Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Член од
17 мај 2016
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.893
Скопје да полагаш е катастрофа, поготово дебар маало. Милион знаци има у тој лавиринт и секој почетник мора негде да згреши, првите два пати тие ме паднаа само ради знак, третиот пат зошто сум нагазил полна линија а никаде линии немаше обележано. После искочив на партизанска со некоја полабава комисија 4ти пат и ме пуштија без ниедна замерка. А тестовите и политон со нула негативни поени.
Истото го прават на сите. Мене низ Аеродром ме вртеа низ улички ме бутаа за ситници као помалку од 1м растојание од паркирана кола или зашо не сум ја ставил колата у лер на стоп знак WTF, за на крај од 4та да ме извадат на булевар само право, без грешка да ме пуштат. Секој што полага од прва би му препорачал да се договори со школата да видат што како да си фркне 150 јурци у сам старт и да не си губи ден со денгубите...
Ако падне кандидатот 3пати, секој нареден пат ( ако комисија што ќе се падне е со осет) би требало да го возат само право на булевар...

ПС: Само не знам дали секој нареден пат те возат помалце или исто по 35-40минути?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.611
Поени од реакции
10.704
Ако падне кандидатот 3пати, секој нареден пат ( ако комисија што ќе се падне е со осет) би требало да го возат само право на булевар...

ПС: Само не знам дали секој нареден пат те возат помалце или исто по 35-40минути?
порелаксирано е по булевари, не е мн возењето 25-30 мин отприлика, круг да свртиш, мене конкретно ме извадија одма на рузвелтова од зоолошка па по партизанска нагоре до лептокарија и назад по илинденска.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.659
Поени од реакции
16.513
Ако падне кандидатот 3пати, секој нареден пат ( ако комисија што ќе се падне е со осет) би требало да го возат само право на булевар...

ПС: Само не знам дали секој нареден пат те возат помалце или исто по 35-40минути?
Мене вториот пат ме извадија на булевар, среќа моја, затоа положив од втора, инаку немаше шанси. :LOL:
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
5.926
Знае некој како се движат цените по автошколиве низ Скопје за полагање за Ц категорија?
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
1
Поени од реакции
2
Полагање градска се сведе ко бившото екстерно за децата во школо, може да си гение, ама ако не си запамтил колку километри е Манила оддалечена од Истанбул (не приближно, туку точно), џабе што си гение, паѓаш. Јас на прво полагање паднав на градска за А категорија на престројување лево; на таа лента колона возила позади до недоглед. На крај начекав празен простор од 30-тина метри меѓу две коли и се бутнав...и ме бутнаа. Па јеботе, ги прашувам во што се состои грешката? Не сум напрправил прекршок, не сум исекол никого. Сум требал да чекам да се испразни лентата. Па како на скопски булевар во 11:00 претпладне во работен ден да начекам празна лента за престројување? Втора грешка: сум вртел лево, а не сум дал предност на некој што одел право, А ТОЈ ИЗЛЕГУВА ОД ЈЕБЕНИ ПАРКИНГ. И така после 22 години возење кола и стотици илјади километри од кои 85% во Скопје и ниеден удес по моја вина, некој што може син да ми биде ми вика „Повежбај уште малку“. Да препиздиш.

Така да ако паднете на градска, не се нервирајте, чиста лутрија е полагањето.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.866
Поени од реакции
34.437
Ме интересира како е полагањето на полигон, дали комисијата се влечат по колата и постојано коментираат или не смеат ништо да ти кажат по што си има камери?

За девојчето што пишав на претходните страни значи нон стоп и коментирале од страна. Нивно е да гледаат и да снимаат и кој како ќе ги направи вежбите нека си оценат.
А не коментари од типот: Оди уште малку напред, оди назад, па не ти е завршена вежбата и толку фали да погрешиш.

Првиот пат на паралелно паркирање и рекле уште малку да ја врати и нормално кога ќе ја вратиш повеќе од што треба, тогаш ќе ја нагазнеш линијата со задното лево тркало, а предното лево наместо 10 см од линија ќе ти е 30 см.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.290
Поени од реакции
2.458
Зависи на кое село од чоек ќе налеташ, девојка ми кога полагаше и кога ја паднаа прв пат простачката и се дереше на цел глас, трештеше полигонот. Среќа нејзина не сум моментално мкд инаку ќе одев на полигон да видам која е таа будала и кој му дава право да се црека....

Така да, ИЧ да не ти е чудно.
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
20
Поени од реакции
0
Ме интересира како е полагањето на полигон, дали комисијата се влечат по колата и постојано коментираат или не смеат ништо да ти кажат по што си има камери?

За девојчето што пишав на претходните страни значи нон стоп и коментирале од страна. Нивно е да гледаат и да снимаат и кој како ќе ги направи вежбите нека си оценат.
А не коментари од типот: Оди уште малку напред, оди назад, па не ти е завршена вежбата и толку фали да погрешиш.

Првиот пат на паралелно паркирање и рекле уште малку да ја врати и нормално кога ќе ја вратиш повеќе од што треба, тогаш ќе ја нагазнеш линијата со задното лево тркало, а предното лево наместо 10 см од линија ќе ти е 30 см.
Не треба да ги слушаш, јас скоро полагав и се заебавав со нив, си бев пуштил радио, раката на наслонот за рака, иначе пред секоја од вежбите имаш човек прати што како правиш, јас положив од прва со 0 негативни, ама вежбав 2 саата на полигон пред да дојде комисијата, исто фини беа лугето и така. Ако полагаш скоро внимавај на првата вежба да не прикочуваш, движи се бавно но без кочење, посебно рикверц, за рачна ми имаат кажувано толерираре ако се направиш како што треба давале уште една шанса ако ти угасне
 

Паланчански

ГрЕбач
Член од
12 јануари 2008
Мислења
1.779
Поени од реакции
2.070
Некогаш на полигон секоја операција имаше право на повторен обид. Ама одамна беше тоа...
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.893
Ме интересира како е полагањето на полигон, дали комисијата се влечат по колата и постојано коментираат или не смеат ништо да ти кажат по што си има камери?

За девојчето што пишав на претходните страни значи нон стоп и коментирале од страна. Нивно е да гледаат и да снимаат и кој како ќе ги направи вежбите нека си оценат.
А не коментари од типот: Оди уште малку напред, оди назад, па не ти е завршена вежбата и толку фали да погрешиш.

Првиот пат на паралелно паркирање и рекле уште малку да ја врати и нормално кога ќе ја вратиш повеќе од што треба, тогаш ќе ја нагазнеш линијата со задното лево тркало, а предното лево наместо 10 см од линија ќе ти е 30 см.
Даваат еден лист , седи во кола, ако згреши кандидатот таму пишуваат негативни.
Ако не направи кандидатот грешка на 1,2,3та вежба, за рачна има 2 пати шанса да помине (пр. Ако првиот пат не успеа и му изгаси, може уште еднаш.)
Камера приметив дека ставаат на СТОП знакот кај вежбата за тргање со рачна на угорница.
Не знам што се случило со девојчето, но знам дека ако не си симетрично паркиран пишуваат околу 20негативни... Следен пат пред да полага полигон нека земе час со инструктор. Ќе и помогне да си бустне самодоверба и да ги повтори убаво вежбите.
Комисијата како ќе се погоди на полигон , не ми коментираа. На градска само коментираат нешто колку да кренат тензија и да се нанервира кандидатот. Така полесно се паѓа :D
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
344
Поени од реакции
68
колку чини сега часовите, тестовите, полагањето?
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.893
колку чини сега часовите, тестовите, полагањето?
20,000 часови
3x 100ден влез на полигон.

1200 лекарско
1200 прва помош
500 ден крвна група

Околу 2300 ден едно полагање со се уплатници за такса околу 2500.
Лифче за влез на полигон за полагање 180ден.
Користење возило 600-900ден.
Дополнителен час околу 1000денари.
 
Член од
13 јануари 2016
Мислења
57
Поени од реакции
37
дечки ако може предлог за некој подобра авто школа
од скопје сум инаку
позз
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.893
дечки ако може предлог за некој подобра авто школа
од скопје сум инаку
позз
Ја би ти препорачал да најдеш некој пријател/роднина што е или знае некој инструктор кој сигурно ќе ти посвети внимание и професионална обука.
 
Член од
20 јануари 2020
Мислења
2
Поени од реакции
1
Zdr da ve prasam nekoj koj taze polagal poligo kolku cini uplatata za poligon i dali mnogu butkaat vi blagodaram
 
На врв Bottom