Сите Албанци кај нас знаат македонски, а само 3 отсто Македонци знаат албански

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Без разлика дали Албанците во Македонија се 20, 25, 30, 35, 40 % и.т.н. факт е дека се малцинство и нивниот јазик може да биде службен јазик(втор) паралелно со Македонскиот службен јазик(прв) само во средините каде што се мнозинство или пак каде се застапени непомалку од 20%, но не и на целата територија на државата.
Јас немам ништо против изучувањето на било кој јазик, без разлика дали станува збор за регионален или за светски јазик.
Но треба да се изучува само по своја воља, несмее да се наметнува со сила, некој ако несака да го изучува немора, а тој што сака нека си го учи, ако мисли дека му е потребен.
Албанскиот јазик ипак не е светски јазик, туку е само регионален Балкански јазик и кој надвор од таа територија нема никаква важност. Добро е да го знаеш Албанскиот јазик, но само ако живееш во етнички мешана средина(Западна МКД+Скопје, Куманово) и комуницираш со припадници од таа нација, незнам зашто би му бил потребен Албанскиот јазик на некој што живее во Источна Македонија на пр. кога таму ниту живеат, ниту работат, ниту пак транзитираат Албанци. Исто така Албанскиот јазик е тотално непотребен ако живееш надвор од териториите населени со Албанци и ако воопшто не остваруваш контакти со Албанци.
Јас лично немам ништо против ниту еден јазик, но зашто да учам Албански јазик(регионален јазик), кога во мојава околија т.е. во овој дел на СК. нема Албанци, слабо се движам низ Албански средини и многу ретко комуницирам со Албанци, а и тие малкумина Албанци со кои комуницирам го говорат Македонскиот јазик перфектно, така да немам проблеми во разбирањето, а и знаат перфектно Англиски, така да можеме и на Англиски да се разбереме, доколку ете не разбираат ниту Македонски, ниту пак Српски !
па види не е баш сеедно, пошто ако сеоколу 40% веќе нема да бидат малцинство туку конституивен народ а тоа е заебано , тоа значи дека е ова негова држава колку што е и твоја. :oops:
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
па види не е баш сеедно, пошто ако сеоколу 40% веќе нема да бидат малцинство туку конституивен народ а тоа е заебано , тоа значи дека е ова негова држава колку што е и твоја. :oops:

Прашај дали по Балтикот е така , можеш и 1% од населението да си , ако имаш грб позади тебе тие 99% можат да цвичат. Пример како 300,000 Енглези ја држеа 300 милионска Индија.
 
V

Vollstandig

Гостин
Нормално е да не знаат македонците албански, да живеат албанија, сигурно би знаеле,официјалниот јазик сите го знаат...

Une...nuk e di shqip,me vjen keq.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Да бидиме реални..јазици е убаво да се знаат какви и да биле ..но кај анс е друга проблематика..ако на пример јас морам да го научам албанскиот јазик за да можам да работам во косово или албанија тогаш ќе го направам тоа..за тетово и гостивар нема потреба бидејќи македонскиот е прв официален јазик и морално е да го знаат приватните и државните сектори во таа област...ама во Македонија факт е дека албанците имаат повеќе права од самите македонци што е трагикомично и смешно и ако се убие или претепа некој македонец никому ништо а ако е случај за Албанец тогаш сите се на нозе и почнуваат да реагираат Дуи ,Муи Разбудисе,Косово Албанија,Обединетите нации ....
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Туку овие го испуштиле бугарскиот во анкетава, слабо го владееме тој јазик, или го сметаат за дијалект на македонскиот па затоа не е спомнат :unsure:
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Нема ништо лошо во тоа да знаеш повеке јазици еве богатство плус е да го знам и албанскиот, незнаеш кога како и колку ке ти затреба , тоа ти е инвестиција во себе која благодети се големи. Но конкретно за Македонија се знае кој е официјален јазик а останатите јазици да се учат по своја воља .... се разбира доколку сакаме
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
О Геџо, што пишиш? Ме изнасмеа со тоа колку збунки имаш во муабетот.:icon_lol: Туку, се` е до тоа кој како се однесува и дали знае кога како треба. Јас работам спроти тебе нали, па веројатно некогаш имаме контакт со исти луѓе, но мене никој не ми се обраќа на албански. Има ретки исклучоци што се прават нешто што не се, ама јас таквите ги игнорирам или комотно ги бркам надвор. Значи не е проблемот во сите нив. Имаш мангупи што си го бараат и нормални луѓе кои како муштерии, треба да ги прифатиме и да им возвратиме со однесување какво што заслужуваат. А и за мангупите има лек, само треба да го знаеш. Јас го знам и затоа немам мака како твојата.:)
Иначе, секако дека Албанците кои живеат тука мора да го знаат Македонскиот јазик, а ние ако сакаме може да го научиме, но и не мораме. Пример јас воопшто не сакам да учам јазици и затоа нема никогаш да го научам. Единствен убав јазик покрај мојот ми е Англискиот и само него го знам. А него сум го научила слушајќи песни и гледајќи филмови. Затоа и го сакам всушност... за да можам да ја разбирам најраспространетата музика на светов. Значи ништо посебно не гледам во ова. Јазик како јазик. Сакаш го учиш, сакаш не го учиш. Не знам зошто многу општите и навлегувате во секакви заговори. Како да е најспорната работа, па ајде да и посветиме максимално внимание за да го направиме светов поубаво место за живеење. :facepalm:
Има златни деца а албанци се , има идиоти а македонци се ..... не судам каков е човек по националност имам другари албанци и од нив имам намучено албански а и сама ги знајш кој се кој :) . Ме нервира односот од некој коа ќе ми речат учи албански ќе ти треба .... а 2 секунди пред тоа ми вика дека не разбира македонски или дека не знае англиски. Не прам муабет за овие каубојциве од средно ова ми го рекле 40 годишни мажи а не дечишта.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.457
Поени од реакции
5.873
Не си ти до толку глуп да не разбираш што сака да каже другата страна.

Не е проблем воопшто да биде Албанскиот и втор официјален јазик во Македонија.

Проблемот е што секој таков чекор го барате и се обидувате да го направите во контекст на создавање Голема Албанија, а не на опстојување и одржување на МАКЕДОНИЈА, земјата во која сте родени и живеете.
До пред 10 години државата функсионираше без албанците , со 1,5% албанци во државните институции.

А сега со 18% албанци во државните институции , верувам повеќе придонесуваме за Македонија.

Но истовремено се бориме и за националниот опстанок ... етничкиот идентитет , јазик и култура.


Да бевте подруг народ, со поразлична ментална матрица ќе имаше и вистински соживот, а не вештачки кој се темели на нашето попуштање кон вашите нецивилизиранио барања.
Кога бевме мирни како крави за молзење , не да добиеме права , туку пендрек.

Само што станавме бунтовници , оп , еве ги правата.

Кај има поцивилизирано барање од тоа албанците да не бидат само 1,5% од вработените во државните институции (пониско од србите).
Но како се одговараше на ваквото барање ? Со смеење , со вицеви и заебанции , никој не ги фермаше пратениците албанци и нивните институционални барања.

Кога пукна првата пушка во Танушевци , велеа : Нема потреба од војна , овие работи се решаваат внатре во институциите на системот по мирен пат.
Ма немој да ме ј*беш бре !


Кога ќе сфатите што правите, касно ќе ви биде.
Жал ми е што не сваќаат , имавме војна , а сеуште се однесуваат како да се родени во 2005та , и како да не биле министри во 2001ва. Ништо ли не научија.
Ако на хартија се вели дека албанскиот е официален во општините каде ги има над 20% , онда зошто во пракса одбиваат да го применат.

Кога ќе се борите за МАкедонија како што се борат МАкедонците, тогаш ќе можете да имате се што сакате во оваа држава, и тоагаш ќе бидат во ред вашите барања.
Па заедно се бориме бе , немаме ние паралелни институции.

Се додека ве интересира Косово и Албанија, се додека имате злобни намери во позадина ќе го имате ова што го имате денес, а тоа е пред се гнасење од вашите перверзни идеали.
Намерата на албанците , не е македонците да ги тера да зборуваат албански , туку албанците да можат да зборуваат албански.

Се додека ја сметате Македонија како маќеа и мајка само на Македонците ќе имате се повеќе проблеми.
Македонија како територија , како 25 илјади км2 , е и наша мајка, многу убава земја ... Ако земјата во Полог дава помалку жито од таа во Пелагонија ... не е крива државата ... но крива е државата кога на тие од Пелагонија им гради систем за наводнување , а на тие од Полог не.

Мајката ни дала на сите еднакви можности , но маќеата не.


И дузина закони да с едонесат во ваша корист, нема да ја сменат гнасотијата која ја ширите, ниту пак ќе допринесат да имате поголема почит од Македонците.
Барем нека се донесат закони на хартија , а потоа ќе ни служат како докази дека Уставот и Законите не се почитуваат , има светски судии и полицајци кои ќе проценат како ќе се казнат непочитувачите.


Корегирајте ги вашите ставови.
Не се делете и покажете конечно цивилизациско однесување и ќе имате многу нешта во оваа држава.

А цивилизациско однесување е с еона што е различно од тоа што вие го практикувате.
Оваа ти е како Дедомразовска лага ... Бидете добри , ќе добиете се што посакувате.

Сеуште немам добиено тоа што сум посакувал и што си ми ветил пред 10 години ... , дека до 2004та се што сум посакал ќе добијам , само да бидам мирен и да го предам мачот.

Мислам дека многу ти е јасно каде е и што е проблемот, меѓутоа ти одговара да зборуваш во ваков контекст во кој настапуваш.
Проблемот е што ти не сваќаш дека Македонија е со широка децентрализација ... и дека на пример во Тетово македонците се малцинство ... и дека им треба бадинтеровиот принцип за да ги одбранат своите права.

16 општини се Држава во Држава , централната власт не може ни да закачи државно знаме ако не им дозволуваат овие од локалната власт.

Треба да сватиш дека НЕМА прв и втор официален јазик ... официален си е официален.

Ако македонецот има право во Тетово на албанецот да му рече дека не знае албански , и албанецот може да македонецот да му рече дека не знае македонски.

Затоа , во општините како Тетово.... и двете страни треба да го знаат јазикот на другиот.
--- надополнето: 21 март 2012 во 11:04 ---
Има златни деца а албанци се , има идиоти а македонци се ..... не судам каков е човек по националност имам другари албанци и од нив имам намучено албански а и сама ги знајш кој се кој :) . Ме нервира односот од некој коа ќе ми речат учи албански ќе ти треба .... а 2 секунди пред тоа ми вика дека не разбира македонски или дека не знае англиски. Не прам муабет за овие каубојциве од средно ова ми го рекле 40 годишни мажи а не дечишта.
Па ќе научиш , не може државата да те вработува тебе кој може да услужи само на еден официален јазик.

Ќе ме вработи мене , кој што можам да се разберам и со тие кои употребуваат македонски официјален јазик , и со тие со албански официјален јазик.
--- надополнето: 21 март 2012 во 11:23 ---
Епа тоа зборам и јас дека вие вршите албанизација а луѓе како најчевска на пример ве подржуваат во тој чин ... којшто е всушност ДИРЕКТНО непријателство врз нас Македонците жална работа навистина ... Албанците јасно кажуваат дека сакаат голема албанија а ние се правиме мутави и ве охрабруваме во тој чин
Не се албанизираш со учење на јазикот.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.669
Инаку македонскиот јазик на албанецот во Македонија не му е странски јазик, а албанскиот јазик на македонецот во Македонија му е странски јазик.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Дарданијо проблемот е што вие Македонија ја гледате како некоја фирма за вработување и услужување а ние ја гледаме како своја една и единствена татковина. И доста со тие приказни дека пред 10 години албанците биле угнетувани. Кого лажеш? Мали деца? Довербата ја урнавте целосно 2001 година и како што гледаш продолжувате се до денес кога е можеби најмала меѓусебната доверба, а што е најглупо младите генерации имаат најмалку доверба меѓу себе, чекај да пораснат за некоја година па овие тепачки низ Ск ќе бидат заебанции во однос на тоа што ќе се случува тогаш.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.457
Поени од реакции
5.873
Инаку македонскиот јазик на албанецот во Македонија не му е странски јазик, а албанскиот јазик на македонецот во Македонија му е странски јазик.
А 5500км2 каде албанскиот е официјален , се странска територија. Така испаѓа Ивицо.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.669
А 5500км2 каде албанскиот е официјален , се странска територија. Така испаѓа Ивицо.
Ивица.
Кажувам како што е, законски и официјално. Дека албанскиот јазик на македонците им е странски јазик, а македонскиот на албанците не им е.
Ако ти текнуа, коа те попишуваа те прашаа кои странски јазици ги знаеш?
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Охридскиот рамковен колку е придонес за албанците има големи дупки кои само им отвараат простор за меѓуетнички препуцавања и судири. Во места каде што малцинството е над 20% официјален јазик е јазикот на малцинството....... Која е логиката да живеам во своја земја да имам свој јазик кој се зборува тука и е официјален без разлика дали во општините со над 20% албански се зборува И албанскиот значи покрај македонскиот, а не пред македонскиот т.е не само албанскиот. Во тие делови има билингвалност, а не само албанско говорно подрачје да се разбереме. Таму може да стои албанско знаме ама ПОКРАЈ него и македонско мора да стои. Затоа не ги извртувајте работите. Јас лично знам албански го учам на приватен курс ама искрено не ми е потребен и неопходен туку поради размислувањата како ова кои само звучат добро но реалноста е поинаква.
Па ќе научиш , не може државата да те вработува тебе кој може да услужи само на еден официален јазик.

Ќе ме вработи мене , кој што можам да се разберам и со тие кои употребуваат македонски официјален јазик , и со тие со албански официјален јазик.
Ама проблемот е што колку добро јас да знам албански и македонски, ако има албанец кој делумно знае македонски и полошо отколку што јас знам албански пак ќе биде вработен пред мене(спротивно од потребата за квалитет, само за да се пополни некоја бројка). Тоа е Утката на договорот. И зошто некој би го учел?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
До пред 10 години државата функсионираше без албанците , со 1,5% албанци во државните институции.

А сега со 18% албанци во државните институции , верувам повеќе придонесуваме за Македонија.

Но истовремено се бориме и за националниот опстанок ... етничкиот идентитет , јазик и култура.




Кога бевме мирни како крави за молзење , не да добиеме права , туку пендрек.

Само што станавме бунтовници , оп , еве ги правата.

Кај има поцивилизирано барање од тоа албанците да не бидат само 1,5% од вработените во државните институции (пониско од србите).
Но како се одговараше на ваквото барање ? Со смеење , со вицеви и заебанции , никој не ги фермаше пратениците албанци и нивните институционални барања.

Кога пукна првата пушка во Танушевци , велеа : Нема потреба од војна , овие работи се решаваат внатре во институциите на системот по мирен пат.
Ма немој да ме ј*беш бре !




Жал ми е што не сваќаат , имавме војна , а сеуште се однесуваат како да се родени во 2005та , и како да не биле министри во 2001ва. Ништо ли не научија.
Ако на хартија се вели дека албанскиот е официален во општините каде ги има над 20% , онда зошто во пракса одбиваат да го применат.



Па заедно се бориме бе , немаме ние паралелни институции.



Намерата на албанците , не е македонците да ги тера да зборуваат албански , туку албанците да можат да зборуваат албански.



Македонија како територија , како 25 илјади км2 , е и наша мајка, многу убава земја ... Ако земјата во Полог дава помалку жито од таа во Пелагонија ... не е крива државата ... но крива е државата кога на тие од Пелагонија им гради систем за наводнување , а на тие од Полог не.

Мајката ни дала на сите еднакви можности , но маќеата не.




Барем нека се донесат закони на хартија , а потоа ќе ни служат како докази дека Уставот и Законите не се почитуваат , има светски судии и полицајци кои ќе проценат како ќе се казнат непочитувачите.




Оваа ти е како Дедомразовска лага ... Бидете добри , ќе добиете се што посакувате.

Сеуште немам добиено тоа што сум посакувал и што си ми ветил пред 10 години ... , дека до 2004та се што сум посакал ќе добијам , само да бидам мирен и да го предам мачот.



Проблемот е што ти не сваќаш дека Македонија е со широка децентрализација ... и дека на пример во Тетово македонците се малцинство ... и дека им треба бадинтеровиот принцип за да ги одбранат своите права.

16 општини се Држава во Држава , централната власт не може ни да закачи државно знаме ако не им дозволуваат овие од локалната власт.

Треба да сватиш дека НЕМА прв и втор официален јазик ... официален си е официален.

Ако македонецот има право во Тетово на албанецот да му рече дека не знае албански , и албанецот може да македонецот да му рече дека не знае македонски.

Затоа , во општините како Тетово.... и двете страни треба да го знаат јазикот на другиот.
--- надополнето: 21 март 2012 во 11:04 ---


Па ќе научиш , не може државата да те вработува тебе кој може да услужи само на еден официален јазик.

Ќе ме вработи мене , кој што можам да се разберам и со тие кои употребуваат македонски официјален јазик , и со тие со албански официјален јазик.
--- надополнето: 21 март 2012 во 11:23 ---


Не се албанизираш со учење на јазикот.
Се албанизира државата ако јазикот Албански е обавезен за учење ;) се албанизира државата ако славиме знаме на туѓа држава(нон сенс)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom