Сијамска мачка

L

Lu

Гостин
Сијамската мачка (или накусо - Сијамка) потекнува од Сијам (денешен Тајланд) и првите примероци од оваа раса се појавиле уште во 14 век.
Кон крајот на 19 век, Британците кои патувале во Тајланд се заљубиле во оваа мачка со посебни обележја и со меко влакно, никогаш претходно немале видено такво нешто, па затоа однеле примероци во Британија.

Сијамските мачки ги има во четири нијанси на бои:
- Со црни ознаки (Seal Point)
- Со плави ознаки (Blue Point)
- Со кафени ознаки (Chocolate Point)
- Со виолетови ознаки (Lilac Point)
Овие 4 бои се чисти класични сијамски бои.

Има 2 типа на Сијамски мачки:
Првиот тип е стар тип (класичен тип) кои што потекнува од Тајланд и тие Сијамки се нарекуваат Таи (Thai)
Вториот тип е нов тип (модерен тип) кои што потекнува од Европа (Британија)

Сијамските мачки имаат елегантна и витка градба, долго, слабо и мускулесто тело.
Задните нозе треба да бидат подолги од предните. Нозете се долги и витки што им овозможува високи скокови во воздух, шепите се овални.
Опашот е долг и тенок.
Главата има клинест облик, идеално лице и средно големи дијагонално поставени уши во облик на триаголник.
Очите им се длабоко плави и минимално закосени.

Влакното е свиленкасто и мазно на допир.
Сијамските мачки се единствена раса на мачки која што речиси нема подвлакно, тоа ги прави идеални за чување во стан бидејќи паѓањето на влакна е минимално, речиси воопшто не пуштаат влакна.
Кога ќе се родат, тие се потполно бели, а подоцна (после првата недела од раѓањето) се појавуваат типичните обележја во вид на палеж.
На 3 годишна возраст Сијамките ја добиваат својата трајна боја.

Оние кои планираат да земат Сијамска мачка мораат да знаат дека таа има многу јак карактер и дека нејзиното присуство се чувствува во домот.
Бучни се и можат со часови да мјаукаат на глас или во себе, дали поради глад или незадоволство, вие ќе знаете, бидејќи ќе ве предупредат со својот остар глас.

Не сакаат да бидат многу сами, постојано бараат друштво.
Идеални се за луѓе на кои им е потребно друштво, можат со часови да се галат со вас, и точно знаат да го отценат вашето расположение.
Многу се темпераментни и разиграни и ги сакаат сите видови на играчки.
Многу се интелегентни и брзо учат и не чудете се доколку ви апортираат хартија или топче.
Многу лесно се навикнуваат на одење на поводник, па можете понекогаш да ги прошетувате по маалските паркчиња.

Одлично се сложуваат со други мачки, а посебно со кучиња.
По карактер се многу слични со кучињата, па често се случува за Сијамките да кажат дека се кучиња во мачешко тело.
Штом добиете Сијамска мачка, вие сте добиле личност.







Јас чувам Сијамски мачор и можам да кажам дека се прекрасна раса со неверојатен карактер.
Доколку имате прашања поврзани со Сијамските мачки можете да ме прашате :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Неколку дена кај мене у населба се врти една таква,се мислам некојден да си ја земам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Стварно се лоши како што кажуваат? :)
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Имам лошо искуство со ваква мачка(кај комшијата).сега сакам да земам најобична мачка.Инаку голем љубител сум на мачки
 
L

Lu

Гостин
Неколку дена кај мене у населба се врти една таква,се мислам некојден да си ја земам.
Знаеш има едно правило ... кучињата се приврзуваат за газдата, а мачките се приврзуваат за домот и околината во која што живеат.

Но тоа не е случај кај Сијамските мачки.
Сијамките премногу се приврзуваат за фамилијата, најчесто се приврзани за 1 човек од фамилијата и него најмногу го сакаат и слушаат.
Затоа и велат за Сијамките дека се кучиња во мачешко тело, бидејќи имаат премногу сличен карактер со кучињата.

Е сега таа Сијамка што шета во населбата твоја, ако има свои газди, тешко дека ќе се навикне кај тебе.
Ќе избега и повторно ќе се врати кај своите газди.

А ако е напуштена и лута по улиците, тоа е друга работа.
Во тој случај, одма земи ја не се мисли :)

Стварно се лоши како што кажуваат? :)
Не.
Тие не се лоши, туку си имаат свој специфичен карактер кој што ги прави да бидат различни од останатите мачки :)
Всушност Сијамките се премногу добри и приврзани за фамилијата.
Сијамките можат да бидат незгодни доколку дојде непознат човек во домот, тие веднаш завземаат одбрамбен став и го штитат домот и фамилијата (исто како и кучињата :))

Тоа што се шират гласини дека Сијамките се лоши, тоа се најверојатно искуства од посетителите и гостите што одат во домови каде што има Сијамска мачка, бидејќи Сијамките знаат доста бурно да реагираат на непознати лица во домот, а додека со сопствениците се премногу мирни и приврзани.

Можеби сте ги виделе сликите од мојот Сијамец во темата „Мачки“ , али еве и тука ќе поставам некоја фотка од моето ѕверче :)

Ова е првиот ден кога го земав, имаше само 2 месеци



 
Член од
17 ноември 2008
Мислења
340
Поени од реакции
15
drugarmi ima od stip vakva :D ja imas zemeno od dule ili koki nz koj cuvase takva 5-6 godini e zenska koga ke odev kaj niv ne bese losa sprema mene ... i nadvor koke ja najdev ja galev mn mirna bese
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Чував една која почина на бизарен начин. И ми се досели идентична на неа после година дена. Која реинкарнација, чоече.

Како што рече Lu погоре, Сијамките се далеку поспецифични од другите мачки. Треба прилагодување за да ве прифати како свој човек. Кај неа постои и т.н. хиерархија. Има еден газда кој е бог за неа, и фамилијата - луѓе со кои е приврзана. Другото што е „persona incogita" го смета за натрапник. Нешто у стилу, ако не си со нас, си против нас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин
Заборавив да спомнам дека има периоди во денот кога Сијамчево буквално ми збеснува дома :D
Секое попладне околу 17-18 часот обавезно се растрчува низ домот и хаос прави, се качува по завеси, трча по кревети... абе циркузи прави дома.
И втората етапа му е после полноќ околу 1 часот, и тогаш исто е таков разигран.

Сум прашала и други луѓе што чуваат Сијамски мачки и они истото ми го имаат потврдено дека Сијамките си имаат одреден период од денот кога сакаат да си се издуваат и да си ја потрошат енергијата.

Како и да е, Сијамските мачки се една прекрасна раса која што е многу поспецифична и поразлична од останатите мачки.
 
Член од
6 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
2
Сакам да прашам за Сијамкиве дали може уште како мало да го научам да не гребе по мебел???:)
 
L

Lu

Гостин
Сакам да прашам за Сијамкиве дали може уште како мало да го научам да не гребе по мебел???:)
Да, доколку му купиш специјална „гребалка“ за мачки, се продаваат низ пет шоповите.
Јас со моето маче воопшто немав проблем, еднаш двапати проба да гребе по мебелот и јас само што ќе го приметев дека сака да гребе одма го носев кај специјалната гребалка и му се створи навика дека само на гребалката смее да гребе, и сега немам никаков проблем со гребењето, секогаш си оди сам кај гребалката.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Сакам да земам сијамче, арно ама дома чувам година и нешто стара мачка, која е потерсене и од самите сијами - ужасно лош карактер. Па ме интересира дали некој има искуство од чување на сијамка + домача мачка? Да сподели импресии и искинати работи низ дома.:icon_mrgr:
 
L

Lu

Гостин
http://www.youtube.com/watch?v=xbZYXtcYevM

Сијамските мачки се најубавиот вид на мачки
Тие Сијамски мачки што се на клипот што си го поставила, тоа се новиот тип на Сијамски мачки кои што потекнуваат од Европа (Британија).
Мене новиот тип на Сијамски мачки ми се страшно грди, на големи глувци ми личат, многу се слаби и во фацата се како глувци.

А мојата Сијамска мачка (поточно мачор) е од стариот (класичен) тип кој што потекнува од Тајланд.
Овој класичниот тип на Сијамски мачки како што имам јас, се многу поубави, едноставно тоа се најубавата раса на мачки што постојат, малку се подебелки и имаат многу убава и складна глава заразлика од новиот тип на Сијамски мачки на кој главата им е поиздолжена и личат на глувци.

Еве како изгледа стариот (класичниот) тип на Сијамски мачки како што имам јас:

 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Јас чував Сијамски мачор и можам да потврдам дека покрај тоа што е една од најубавите мачки, таа е и најтврдоглавото, најтемпераментното, најарогантно и најсамобендисано суштество.
Во секој случај е многу поразлична по табиет од овие маалските домашни мачки, кои имаше голема желба да ги малтертира и да ги тепа.
Треба да си ја заслужиш довербата и приврзаноста, инаку нема да те тантели ни два посто.
Во секој случај предизвик и доживување е да се чува Сијамска мачка.

Еве една слика како мало кога беше

и кога подпорасна малце
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Ме интересира некој што чува ваква мачка колку трошоци одприлика има во еден месец?
И дали овие мачки може да живеат самостојно во поголем дел од денот, значи од сабајле до попладне, се на се сопственикот да не биде покрај нив во текот на целиот ден за во стан секако...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom