Скијатос

Член од
19 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дечки сакаме во јуни да одиме со дечко ми во Скијатос... Ме интересираат Вашите мислења и искуства од островот.... Ноќен живот , цени и каде е подобро да сме сместени , градот или плажите .Ние гледавме некој аранжман за вила Olimpija на Кукунариес .... сите искуства се добредојдени ;)
 
M

macgowan

Гостин
Јас бев сместен во Troulos, на некоја минута од Кукунариес која е `заштитен знак` на Скијатос. Трулос е помирна плажа од Кукунариес каде во топ сезона не можеш крпа да фрлиш на плажа. За ноќен живот баш не можам јас да бидам меродавен оти бев со мало детенце, ама има доста ноќни клубови и барови и сл.забава од тој тип. Имаш денски журки на Banana beach(на little banana мислам). Јас би ти рекол да се сместиш во градот ако си за ноќна забава, оти од Кукунариес до Скиатос има 10тина км и 10тина мин со кола. Ако немате сопствен превоз - имате супер организиран `градски` сообраќај кој врти низ островот така немате мака за шетање по плажи дење.
Имав пријатно искуство со медицинскиот персонал од болницата во градот, имавме проблем со малиот и луѓето беа максимум професионални и многу срдечни и покрај таквата ситуација ми остана тоа летување едно од најубавите.
Мене лично Скијатос ми е едно од најубавите места во ГР, но доста е комерцијален за мој вкус и возраст(да не претервам малку...) и сакам поголеми острови и повеќе шетање и возење/разгледување. Шо би рекол еден познаник `за млади е супер...`
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Овој мал бисер на Егејот кој припаѓа на групата острови наречени Северни Споради ќе ве остави без здив и апсолутно ќе ве освои. Со своите многубројни плажи,густите борови шуми, рестораните,ноќниот живот кој навистина вреди да се искуси, манастирите,улиците исполнети со бутици,таверни,златари,сувенири,топлиот однос на туристите ќе овозможи да уживате во вашиот одмор.

Островот е сместен во Егејското море на северозапад и се протега со должина од 12 и ширина од 6 километри. Тоа го прави поволен и атрактивен за обиколка.
Кога ја одбирате вашата летна дестинација сигурно ќе се запрашате што би ви се допаднало таму. Остров за сите генерации, од забава за младата популација па се до мирни и тивки места за релаксирање со вашите најблиски и места за истражување на тамошната култура и традиција.
Посетата на неколкуте манастири и цркви би ви било убаво искуство.

Музеј-куќата „Пападиамантис“ се наоѓа непосредно до пристаништето во градот Скијатос. Мебелот и сите детали во куќата се зачувани онакви какви што биле при крајот на животот на славниот грчки писател Александрос Пападиамантис, којшто е роден на островот и најголем дел од својот творечки живот го минал токму во оваа куќа.

Замокот Кастро е голема карпа во морето, полуостров на којшто некогаш се наоаѓал средновековниот град Скијатос. Оттаму имaте панорамски поgлед на сегашниот град, а дотаму се стигнува за еден час со автомобил или со бродски превоз.

Старото пристаниште се наоѓа помеѓу Бурци и Акрополис и тоа служело како пристаниште уште од антички времиња. Денес, таму се закотвени малите рибарски чамци, туристичките бротчиња и неколку јахти. Но, пристаништето е преполно со таверни, ресторани и барови. Вечерните прошетки по старото пристаниште знаат да бидат навистина романтични и незаборавни.
Секако, доколку сакате да дојдете во контакт со парче од историјата и духовноста на овој дел од светот, не смеете да ги заобиколите манастирите и црквите на островот. Најпознати манастири се: Панагиа Иконистра и Евагелисмос Теотоку; а најпознати црвки: Агиа Анастасиа, Агиа Николаос и црквата на Исус.

Јужниот брег на Скијатос е развиен, додека северниот не е и таму не постојат асфалтни патишта. Ако сакате да ги посетувате дивите плажи на северната страна, тогаш ќе биде потребно да изнајмите некоја форма на сопствен превоз, но ако сакате да уживате во добро организираните плажи на јужната страна, упатете се кон автобуската станица.
Автобусите тргнуваат непосредно од новото пристаниште (каде што пристигнувате со траектот), потоа го заобиколуваат градот и потоа возат по т.н. обиколница, којашто во најголем дел се движи по самиот брег и глетката при возењето е спектакуларна. Патот има вкупна должина од 12 километри, на кои се поставени 26 автобуски станици. Возењето чини 2 евра во еден правец, од почеток до крај, а за помалку од 10 станици е 1,6 евра.
На Скијатос е многу лесно да си најдете совршена плажа. Песочните плажи со кои располага островот Скијатос се околу 50-тина.Сите тие имаат по неколку барови и таверни каде можете да се разладувате со пијалок по ваша желба или пак да го вкусите вашиот ручек.

Вромолимнос
Оваа плажа е вистински рај за младата популација благодарение на големиот бар и секојдневните дневни и ноќни забави. За да стигнете до неа со градскиот превоз треба да се симнете на станица број 13 (од вкупно 26 станици) и да изодите околу 1 км.
Недостаток на плажата Вромолимнос е тоа што нема многу природни сенки и ако не планирате да изнајмите лежалки (стандардна тарифа за целиот остров е 8 евра за две лежалки под еден чадор), а не си носите чадор со себе, тогаш ќе имате посериозни проблеми со жештината.



Кукунариес
Оваа плажа се наоѓа на последната станица од автобускиот превоз бр. 26. Возењето не трае ниту пола час, при најголема гужва, а местото каде што пристигате е една од најубавите точки на целиот остров. Кукунариес е долга преку еден километар, започнувајќи од центарот за нуркање, а завршувајќи со еден пошумен рид од каде што поминува патот по кој пристигнувате. Има совршено мек, ситен, бел песок, а зад плажата има појас од густа, борова шума, зад која има солено езеро.


Агиа Параскеви
На станица бр.17 се наоѓа оваа убавица. Песокот е доста пријатен, но водата доста длабока и затоа не е препорачлива за семејства со мали деца.

Трулос
Долга песочна плажа која од година в година станува се попосетена и попопуларна меѓу туристите.
На плажата има неколку барови и ресторани, што овозможува вистинско уживање за посетителите.


Банана
Се наоѓа на приближно 500 метри од Кукунариес и до неа се стигнува по земјен пат, тргнувајќи од последната станица, бр. 26. Ако сте повеќе по забавите и гласната музика, тогаш дефинитивно треба да отидете до оваа плажа.


Лаларија
Плажата која може да се посети единствено со брод т.е по воден пат наречена Лаларија ќе ви го одземе здивот со белите каменчиња и тиркизната боја на морето. Пловејки кон таа бела убавица ке имате можност да ги видете и фотографирате пештерите кои се наоѓаат на таа страна од островот. Легендата за процепот во карпата вели ако препливате низ него замислената желба ќе ви се оствари.Легенда или вистина ваше е да проверите.



Mногумина го нарекуваат островот Скијатос вистински рај, што велите вие? Какви се вашите впечатоци?
 
Член од
19 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
фала мн Олимпија ...кога ги гледам сликите едвај чекам да одам :) најдовме смештај во вила Memories во градот... Сакавме покрај плажите некаде , но се беше уште сеа изрезервирано... но се надевам супер ќе ни биде и дека ќе имаме прекрасен одмор ;)
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Колку би коштал патот до Скијатос со сопствен превоз? :)
 
M

macgowan

Гостин
Колку би коштал патот до Скијатос со сопствен превоз? :)
Од Скопје до Волос имаш 400км. Значи 800км повратна. И некоја стотка на островот, мал е ... Види си горивото што го трошиш во Грција колку е (1,68 евра бензинот, 1,37 евра дизелот ориентационо, со тоа што на остров би требало да е 10 центи поскапо)и направи си есап.
Патарините ти се до Волос во двата правци 24 евра вкупно.
Траектите се поефтини за 30% од лани така да види со тие што го разбија монополот: http://www.anes.gr. или со тие шо после децении ги спуштија цените колку гледам!?http://www.hellenicseaways.gr/index.asp?a_id=977 - 19 евра од патник и 59 евра за возило од 3.70 до 4.25м должина во еден правец.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Како се цените за исхрана на островов? Има Лидл ?:D Цени за рентанје моторче или има јавен превоз до плажите?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Каде е најубаво да се биде сместен , напоменувам близината на плажата е приоритет не ноќниот живот и дали воопшто е можно да се биде сместен до плажа???? Дали има плажа која е најубава или има повеќе што вреди да се видат? И какви излети се организираат од островот и колку пари се?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ја бев сместен во Канипица и таму плажата е срање. Мене искрено Скијатос ми беше супер, но за луѓе што идат таму да *клецнат* нешто или да се журкаат - можам да им кажам дека има многу поголем избор на другите острови/краците.

Бев од 4-15 јули и најголем број од младиве беа парови.

Од плажите највише ми се свиѓаше Кукунариес кај што пројдов 7 од 9 дена и Врамулинос која што ја открив последниот ден а беше најблиску до мене (ја на 12 станица, вромулинос на 13) и е преполна со млади луѓе срби/наши/грци/енглеиз кои што се журкаат.


Има три ноќни клуба доле кај пристаништето : BBC,Pure и уште една и една дискотека е горе во градот кај црквичката ....ама не ми текиња како се викаше ...на К нешо ...


Се на се, не беше лошо - Бар гратскиот превоз им е поорганизиран од нас.
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Kolku vreme se patuva so brod ?
 
M

macgowan

Гостин
Ima golemi branovi , prasuvam zatoa sto koga odev na Zakintos so brod povrakjav 2 patiod branovite :)
Пошто пред два дена се вратив од одмор и за тоа време менав 3 траекти(Лефкада Василики-Сами Кефалонија 2 сати вожња; Песада Кефалонија-Аг.Николаос Закинтос 1 сат и кусур и Закинтос-Килини 1 сат...а да не ги сметам интеростровските Ликсури-Аргостоли на Кефа(30 мин.) и е.ање до Наваџио со мала барка на Закинтос по вторпат) мислам дека или бев помлад ко одев за Скијатос па немав мака со крвниот притисок ко сега ама појќе зорт видов сега на последното фери од Занте за Килини него ко одев од Волос до Скијатос на времето, а ферите се големи, значи нема многу клатење ко со некоја локална ко то тамо пева таратајка како гореспоменатата на линија Кефа-Занте...
Ех да...претходната вечер(и) ја имав малку збучено со тро појќе пива и узо па ќе да беше до тоа.
Ако и имаш мака, седи блиску до клозетот и менвај позиции, 2 и пол сати се салам борба:D.
Вреди да се истрпи, тоа е дел од одморот.
Поздрав!
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Какво е местото Agia Paraskevi, и колку се плаќа за лежалки на плажата? Дали е добро да се биде сместен на ова место и каков е ноќниот живот таму. Колку чини превоз до плажата Lalarija, има ли некои тури за посета на интересни места или крстарење и кои се цените?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom