Скијање и сноуборд

Што возите на снег?


  • Вкупно гласачи
    250

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Јас сикиите не ги мењам за ништо. Општо борд е полесно да се усоврши бидејки за 2 недели се станува про. додека кај скии ти требаат години и годнини. А полесно ке научиш онака малце на скии.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Постоеја две теми, но бидејќи и двете ми се готово исти, одлучив да ги спојам во една.

Јас за себе сакам и скијање и сноу борд, ама многу се плашам и од двете спортови, така да и ден денес не знам ни едното ни другото да го возам. А баш би сакал да пробам.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Скијањето во Македонија

Овде ќе се пишува за скијањето во Маврово.

Официјално во сабота се отвара ски сезоната во маврово, што би дошло и мое прво официјално скијање. Се јавив кај едни мавровчани, ми кажаа дека има многу снег, ама дека има и сонце. Ќе се скијало ко што викаат они. Ако сака некој да се видиме тамо нека пише пп. Иначе многу треба да пазам, ради коленото така да ке бидам значително полош скијач :(

Стенмарк, очекувај клипови
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
еве, ми стигна меил од бистра со официјален ценовник.

Ски карта е 850 денари. Ако го сака некој целиот меил од бистра да му го форвардирам нека пише меил на пп.

Киниси ке вози за 140 денари т.е. ски карта и превоз ке коштаат 990 денари. Додека за оваа сабота превозот ке биде 250 денари.

Ќе биде гужва.....ама стазата е доволно голема за сите :)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Чекај, разбрав дека Сабота ќе било бесплатно, нема да се наплаќала ски картата?

Јас веројатно ќе одам со еден другар во Сабота, кога ќе се осигурам ќе се договориме ако некој оди да се најдиме да пиеме рум на стаза.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Јас идам! Бесплатно е да. Како да се најдеме?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Дај ми број па јас ќе ти се јавам ако се договорам да одам.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
ок, пишав пп.

БТВ со скии си или даскаш?
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Андроник напиша:
Чекај, разбрав дека Сабота ќе било бесплатно, нема да се наплаќала ски картата?

Јас веројатно ќе одам со еден другар во Сабота, кога ќе се осигурам ќе се договориме ако некој оди да се најдиме да пиеме рум на стаза.
И јас истото го слушнав.
Можно е и јас да одам со другари/ки. Да ве барам?:icon_lol::wink:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
ragazza напиша:
Malce off topic : Sho e muabetov ne se skija na Shapka veke ?
Епа од кога заврши војната во 2001 80% не одат македонци таму!Само Албанци и тоа ти е!:pop: :pop: :pop:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
JAS NE SKIJAM NIKAD VISE !!! a bas mozevme da se druzime :(
dimitar ubav provod i pazi da ne te snajde moja sudbina...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
За утре има прогнози дека од сабајле ќе врне дожд а поручек снег. Така да нема скијање да се види. Утре сабајле ќе видам како ќе биде времето, ама нема гарант да одам, дожд и снег и за нигде ќе биде, ни стаза ќе има ни бутур. Ај ако некој оди ќе каже дали дали се скијало.

Инаку Димитар скијам.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
vlatko напиша:
Епа од кога заврши војната во 2001 80% не одат македонци таму!Само Албанци и тоа ти е!:pop: :pop: :pop:
шо збориш бре?? од кај ти се тие 80% ?? да не јадат луѓе Албанците? ние демек сме македонци па на ванила мирисаме. поголеми голтари, клошари, сељаци, шминкери и педери нема.

епа идете на Маврово плаќајте 1000 денари!

и зошто темава е само за Маврово? а Пелистер? а Шапка? ...
аха добро.. нема везе

сами се делиме, после крив ни е ѓаолот. јас ќе одам со Албанци да скијам
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
The`bItCh да не беше тамо?

Епа вака, овој пост ке го крстам Земјоделска Задруга Маврово. Тргнавме во 6 сабајле со русинката Лада Нива. Го прибраве стенмарк и продолживме накај маврово. По пат врнеше дожд и ние молевме да ни заврне снег. Стигнавме седнавме во комерцијална банка и малце покасно отидовме да скијаме. Јас дека бев со нови скии не бев навикнат на нив, дека карвинг и првиот пат паднав 200 пати. После бев ок, ама уште не сум навикнат. Земјата по која скијавме беше леплива и правеше дупки во моите ганц нови скии (росињол 2006) како и во моето срце. Почна да врне снег и не престана. Да видите како беше интересно па пат на враќање. Цел утоп мокар влегов во русинката и сега сум настинат. Ќе ми помине. Имам клипови кој ке ги ставам веднаш штом ке го најдам апаратот.

Иначе Стенмарк РИСПЕКТ еден од подобрите скијачи што сум ги гледал во живо! Кој не ми верува ке видите клипови од плавиот и од стаза
 

Kajgana Shop

На врв Bottom