги тргаа за да дува...
И мајка му Веса, и татко му Диме почнаа да трчаат по него. Се стрчаа и други. И јас. Благоја не застана ниту кога виде дека куќата на Наде е претворена во куп цигли, ќерамиди, прашина, само носечката греда на чатмата укежуеше дека тука имало куќа. Застана на крајот од онаа страна кај што беше нејзиниот прозор, и со раце почна да откопуе. Застанавме сите и гледавме. Баже личеше на “Липкер“, ринеше, собираше цигли, дрва, камења, и ги фрлаше на страна, ја бараше неговата љубов Наде. Не застануеше. Само Горниот можеше да му ја даде таа сила, никој друг, зборуева у маало. Му се придружи и стариот. И тој почна да ги трга рушевините. Дојдоа и други. Овде, овде тргајте, овде и беше креветот, викаше Баже и продужуеше да расчистуе. Затресе пак. Сите се тргнаа на страна, само Баже остана. За момент се виде како извлекуе нечија дланка од под рушевините, ја стави на усните, клекна, и заплака. Гредата од чатмата се откачи баш од таа страна, падна врз неговата глава...
Не ја испушти нејзината шака од неговата. Така останаа двоицата, засекогаш. Баже и Наде...
п.с. Приказнава е од дедо Ангеле од Ново маало...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom