Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Т

Триптико

Гостин
А освен асуц нема друг во Скопје?
Има под Кале, ама линиите се толку бледи што очи ќе расипеш. Јас таму учев на почеток и верувај подобро е. Асуц го учиш еден ден (буквално) и положуваш. Ориентирај се по околина. И линии нормално, ама околина ти е полесно. Кога ќе се наместиш правилно, да речеме паралелно, види кое дрво, ограда, објект како ги гледаш и така ќе бидеш најсигурен дека си правилно и без промашување наместен. Кога полагав, тој од комисија ми вика: знаеш ли каде ти е задна гума? На 2мм од линија. Е како гледаш без ретровизор? Само му се насмеав и положено од прва. Само да знаеш и на тој под Кале не може со твоја кола. Барем така беше јас кога полагав. Вежбај на паркингот на Борис Трајковски. Доволно е широк, одлично обележан.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Polagam utre poligon i gradska,istremiran sum do nemaj kade upm..
Јас сум во четврток на полигон, но утре ќе го презакажам, ќе протестираат автошколите и немам време за да вежбам.
Ајде со лесно утре па кажувај што си направил.
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
Јас сум во четврток на полигон, но утре ќе го презакажам, ќе протестираат автошколите и немам време за да вежбам.
Ајде со лесно утре па кажувај што си направил.
Јас не ни знаев дека може вакво нешто, јас треба во петок исто да полагам, па на два ума сум, дали да презакажувам. Кажи ми дали успеа да презакажеш?
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Јас не ни знаев дека може вакво нешто, јас треба во петок исто да полагам, па на два ума сум, дали да презакажувам. Кажи ми дали успеа да презакажеш?
Да, бев денес и презакажав за две недели.
Не у амсм кај што бев за тестови и полигон /градска да платам туку кај што се полагаа тестови, кај мин за правда
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Ова ми требаше мене ,многу па нека седи тука за др пат.
DSC_0150.JPG
Работно време за пријавување тестови,градска,полигон во ценртала на амсм кај бензинската
 
J

joe.b

Гостин
Ај на градска да те бутнат , разбирам... за пари, такво е времево дојдено.
Ама најсмешни ми се овие што ми се жалат тука што паднале на тестови.
Ало друже, седни, научи ги! Како можеш да паднеш ако веќе ги знаеш? Што ти е крива комисијата ако ти не ги знаеш поставените прашања?
Јас од прва положив све. 11 души бевме 4 паднаа 7 пројдовме.
Не полагав во АМСМ ко што има некој да каже (Еј ако полагаш таму ќе пројдеш подобро) туку у Шкорпион. Извозев, се по правила и прописи, (СМИРЕНО) не ми се тресеа рацете и не се потев, него што биде нека биде, ги научив тестовите на памет сите прашања.
Се паркирав од таму кај што тргнав, ми пружија рака комисијата, у стил ``честитам`` јас фала.
Фала,чао и пријатно.[DOUBLEPOST=1466169463][/DOUBLEPOST]
Ве Молам,колку пари кошта полагање за Е категорија?
9000
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246
Значи ја коа полагав тестови за помалку од една минута ги решив 40/40 за Ц,тој уште објаснуваше,на градска ајде може да има и други фактори на пр.луѓе,сообраќај итн. Ама на тестови тие се прашањата и на полигон никој неможе да ти ги помести линиите
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Почнав со возење часови во февруари, во април од прва ги положив тестовите и полигон во мај. Е сега проблемот почнува со градската. Во четвртокот ме бутнаа по втор пат, полагам од пред зоолошка, ме гњавеа пола саат и првиот и вториот пат, и намерно ти прават тензија колку да те деконцентрира, ај првиот пат ќе разберам ок, ретко се положува но проблемот е вториот пат.
Имено, возев од зоолошка, лево до фонтана, после внатре низ Дебар Маало, па после пак на Илинденска, од кај Пошта десно до Палома Бјанка, покрај ЈБТ, на раскрсницата лево накај Н.Македонија, право по Т.Гологанов, десно на кружниот тек, накај Бугарска амбасада, покрај АМСМ, право па лево накај Соборна, таму право пред Влада, лево накај парк и до зоолошка назад. Пола саат маста ми ја извади за разлика од кандидатот пред мене буквално 5 мин. му броев на саат, го свртеа, се врати, и си положи.

Сега иде главниот проблем- комисијата. Се погоди едно тешко говедо што седеше до мене, почна да ствара тензија уште кога влезе со цигара внатре, па после еден од другите му рече нема смисла фрли ја и ја допуши и ја џитна и тргнавме.
На почеток се фин, кажува ако нешто не ти е јасно слободно препрашај ме итн...
Стигаме до ЈБТ без грешка, се нормално и го препрашав пошо 9 сабајле тргни-застани гужва, се забораив од стоење у емсто, му викам сега лево накај Н.Македонија? Говедово коа викна- Лево бе лево, нема по 100 пати да ти кажувам.
Ааа си викам овој ќе ме паѓа тури му пепел. Стигаме до кружниот тек и десно накај АМСМ, си ја следам белата линија си возам со 30, пошо пак густ беше сообраќајот, а една жена си возеше точак на десна страна. Стокава, коа срипа фаќање волан на лево, у дел од секунда Пази кај гледаш ми вика, идеше со намера ДА ЈА УБИЕШ жената. Каде бе викам, си вози жената на страна, не се сврте ни осети нешто, зар будала сум да ја удрам. Неее ти идеше да ја убиеш, по втор пат ми потенцира, па после ти вика, раат ќе си седиш дома а ние ЌЕ СКАПЕМЕ ПО ЗАТВОРИ И СУДОВИ ЗА УБИСТВО!
Ејјј си викам што им е бе на овие, а се ова се случуваше у рок од 10 секунди. Ништо си викам, заеби решиле да ме паѓаат.
Стигнавме по зоолошка, нормално не положив, ама многу сум бил внимателен и претпазлив тоа ми било позитивната страна!??! Па пизда ви матер ако сум внимателен како може да ме теретиш дека сум сакал некого намерно да убијам, пизда ви матер.
И така :D
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Да си фатиш врски во испитен центар, инаку секое полагање ќе „убиваш“ по некој ;)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Да си фатиш врски во испитен центар, инаку секое полагање ќе „убиваш“ по некој ;)
Ако имаш некој слободно препорачај :)
Проблемот е што се монопол и немаат никаква контрола.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ако имаш некој слободно препорачај :)
Проблемот е што се монопол и немаат никаква контрола.
Значи вака нешто ја положив од прва и градска и полигон ама моабетот е што навистина треба да учиш и да им ги знаеш финтите на кои можеш да паднеш инаку за најмала работа паѓаш.

Друга ствар доколку не си фатил врски тоа значи дека паѓаш првите три пати, ако знаеш да возиш просечно а доколку направиш ситна грешка на пример не дадеш веднаш жмигавец а веќе си тргнал да се престројуваш пагаш. Е сега моабетот мие следниот разговарај до твојот иструктор дали има некој начин да положиш без да ти прават намерно далавери.

Друга работа ако имаш точак во твојата лента кој вози од страна на тротоарот тогаш мораш со заобиколување а предходно да вклучиш трепкач и да заобиколиш а тоа се прави ако во средната лента нема кола. Значи треба да возиш премногу прецизно и внимателно.

Друго нешто кога гледаш на ретровизорот значи вртија главата не само со очи без да ја помрднеш бидејќи може да те бутне заради тоа бидејќи ќе ти каже дека си се престроил или сл. Без да погледнеш ретровизорот...

Инаку ја кога полагав бевме 14 кандидати од кои само јад и уште еден положија од прва сега многу е затегнато така да концетрација треба 100% и трема минимум бидејќи и да знаеш да возиш долидно од трема ќе се направи глупосрт.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Јас кога полагав пред неколку години, типот на совозачкото место така лошо реагираше на секоја ебана ситуација како човек да сум убил, не можеше да најде грешка и ми ја продолжи рутата само што стигнавме на крајот, па уште не го разбрав добро и му викам "Тука ли да ја паркирам?" и мисирот ми вика: "па тука одма ако сакаш да паднеш" :cautious: и па не го разбрав добро.
Арно другиве од комисија ми довикнаа да продолжам инаку ќе запрев :LOL:
Додека полагав им викаше и на другиве во комисијата да затворат прозорците па после да ги отворат целосно сите прозорци сред вожња, па и уште сред гужва додека преминував едно споро возило на една лента пат ми се издра на 20цм од мене "отвори одма прозорот што чекаш, ти реков!", после тоа зема едно цд одма до мењачот и го пушта со максимум звук како негова да е колата и сам да се вози во неа.
Јас во тој момент what the fuck! Am I sleeping or is he drunk, drug overdose?
Не ми се веруваше дека полагам, а средновечен човек па до толку да се немало морал и по секоја цена да се изиграва како не знам ти кој фактор да е во градот.
Воопшто не можам да трпам такви, не писмени а ми изиграваат кој знае што да постигнале во животот.
Му е укажала шанса ќе малтретира сега...
Цело време тензија ствара и тоа раката лева во воздух ја држеше за ако била критична состојбата да го фател воланот. :pos:
Изгледа некој го има упикано во ендек па си знае сега, инаку да му остане тоа раката така вкочанета, исушена, се да му ебам. (@Џонтра Волта помагај со пцофкиве!)
Ми идеше на некои периоди да му влепам една и да ги избркам сите од колата да се враќаат пешки. Очекувано, ме бутнаа тој пат на градска и се сеќавам дека се расправав на крајот оти имаше и многу други работи кои ги правеше а не ги спомнав. Следниот пат беа истата комисија а мисирот беше многу тивок и некако положив од втор пат.
Сега не знам со камериве можеби е подобро, порано дива лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom