Сите ученици и студенти да си седнат на своите клупи

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.411
Секако дека можам, специјално ко за тебе, ко за дете од три-четири годинки, со дати и линкови и слики, да ти покажам кога беа предрамазанските изјави на Реџепи и Османи, кога беа сликите по нет за масовни рамазан-собиранки у сред полициски час, кога скокнаа бројките и у кои општини.
Тоа би бил пост, кој само формално е наменет за тебе, инаку секако дека суштински би бил наменет за пошироката форумска јавност, која би добил уште една потврда за очигледното. Но не ми беше поентата да идам накај тој оф-топик. Поентата ми беше дека у септември истиот филм ќе го гледаме со школиве, а ти веројатно ќе викаш дека подударноста со новиот бран и првиот школски месец е случајна.
Прашање е дали државава ќе може д издржи толкав товар, уште којзнае колку месеци дома да седат деца, дома да седат родители, вработени еден куп да дремат дома и да земаат цела плата???
Неможе веќе вака, народов мора да се освести, да се придржува ком мерките за заштита, да биде совесен и да се однесуваме крајно одговорно.
Се додека не почнеме да почитуваме, ни две години нема да не опраат...а тоа значи тури и пепел на државичево наше.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
политички се причините кои стојат зад одлуката за отварање на школите
а таквите одлуки, видовме за Рамазан каков третман имаат од страна на вирусов
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.411
политички се причините кои стојат зад одлуката за отварање на школите
а таквите одлуки, видовме за Рамазан каков третман имаат од страна на вирусов
И на такви политички одлуки треба да им ставиме крај.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Најголемиот проблем е компјутерската неписменост на наставниците и професорите.
Нека бидат предавањата целосно онлине, нека држат и вежби ама колку од нив ќе се справат?
Знам средношколци од Орце кои добиваа сликички од решени задачи по математика на Viber и толку. До сега требаше да се искористи периодот јули-август да се организираат барем обуките за zoom.
Очекувано сценарио е од септември да увидат дека е неопходна онлине настава, да се организираат до кај 15ти и да почнат со обукуте на 30ти... Децата ќе доцнат како и да е.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Најголемиот проблем е компјутерската неписменост на наставниците и професорите.
Нека бидат предавањата целосно онлине, нека држат и вежби ама колку од нив ќе се справат?
Знам средношколци од Орце кои добиваа сликички од решени задачи по математика на Viber и толку. До сега требаше да се искористи периодот јули-август да се организираат барем обуките за zoom.
Очекувано сценарио е од септември да увидат дека е неопходна онлине настава, да се организираат до кај 15ти и да почнат со обукуте на 30ти... Децата ќе доцнат како и да е.
Тоа и ми беше поентата, дека до сега веќе требаше да ги едуцираат наставниците/професорите за да можат ефективно да спроведуваат онлајн настава....барем преку zoom. Да бевме малце држава и сопствен софтвер за аудио/видео настава ќе изработеа и ќе го кренеа на сервер (реално не е некоја филозофија).
Нешто слично како што полагавме Microsoft сертификации.....опции за креирање/одговарање на разно разни тестови и сл. да направеа.
За децата исто можеа да направат видео туториали како се употребува софтверот (за тие што се помалку писмени во ИТ, иако децата се кај кај понапред).
За ранливите групи, односно оние кои немаат средства да им купат пр. таблет на децата (а немаат компјутер), можеа наместо ваучери за туризам, да ги пренаменат средствата на право место -ваучери за таблет....па во договор со некој мобилен оператор ученичка сим со вклучен интернет сообраќај.....многу работи можеа да направат, ова се некои од идеите но......
За жал факт е дека ќе го увидат проблемот за кратко време....но пак ќе се касни, како и со се останато кај нас...за жал.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Автоматски споено мислење:

Мексико - 3500 на 1М
Македонија 5500 на 1М
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:


Убедена дека го победила коронавирусот и очајна да ја покрене уништената економија, израелската влада кон крајот на мај ги врати во училиште сите ученици.

За неколку дена беа пријавени инфекции во средно училиште во Ерусалим, кое брзо порасна во најголемо училишно жариште во Израел, веројатно и во светот.

Вирусот се пренесе во домовите на учениците, а потоа и во другите училишта и населби, на крај инфицирајќи стотици ученици, наставници и роднини.

Други жаришта принудија стотици училишта да се затворат. Низ целата земја, десетици илјади ученици и наставници беа ставени во карантин.

Советот на Израел за другите земји?

Дефинитивно не треба да го сторат тоа што го сторивме ние“, рече Ели Ваксман, професорка во Научниот институт Вајзман и претседателка на тимот што го советува израелскиот Национален безбедносен совет за пандемијата. „Тоа беше голем кикс“.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Германија во покраината Мекленбург ја започна школската година и за неколку дена училиштата повторно се затворени.....кога во Германија наставата не може да се реализира, илузорно е воопшто да помислуваме дека тоа може во Македонија или било каде во светот додека трае пандемијата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Многу ми е смешно како министерство бутка дека со протоколи ќе се реализирало. Протоколи скоро нигде не се почитуваат во државава, прво од луѓето индивидуално а тоа се пренесува на цели институции. И се очекува деца и тинејџери да почитуваат протоколи? Па и студентите. Возрасните не почитуваат, камо ли па другите.

Да, точно е дека многу луѓе излегуваат и се собираат во групи, ама не ги гледате сите деца и млади што со месеци не излегуваат од дома или се сретнуваат со изолиран круг на 2-3 блиски пријатели, молејќи се малце да се свести народов за да се вратиме у нормала.

Интернет настава е сосема можна, не е ништо комплицирано да се уклучиш на Zoom или Microsoft Teams, на професорите кои не знаат некој ќе им покаже. А да нема онлајн настава со изговорот дека „не знаат“ или „не можат“ се преведува во „не сакаат“.

Згора на се, министерство се однесува како да ние у државава имаме некое којзнае колку врвно образование во живо, па децата многу ќе изгубат ако една година слушаат онлајн настава (не велам дека е екстремно лошо, сепак сме многу далеку од квалитетно образование). И кобајаги тоа „врвно образование“ ќе го задржи својот квалитет со скратени часови, во кои од 20 минути 10 минути ќе се оди до тоалет, ќе се запишува часот, учениците ќе се местат во клупи правејќи си муабет и слично.

На дечињата им треба дружба, да, па затоа подобро нека се дружат во изолиран круг од неколку пријатели отколку да се собираат по 100 души на школо. А кој вистински сака да учи ќе најде начин - живееме во време на можности, има еден тон книги достапни, Јутуб е полн со предавања од најразлични области, има бесплатни курсеви онлајн итн.

Ни ставија карантин за 20 заразени у државата, а сега на овие бројки неееееема веза одете на школо, факултет, лабавете си, збирајте си се по кафичи... Апсурдонија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.411
тешка глупост е да бараш одговорност од министерот ако здравјето на учениците во училиштето се загрози, додека истите тие ученици "лудуваат" секоја вечер по дискотеките, кафулињата, парковите, на игралиштата ....
јас сум мајка, јас имам деца, знам дека не е лесно да се донесе одлука, дали да се отворат училиштата...па и јас нејќам моите деца да бидат жртвени јагниња, но верувам дека ако се има добра воља, ако министерството за здравство и мин.за образование седнат заедно и донесат правилни мерки, добра програма, ако воведат еден нов режим на дисциплина во училиштата, а се разбира и со голема одговорност и на родителите, со поголема свест и одговорност, децата да си појдат редовно на настави.
Децата треба да ни станат поодговорни, треба да сфатат дека меѓу нив има еден вирус од кој треба да се заштитат и затоа треба да бидат подисциплинирани, да си носат маски, да одржуваат хигиена, а професорите ке бидат таму за да ги надгледуваат и опоменуваат...
Вака ништо не правиме, деца на улици кои стануваат се поагресивни, ги убива монотонија, немаат ред на ништо......
Секој родител треба да биде пример како треба во вакви опасни услови да се живее, но ако ние се однесуваме ко да го нема вирусот, тогаш години и години ќе поминат додека се вратиме во нормала, а дали е тогаш ќе биде како некогаш што било!?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Ако се групираат некои младинци навечер, па дај сите деца, секој ден, да ги стаиме у просторија - нека се испозаразат.

Ако некој работи со бои и лакови, тогаш може он да живее и у дворот на Охис.

тоа е таа глупа логика
ми се плаче кога ја читам и се чудам како можат возрасни луѓе, толку нерационално да размислуваат


Ова што гледаш како поминуваат тие држави кои ги отворија школите, тоа веројатно не допира до тебе. Небитна информација, пошто нашиот здравствен систем е далеку бољи од Израел, Јужна Кореја и сл.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.411
Ако се групираат некои младинци навечер, па дај сите деца, секој ден, да ги стаиме у просторија - нека се испозаразат.

Ако некој работи со бои и лакови, тогаш може он да живее и у дворот на Охис.

тоа е таа глупа логика
ми се плаче кога ја читам и се чудам како можат возрасни луѓе, толку нерационално да размислуваат


Ова што гледаш како поминуваат тие држави кои ги отворија школите, тоа веројатно не допира до тебе. Небитна информација, пошто нашиот здравствен систем е далеку бољи од Израел, Јужна Кореја и сл.
Напотив Берик, јас рационално и трезвено рамислувам а ти плачи ако ти се плаче.
Ајде кажи ми од каде толкав пораст на новозаразени од ковид?
Денес бројката е 22о...
како еден не се најде паметен да рече да ги затвори кафаните и дискотеките?
Ова се ширачи на заразата од Охрид.
Здравството знам дека ни е за никаде, но колку толку, сепак некако се борат иако се демотивирани со ваков несовесен народ.
Филипче требаше да припреми досега и болници, мед.материјали, лекови, персонал...тука кикснаа катастрофално...не обезбедија ама баш ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom