Сите убави мисли ТУКА!

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Кога на мажот му е лошо, тој бара жена, а кога нему му е добро, тој бара уште една

(Константин Мелихан)

.
.
Невозможно е да се вратиш во минатото и да го измениш својот старт , но возможно е да стартуваш сега и да го измениш својот финиш ...

.

Втората половина ќе ја најдеш тогаш, кога ќе се наполни првата . Не барајте за себе полупразни половини . Кога ќе се појави полната - тогаш ќе проработи и душевниот магнет

Чесниот чиновник можно е да го препознаеш по очите ... По големите, глаадни очи .

Животот, е како бања : де врела, де ладна вода.
И дури во староста почнуваш да осознаваш , како правилно да ја подесиш чешмата, но душата е веќе изгорена, а телото скоро ладно ...

Луѓето...
цела недела чекаат петок
цел месец- празник
цела година -лето и
цел живот -среќа

Трезниот човек е со патолошка бедна фантазија, тој не може дури ни да смисли повод за да се напие.

Ако врз тебе паднало јаболко - удирај што е можно побрзо - оти јаболкото од јаболкницата не паѓа далеку

Судбината на метеорите, е како и судбината на човекот.......непредвидлива :
Некој вечно лета меѓу ѕвездите, а некој тапо паѓа во Челјабинск…
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Онаа горчина која седи точна на грло кога солзата чека знак да капне. Таа горчина кога душата е репетирана и чека да пукне, ете баш таа горчина ме претвори во она што многумина сонуваат да бидат. Успева само оној кој ке ископа светлина во најголемата и најдлабоката темнина ...
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
„Убавината на сеќавањата е да евоцираат позитивни емоции, насмевки и кикотења со по некоја чаша алкохол. Да заборавиш, значи да се сеќаваш без болка. Да заборавиш, значи да знаеш како да завртиш нов лист, а се` уште да се сеќаваш на ликовите од претходната страна.“
 
Член од
10 март 2013
Мислења
69
Поени од реакции
164
Храброста да се откажеш од егоистичното „јас“ за да живееш во светот на „ние“.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Me siento vacía a veces.
Como si no tuviera corazón o alma, o algo de eso.
O como si el corazón se me hubiera subido al cerebro y de ahora en más analice y calcule cada intención de mi corazón. Algo así como si estuviera prisionero de la frialdad de la mente.
En cambio por otros momentos, viene otra vez esa sensación de pecho inflado de color rosa, flores, mariposas y toda la cursilería que creía perdida.

Баш така се чувстувам...

 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
Јас ја вршам својата работа, а ти ја вршиш твојата
Не сум дошола на овој свет за да ги исполнам твоите очекувања
А ти не си дошол за да ги исполниш моите
Ти си ти , а јас сум јас
Ако имааме среќа да се пронајдеме еден со друг, прекрасно е
Ако не, тука не може да се помогне!
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Едвај го чекам денот кога религијата ќе биде индивидуално доживување, а не институционализирано, кога моќта ќе биде врвот на интелектот, кога војната, оружјата и насилството ќе се прогласат за апсурдни, кога уметноста, филозофијата и науката наше секојдневие, кога духот ќе биде слободен, кога стомакот ќе биде сит, кога домот ќе биде богат, кога семејството ќе биде среќно! Можеби сум идеалист, но ова е мојата реалност, колку виртуелна таа да звучи...

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Кој еднаш ќе пропее за полицијата, тој цел живот ќе излегува на бис .
 
Член од
6 март 2013
Мислења
59
Поени од реакции
41
Среќата е во патувањето, а не на крајот од патот.

Човекот трча по среќата, а таа е пред неговите нозе.

Патот до рајот води низ пеколот.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Стале Попов - Во својте дела

1.Ако го мрсам ножот-да го мрсам на крмник,а не на заек.
2.Ако на еден не му се стемни на друг нема да му осамне.
3.Ако ти е мила, нека ми ти е жива.
4.Ако не си со мене си против мене.
5.Ако ни го јаде месото,ќе ни ги остави коските.
6.Ако се плаше орачот од врапците не сее просо.
7.Ако не си ја врши в`кот сам работата-не бидува дебел во вратот.
8.Ако е пишано не може да се распише.
9.Ако е куска нека е нова.
10.Ако е празна торбата ќе биде празно и воденичето.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
....Не умееш да црташ- биди фотограф
не умееш да свириш- биди DJ
не умееш да пееш- биди рапер
не умееш да пишуваш- биди блогер
не умееш ништо- стани политичар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom