Скапоцени и полускапоцени камења

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Истражувајќи на интернет случајно сретнав неколку интересни податоци, па решив да ги споделам со вас. Не мора да дискутирате на темава ако не ви се допаѓа, чисто онака информативно прочитајте го следниов текст и дознајте што се случува во нашата земја.

Опал, сафир, рубин, топал, микролин, карниол... сите тие се природни богатства, скапоцени камења, камења кои можат да се најдат и во Македонија!

Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Најверојатно не станува збор за тајна што љубоморно се чува.
Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени, а продавачите не знаат за што станува збор. Уверени се дека им продаваат минерал за индустриски потреби, а не за изработка на скап накит. Трговијата трае половина век.

Според домашните дилери, освен рубинот од Македонија во Западна Европа се шверцуваат и скапоцени и полускапоцени камења од видот микролин, опал, гранит, гдијаспор, карниол. Извозниот спектар на домашното богатство е големо, но парите се мали.
Камењата се шверцуваат необработени. Обработениот камен по карат (0,2 грама) според цените на пазарот чини исто колку и 40 килограми необработени скапоцени камења со најмала гранулација.
- Црвеникавите камења (прилегаат на сушено месо - врат или печеница) ги има најмногу во прилепските наоѓалишта за експлоатација на мермер. Расфрлани се насекаде. Доволно е да забележите некое парче и да си го земете како сувенир. Големите парчиња, колку човечка рака, веднаш ги разграбуваат. Исти такви се наоѓаат и по нивите во близина на наоѓалиштата. Ги собираме, а потоа ги продаваме. Порано Словенците ни даваа по 300 марки за килограм, а сега цената е 300 евра. Покрупните парчиња се продаваат поединечно. Најскапи се камчињата што наликуваат на бојата на месото.
Наспроти верувањата на домашните ловци на скапоцени камења, науката и дилерите од странство тврдат дека рубини во Македонија има и оти не само што може да се обработува туку е и многу скап.

Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа.

- Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец. Единствената разлика е во неговата бистрина. Рубинот, всушност, е проѕирен корунд. Со сечење поголемо парче корунд, кое секогаш има примеси на други минерали, може да се најде проѕирен дел кој се вика рубин. Во зависност од примесите во корундот и бојата која ја примил од нив, од него може да излезат смарагди, сафири, топази.
Рубинот, како и дијамантот, во необработена форма наликува на обичен камен. Неговата обработка во финална форма е нешто сосема друго, велат геолозите во Природонаучниот музеј.

За разлика од Македонија каде што важи уверувањето дека рубини и сафири има само во далечни егзотични земји, во Словенија и во Италија има објавено научни трудови за македонското минерално богатство. Словенците Миха Јершек и Бреда Миртич имаат издадено стручна публикација во која детаљно ги презентираат сите податоци, потекло -наоѓање, вредност и начинот на сечење на македонскиот рубин.


Па споделете искуства, ако имате нормално. Сте виделе ли вакви скапоцености, дали поседувате, некој интересен факт, носење на амајлии(бидејќи неретко нивни копии се продаваат по продавниците за накит, како амајлии)?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom