Си купив книга

Член од
13 јули 2020
Мислења
160
Поени од реакции
366
Здраво, ми треба информација каде може да ја најдам книгата 'Сведоштва 2001' од генералот Панде Петровски, нова или користена сеедно
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.454
Поени од реакции
19.705
Обично не ставам што книги сум купил ама сега ќе направам еден исклучок.

Пред некој месец ме праша еден која од книгите што ги имам дома ми се омилени. Му реков не се 2 книги туку 2 колекции. Првата е колекцијата Светска Книжевност во издание на Македонска Книга и Мисла од 1988 затоа што тоа е мојата прва колекција која сам лично сум ја комплетирал додека бев средно. Јас си ги викам портокаловите, поради бојата на корицата позади.
процес.jpg

Со многу тешки маки тогаш, во тоа време на неразвиен интернет ги најдов Процес, Декамерон и Богови и Херои.

Што се однесува втората колекција.

Како дете еден од најсветлите спомени ми беше одењето кај едни роднини и читањето на сказни од збирката од 3 книги наречена Сказни од Целиот Свет во издание на Македонска Книга. Големи книги со прекрасни тврди корици и уште попрекрсани вонземски цртежи од маестралниот српски сликар Милиќ од Мачва кои како дете ми делуваа како чудни, несфатливи и збунувачки, сето тоа спакувано во една преубава кутија. Години подоцна, а и години претходно од денешниов ден кога конечно успеав да ги најдам и исценкам за добра цена дознав од продавачот на стари книги дека има уште една збирка од истиот тип наречена Сказни на Југословенските Народи. Подолго време ја ловев затоа што кога и да ја начекував на продажба онлајн или на тезгите за стари книги ми бараа суми кои за мене беа неприфатливи иако непристрасно гледано сепак оправдани, и јас кога би ги продавал би ги барал тие цени. Конечно завчера успеав да ги купам за нешто над цената со која што би бил задоволен, ама сепак не премногу. Сега конечно ги имам и двете збирки и еден од најубавите хајлајтси од детството го имам и во физички посед, а не само како пар мегабајти нетангибилна меморија во хард дискот наречен мозок. А за тоа нема цена и не можеш да го платиш со пари, ама сепак еве можеш. Ако (планирате да) имате деца од мене имате најтопла препорака да ги купите овие книги ако ги најдете и да им створите убави хајлатси на вашите деца кои сум убеден дека ќе ги памтат и цел живот како возрасни.


skazni.jpg
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.652
Поени од реакции
796
Сусар , алал да ти е за колекцијава со Сказните.Ко бев дете ми имаат паднато во раце дел од колекцијава и потполно те разбирам за фасцинацијата шо си ја имал при читањето и разгледувањето на книгиве. Истото ми се случи и мене кога ги читав и разгледував . Криво ми е што немам ниту една од овие книги ( не беа мои тие шо ги читав тогаш ). Колку шо се сеќавам најголем впечаток тогаш ми остави приказната за Баш-челик . Ептен ми беше интересна , иако и малку страшна ( имав 10-11 години тогаш :) ). А сликите беа фантазија , незанев дека се цртани од Милиќ од Мачва .
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.762
Поени од реакции
6.890
Отидов до една скопска книжарница и ја побарав Диви детективи и вработената ми одговори го немаме ТОА. Добро, штом го немате ТОА ваше издание (може да е исцрпено, не велам не, се надевам дека има и други ненормални кои би земале книга од 700 страници, ама мислам дека не беше ТОА ТОА). 20231116_205836.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom