Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
За Б категорија?
Da...[DOUBLEPOST=1472718951][/DOUBLEPOST]Само што се вратив еве дома, ама изгледа немав среќа, со 13 неточни поени завршив. Ми кажаа утре да дојдам. Многу се изнервирав... :( :(
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Денес уплатив за полигон и градска на 12ти полагам платив 4 150 и таа ми кажа се е поскапено.Тестовите ги платив 1650 + уплатница 400денари а сеа изгледа се 2 200 и + уплатница.Прашајте си пред да уплатите сега на крај на август ги дигнале цените
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Da...[DOUBLEPOST=1472718951][/DOUBLEPOST]Само што се вратив еве дома, ама изгледа немав среќа, со 13 неточни поени завршив. Ми кажаа утре да дојдам. Многу се изнервирав... :( :(
Апсолутно сам си крив..Никој не ти е крив што не си ги научил тестовите како што треба..За што да одиш утре?Да фаќаш врски,оти неможеш тестовите да си ги научиш.Не си имал знаење,не дека среќа си немал.Бегај таму.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Da...[DOUBLEPOST=1472718951][/DOUBLEPOST]Само што се вратив еве дома, ама изгледа немав среќа, со 13 неточни поени завршив. Ми кажаа утре да дојдам. Многу се изнервирав... :( :(
Си требало саглам да ги научиш има многу збунувачки а и доста глупи у стил ако полиција со палка во црвена боја ти даде знак шо ќе праиш дали ќе ги поздравиш дали ќе блендираш или застанеш се прснав од смеење :D Иначе јас си поминав со 0 негативни а ми се паднаа добри прашања т.е прашања што се стварно битни а не некои глупости ко гореспоменатото.
За другово полагање седни научи си ги еднаш тоа се праи не биди ко другар еден по втор пат ги паѓа го мрзи да одвои време да научи тоа бројките
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Луѓе има апликација каде што имате демо верзија за полагање. Значи пред да полагате 2-3 часа повторете ги некои прашања каде што мислите дека би можеле да паднете или едноставно ве бунат. Потоа земете ја апликацијата решавајте го тестот се додека не бидете на 0 негативни.

Друго тестот е многу лесен искрено само не треба да се има трема и да се вкочаните додека решавате...


Друго полигон кога се полага 1 до 2 пред да полагате извозете, повторете ги убаво вежбите без ниту една грешка и секако ќе поминете.

Градска доколку полагате од прва рачунајте 90% ќе паднете освен секако доколку не фатите врски инаку во спротивно рачунајте дека сте паднале.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Луѓе има апликација каде што имате демо верзија за полагање. Значи пред да полагате 2-3 часа повторете ги некои прашања каде што мислите дека би можеле да паднете или едноставно ве бунат. Потоа земете ја апликацијата решавајте го тестот се додека не бидете на 0 негативни.

Друго тестот е многу лесен искрено само не треба да се има трема и да се вкочаните додека решавате...


Друго полигон кога се полага 1 до 2 пред да полагате извозете, повторете ги убаво вежбите без ниту една грешка и секако ќе поминете.

Градска доколку полагате од прва рачунајте 90% ќе паднете освен секако доколку не фатите врски инаку во спротивно рачунајте дека сте паднале.
зошто врски ако извозам без грешка?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
зошто врски ако извозам без грешка?
Затоа што јавна тајна е дека без врски не проаѓаш градска... извози без врски и супер и ќе видиш дека мала мана ќе ти најдат и ќе те бутнат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Затоа што јавна тајна е дека без врски не проаѓаш градска... извози без врски и супер и ќе видиш дека мала мана ќе ти најдат и ќе те бутнат.
сам кажа ако ти најдат мана, но ако извозиш профи нема да те бутнат
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
сам кажа ако ти најдат мана, но ако извозиш профи нема да те бутнат
Другар значи моабетот е што намерно ќе ти кажат дека не гледаш во ретровизори, плус ќе ти кажат правилно не го насочуваш лицето кон лево или десно и сл. глупи ствари за кои ти ги правиш ама според нив не си ги направил. Значи ти кажувам од луѓе што полагале извозеле супер но паднале на бананална ствар како пример горе ти наведов.

Ако има членови тука кои извозеле перфектно а паднале поради X банална причина баш ме интересира нивното мислење. Пошто јас знам луѓе што полагале во Тетово - Битола и цената за да поминеш во Тетово е 200 евра а во Битола е 150 евра. инаку пагаш како и да е.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
сам кажа ако ти најдат мана, но ако извозиш профи нема да те бутнат
Како сакаш извози прв пат паѓаш ако сакаш и на глава наместисе, освен ако имаш фатено врски.
-Јас кога полагав и покрај тоа што извозив максимално сконцентрирано, пажливо и точно, и покрај тоа што душата ми ја извадија од пикање во улички и гужви со цел да ми билдат негативни, згора на тоа. таа апачата што седеше напред во еден момент ме натера и во рикверс да паркирам што е многу редок случај за градска вожња. Имав искуство со автомобил од помал и не ми претставуваше некаква потешкотија и ми беше еден добар плус.
И за крај за шлаг на тортата минута пред да ја вратам колата од каде што тргнав го слушам тој мисирот назад му шепти на тој донего што да пишам, а јас на 5cm од него, и овај мртов ладен си го зема листот пиши нешто. Застанувам за да ми кажат што направив, и таа апачата напред ми вели ,, дечко не си полежен, сечиш лак на раскрсници и не држиш доволно растојание од тротоарот" ке си дојдеш нареден пат". А предупреден бев од инструкторот уште пред да полагам дека тој му најчест изговор за некој што знае да вози, предупреден бев и најмногу на тоа внимавав , ЏАБЕ. Мизерија до макс степен, ти иди толку силно да ги излупаш, појке да не му текни вкола да влезат. Било како било, излегувам јас од кола , излегуват и тие за да се префрлат у друга кола имаше друго дете за полагање после мене, излегиваме сите и гледам некој ме тапка по рамо, се вртам тој мисирот зад мене ми збори добар си ти, се гледа дека имаш искуство и сигурен си во себе, гледај корегирајги грешките за нареден пат и ќе немаш никаков проблем. Мене стемнато,чадам на сета мака уште иди и ми зборува.стока арамиска.
Бегам дома, по 3 сати ми звони инструкторот , абе знајш шо ми вика, шо бе му велам, абе ми вели со 70 негативни сипаднат и почна и тој да ги пцуе, го прашувам што треби за да се прегледа снимката и да поднесам приговор, ми вели џабе ти е се, иди вешто лице од мвр, ја прегледува снимката и ќе ти најди уште миљон други ситници, недоволно растојание меѓу пешак, не пазење во двата ретровизори, недоволно растојаније меѓу коли,коловоз и уште Х други работи. џабе тие , тој со него пијат кафе не со тебе, се е то поврзано ми кажува.

Одам на втор пат, истата комисија, седнувам и тој мисирот назад ми вели те запамтив тебе, извозиси пажливо не ти бараме влакно во јајце се надевам дека нема да имаме проблем. Почнувам со вожња, вкола смирена состојба не умарат како прв пат со глупи прашања, мн полесна релација од прв пат. Паркирам колата назад, дечко положен си, фала довиџења. Проверувам дома со 20 негативни положен.

Се на се идиме до заклучок дека ова е организиран криминал на перење на пари каде цела мрежа профитира, од автошколата до комисијата и сите други помагачи.
Можи и ние претеруваме што плукаме само по комисијата, а притоа некој погоре диригира колку во денот да бидат пуштени, можи не се 100% виновни, ама кога ќе размислиш пак поубаво пристапот што го имаат кон тој шо полага, занесувањето бог и богиња и малтретирањето што го прават врз децата, и какви пари се тие, тогаш све му е заслужено, секој збор.

Се знае дете што сигурно и добро вози уште по првите 5/10 мин, и исто се знае и никој уште основата и непрепознавање на знаци и предности што не ги знае, треба даа има строгост во сообраќајот не велам не, ама да барат влакно таму каде што секој еден возач греши,вклувајќи ги и нив е грев.
НЕможи тој закон дека мора да
паднеш да важи за СИТЕ.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Уште една случка ми текна што се случи пред некој си 3/4 месеци.
Другар мој оди да полага, и нормално паѓа прв пат.
Оди на втор пат седнува вкола му дава лична карта да запишат податоци, му ја дава и тој назад му рекол,,дечко напукната ти е личната карта, по новиот закон не ќе можеш да почнеш со возење, оди до полиција и извадиси нова" и не го оставија да извози.
Личната карта имаше мн мало напукнување на десната страна.
Најтрагично од се е што и првиот пат беше со иста лична карта и тогаш ни збор за тоа не му проговорија, истата комисија. Уште по трагично е што парите од уплатенате уплатнице не му ги вратија, со образложеније дека држел место на список 3 недели.
Единствено само пари за кола не плати.
На трет пат положи.
Нека пиши некој седне дека не биле лопови.

Еве ова нека служи како пример за сите, ако имате оштетена лична карта и најминимално, не уплаќајте за полагање. Ем што нема да ве остават да полагате, и парите нема да ви ѓи вратат. Вадете нова лична карта и тек тогаш на полагање.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Мене вториот пат кога ме бутнаа ми викаат :
Абе ти на пешачки не застануваш?
-Кога , каде?
Па таму , назад!
-Каде назад?
Па таму кај маркетот , имаше необележан пешачки премин :facepalm:
-Викам кога беше тоа
Па пред десетина минути.

Сега ми е смешно , али тогаш ке се потепав со нив. Наредниот пат (трети) си положив без проблеми.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Полагањето е „бурлеска“. Тие во комисијата се замислуваат дека се доктори на наука, универзитетски професори (до душа денес и здраво и сакато во умот е професор). Обични дунстери, кои се замислуваат дека се кој знае што.. а се автомеханичари ( и тоа дали се). Многу „јака“ наука научиле, па се замислуваат Стивен Хокинг дека се. Глуаци „турбофолкерски“ се.
Јас полагав пред доста години, 1989, и положив од прва и тестови, и возење, но мнооогу луѓе полагаа по десетици пати. Небаре полагаат приемен испит во Кембриџ.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не ги сфаќам луѓето што паѓаат на тестови.
Како ги паѓате тестовите бе, како ?
Ги имате ем прашањата ем одговорите и пак паѓате на тестови ?
Па седни 1 ден пред тестот и научи ги прашањата да му ебам мајката, толку ли е тешко ?
Ај да требаше цел прирачник да се учи и да ги немаш прашањата, пеки, ама вака...

А иначе за градска ваљда зависи како ќе ти се падне комисијата. Еве ја да се пофалам од прва положив градска без врски.
Никој не ми верува дека сум положил без врски од прва ама искрено и гајле ми е дали веруваат или не, ја знам дека бев без врски и тоа ми е доволно. Моите шо се вика не ни знаеа кога полагам.
Е сеа од друга страна знам и луѓе шо ги бутнале од прва за ништо, а вториот пат возеле дури и полошо па ги пуштиле. Затоа викам ваљда се е до тоа каква комисија ќе ти се погоди.
Сестра ми од 3та положи и за глупости ја бутаа...
Другар положи од втора со врски и 2-3 недели после тоа напраи верижен судир...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom