Сите (а)теизми на едно место. Каде си ти?

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Апсолутно не значи дека сите сме Агностици. И уште еднаш, Гноситик е човек кој тврди дека знае, но во суштина се обманува себе си и другите. Такви луѓе имам сретнато, за жал и теисти и атеисти.

Поштовање ако си агностик, ме радува ако навистина си, но искрено не ти верувам. Она што треба да го разграничиш е дека и покрај тоа што не знае, некој може да тврди дека знае. Ете тоа е Гностик.

Оти не можеш да сватиш дека Агностик е сосем друго од твоите сваќања и нема таква состојба ни верувам ни не верувам.

П.С. Јас се дефинирам себе си како Атеист Агностик. Не постојам ли?
Дали овие две дефиниции се валидни тогаш -

Атеист-гностик е човек кој не верува дека постојат божества, но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина не постојат.

Теист-гностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина постои/постојат.

Како тоа атеистот гностик, верува дека не постојат богови, и во исто време тврди дека не постојат богови. Како тоа ем верува, ем знае. Та ако знае, тогаш нема потреба да верува.

Како тоа теистот гностик, ем верува дека постои Бог, ем точно знае дека постои Бог?

Овде некаде има некоја семантичка грешка.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дали овие две дефиниции се валидни тогаш -

1. Атеист-гностик е човек кој не верува дека постојат божества, но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина не постојат.

Теист-гностик е човек кој верува дека постојат божества (барем едно), но воедно и тврди дека со сигурност знае дека навистина постои/постојат.

2. Како тоа атеистот гностик, верува дека не постојат богови, и во исто време тврди дека не постојат богови. Како тоа ем верува, ем знае. Та ако знае, тогаш нема потреба да верува.

3. Како тоа теистот гностик, ем верува дека постои Бог, ем точно знае дека постои Бог?

Овде некаде има некоја семантичка грешка.
1. Да постојат
2. Има семантичка грешка во твоето размислување оти грешно интерпретираш што е атеист. Црвениот болд ти е неточен. Точната дефиниција е Не веруваат дека постои бог.

Инаку ако сакаш да си играме со семантиката која многу повеќе држи, ти си во суштина си неверник оти не веруваш дека не постои бог.
3. за жал има такви кои што ем веруваат ем тврдат дека знаат.
Обрни внимание клучно е зборчето тврдат, тие не знаат но тврдат дека знаат.

"Тврди" е клучниот збор а тоа не подразбира знаење,според мене.
Егзактли мај поинт......
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
1. Да постојат
2. Има семантичка грешка во твоето размислување оти грешно интерпретираш што е атеист. Црвениот болд ти е неточен. Точната дефиниција е Не веруваат дека постои бог.

Инаку ако сакаш да си играме со семантиката која многу повеќе држи, ти си во суштина си неверник оти не веруваш дека не постои бог.
Добро, ама сепак исто му доаѓa. Ем не верува дека постојат богови, ем со сигурност зане дека истите не постојат. Тоа сакам да кажам. Ако веќе знаеш нешто, тогаш верувањето (или неверувањето) во постоењето на истото е obsolete. Го надминуваш, не ти треба.
--- надополнето: 19 септември 2012 во 18:14 ---
Ете тука некаде ја напуштам дискусијата, живи и здрави, утре пак.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Добро, ама сепак исто му доаѓa. Ем не верува дека постојат богови, ем со сигурност зане дека истите не постојат. Тоа сакам да кажам. Ако веќе знаеш нешто, тогаш верувањето (или неверувањето) во постоењето на истото е obsolete. Го надминуваш, не ти треба.
Далеку од исто
Не верување дека нешто постои и верување дека не постои се на спротивната страна на разумот. Да веруваш дека нешто не постои е најголемата глупост. затоа ти реков поголема е логиката ти да си неверник.
Оти ти не дека веруваш во господ, туку ти не веруваш дека не постои.

П.С. Ти македонски да не имаше единица? Тврдење не е знаење ало.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ајде уште ова. Види вака, доколку гностикот тврди дека знае, а нели всушност не знае, тогаш исто би требало да биде и со агностикот кој вели дека не знае - зарем тој всушност знае дали постои Бог?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Никогаш не разбрав зошто е сфаќањето на Ајнштајн, на Тесла, или на било кој друг човек, значајно за тоа дали Бог постои или не постои.

Инаку за сите пантеисти, деисти, и слични исти, работата е сакам да се онадам, но не сакам да ми влезе. Од аспект на човечкото поведение, единствено релевантен Бог е онај кој е креатор на Универзумот, и кој наградува и казнува. Ако не верувате дека таков Бог постои, сите сте вие атеисти. Дали ќе имате чувство дека Универзумот е Бог, или дека сето постоечко е поврзано, или дека некоја енергија е сегде присутна, сето тоа се замајувања.

Се додека не верувате во Бог кој овозможува задгробен живот како награда, вие сте атеисти. Морате да живеете со тоа.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Taka не стои у декларацијата за атеизам :) .....да не зборам за прикриените догми кои одат пропратно....како материјализам да речеме.

Ти атеист ли си?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Taka не стои у декларацијата за атеизам :) .....да не зборам за прикриените догми кои одат пропратно....како материјализам да речеме.

Ти атеист ли си?
Не постои нужна врска помеќу атеизмот и материјализмот. Можеби еден ден ќе се испостави дека целокупната реалност е нематеријална, или едноставно ќе се пронајде некоја друга експланаторна парадигма која ќе покаже дека материјализмот и идеализмот се застарени концепти, но тоа повторно нема да биде никаков доказ за постоењето на омнипотентен ентитет кој има увид во целокупниот духовен живот на сите луѓе, и кој наградува и казнува.

Таквата престава за Бог е варварска и примитивна, и припаѓа на едно друго време од кое треба како врста да се срамиме...
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Никогаш не разбрав зошто е сфаќањето на Ајнштајн, на Тесла, или на било кој друг човек, значајно за тоа дали Бог постои или не постои.

Инаку за сите пантеисти, деисти, и слични исти, работата е сакам да се онадам, но не сакам да ми влезе. Од аспект на човечкото поведение, единствено релевантен Бог е онај кој е креатор на Универзумот, и кој наградува и казнува. Ако не верувате дека таков Бог постои, сите сте вие атеисти. Дали ќе имате чувство дека Универзумот е Бог, или дека сето постоечко е поврзано, или дека некоја енергија е сегде присутна, сето тоа се замајувања.

Се додека не верувате во Бог кој овозможува задгробен живот како награда, вие сте атеисти. Морате да живеете со тоа.
Јас сум Будист и не верувам во задгробен живот.Верувам во реинкарнација.

По тебе, атеист ли сум?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Јас сум Будист и не верувам во задгробен живот.Верувам во реинкарнација.

По тебе, атеист ли сум?
Душата што луѓето ја препишуваат на човекот, и
која се тврди дека, по смртта, го продолжува
независна егзистенција и дека прави трансмиграција.
Па, јас не верувам.
Сепак нешто се гради во човекот, во неговиот живот, на ова јас не се сомневам. Ќе го објаснам вака: човекот е роден
со капацитети со кои одредени искуства
произведуваат во него, во текот на својот живот,
цврста супстанца, и од оваа супстанца
постепено се формира нешто што е способно
да придобие живот речиси независно од физичкото тело.
По смртта, тоа не менува ништо заедно со физичкото тело, но само подоцна,откако ќе се одвои од ова тело. "
Одлучи се во што веруваш.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Одлучи се во што веруваш.
Ајде прочитај повторно моите постови....и прашај што не ти е јасно....
Првото е провокација до Ставрогин, затоа што не разбира што е атеист, второто дава целосен увид во тоа во што јас верувам.
Прочитај ѓи и двете стрпливо...размисли .....
Во случај да те „буни“ она што го имаш болдирано во мојот пост......ако бидеш „добар“ и ќе ти објаснам зошто не верувам во тоа.
Многу е битно да го разбереш вторит дел од мојот пост...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ајде прочитај повторно моите постови....и прашај што не ти е јасно....
Првото е провокација до Ставрогин, затоа што не разбира што е атеист, второто дава целосен увид во тоа во што јас верувам.
Прочитај ѓи и двете стрпливо...размисли .....
Во случај да те „буни“ она што го имаш болдирано во мојот пост......ако бидеш „добар“ и ќе ти објаснам зошто не верувам во тоа.
Многу е битно да го разбереш вторит дел од мојот пост...
Воопшто не ме интересира ти да ми го објаниш тоа. Се ми е познато. Само факт дека ти појма немаш што е атеизам.
Ме интересира само четвртиот пат, ќе ми објасниш за тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom