Сител телевизија

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Бидејќи овде нема специјална тема за Сител, се решив да отворам.

Пред се, бидејќи последниве месеци телевизијата ептен дига прашина, прво со Холограмот, после со Голите Вести, а сега и со најавата дека им ги презеле на А1 лиценците за Англиска Премиер Лига и реалното шоу Survivor, проекти кои беа едни од столбовите минатата сезона на А1, а за кои дале вкупно 900.000 евра!

Латас на последното гостување кај Јанко најави дека Сител правеле 2-3 големи студија кои ќе бидат опремени со најсовремени камери за снимање.

За другата сезона на Сител се најавуваат неколку нови, како и постари познати серии, од кои засега се познати Prison Break (?), Friday Night Lights, 30 Rock, Everybody Hates Chris, Blackadder...

Што мислите, дали телевизијата конечно ќе излезе на прав пат и ќе успее да ја кутне А1 од речиси десетгодишното прво место по гледаност на нашата територија?

Искрено, ако успеат конечно полека да ги исфрлат теленовелите од прајм-тајм, и дадат добра, но стварно добра програма, верувам дека ќе можат да сторат нешто.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Што да кажам.... најразочаран сум што премиер лигата ми иде од А1 на Сител...па видете после самите колку е добра телевизијата и луѓето во неа.... само нека се ОПОРАВАТ малку и да имаат СЛИКА за прв пут у животот .... и ќе биде супер ....
и само едно.... ПОВЕЌЕ утакмици да има од премиер лигата не ко од Шпанската по 1 до 2 утакмици од коло :toe::toe:
 
N

navivacka

Гостин
Што да кажам.... најразочаран сум што премиер лигата ми иде од А1 на Сител...па видете после самите колку е добра телевизијата и луѓето во неа.... само нека се ОПОРАВАТ малку и да имаат СЛИКА за прв пут у животот .... и ќе биде супер ....
и само едно.... ПОВЕЌЕ утакмици да има од премиер лигата не ко од Шпанската по 1 до 2 утакмици од коло :toe::toe:

Треба да се помириме со тоа дека нема да дават повеке натпревари како што сме навикнати...

Јас лично мислам дека рејтингот на гледаност на телевизија Сител ке се намали,затоа што се копират и никому нема да му биде интересно да гледа некоја серија која се повторува...исто така и некои серии од Пинк имат повторувано не само од А1...ако сакат да имат гледаност ке треба да смислат нешто друго,ново ...а и плус тоа коментаторите им се за никаде,па на вчерашниот дуел со Норвешка видовме како ке коментираат за време на Премиер лигата...Муте е единствениот спас:toe:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Порано беше подобра некако.. Сега како да и е сменет идентитетот.
Почна да зима работи од другите.Јас ретко глеам ТВ,а Сител па скоро ич не глеам,едноставно нема што да глеам таму на таа телевизија.
Мислам дека многу брзо ке доживее пад и тоа голем.Овие пари што ги имаат дадено сите знаеме од кај се и како се.. Тие пари наскоро ке ги снема а со тоа и ке паднат на квалитет.Не ми се верува како може они да ги вратат парите за англиско првенство ,тука мислам дека ке отидат у загуба али како и да е.
А какви па емисии има.. која од која позафркната.од Бумбар(со истите јавувачи),преку Лила со нејзинота 100 по ред емисија,од Пауни од оној апла украдениот квиз на тој Александар,комбинација од 2-3 најпопуларни квиза у светот :kesa:.
Преку Драган Вучич,па Кукни Совети па Пауни па незнам веке што..
Кој од кој.. и Тони со неговото шоу се исти к.... Беше добро али веке не е тоа тоа..
Според мое мислење нема да ја биде,иако ке почекаме времето да покаже.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Kako може да не ја биде, кога сега е втора по гледнаост со овие селски емисии , па камоли иднава сезона кога ќе има неколку големи проекти во свои раце.
Мое мислење е дека може да ја превземе гледаноста на А1 ако А1 не откупи имнтересни проекти следната сезона.
За идната сезона најавуваат ете и прајм тајм серии, но не очекувајте да ги снема теленовелите од нивната програма. Она што е сигурно е дека сигурни имаат откупено уште три теленовели за до ноември, за понатака ќе видиме.
 

Тошо Малерот

Фудбалер
Член од
12 април 2009
Мислења
79
Поени од реакции
3
Искрено, ако успеат конечно полека да ги исфрлат теленовелите од прајм-тајм, и дадат добра, но стварно добра програма, верувам дека ќе можат да сторат нешто.
Ех убаво го кажа ова. Има премногу серии за баби, кога ќе почнат да даваат убави филмчиња тогаш ќе бидат популарни за мене и ќе почнам да ги гледам :)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Со Prison Break, Black Adder и Премиер Лига загарантирано ќе бидат најгледани. Не ми доаѓа ништо подобро што нудат другите телевизии на памет. А се додека не ги укинат оние совети, пауни и најсељачката емисија евр мејд со драган вучиќ ќе важат за селска телевизија.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
најсељачката емисија евр мејд со драган вучиќ ќе важат за селска телевизија.
Многу тачно...многу пати сум бил у ситуација да ја тргнам од листата на програми на телевизорот, ама викам ај некогаш ќе даат нешто асално!?!....пристрасни вести, сељачки емисии (ала онаа у недела што е, што не знае шо да праи со себе, си игра водител), шпански серии, квизови со украден концепт (па ај што е концептот украден, него до задња лајсна ископирани сценографии...еееј толку идеја да се немало :zid:)...да се во информативната барем маалку пообјективни, може и ќе им опростам, ама претеруваат и безобразни се...
....е сега со премиер лига ми кршат филм ептен. Трпе мали е опасен антиталент, да не е стариот, не верувам дека би се занимавал со тоа во животот. Примера и така не е којзнае што (освен дерби утакмиците), па и можев некако да го истрпам и македонска репрезентација дека не се толку често утакмиците, ама со англиско, ќе биде лошоооо...:toe:
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Се согласувам, тоа емисиите им се крајно дебилни-која од која. Всушност, единствено нешто што гледам на Сител е Добра шанса, и тоа само зашто е квиз, а јас сите ги гледам хаха :) Не ми текнува кога последен пат сум се задржал на оваа телевизија за нешто друго.
Вестите ги модернизираа, пријатни се за очи, арно ама се пристрасни и не сакам да ги гледам. Ги вртат истите серии што одат на Пинк, ги накрцале сто, а од американските/британските едвај на прсти се бројат и тоа ни термин не можеш да им дознаеш. За фудбалот ми е сеедно, а и филмовите што ги даваат во последно време не се нешто интересни (не ми се гледа Доаѓа есен, Дуњо моја :pos2:или како и да се викаше тој еден српски филм што стопати го репризираа).
И да, ова секогаш го трубам кога зборувам за Сител. Ме боде во очи нивниот превод. Буквите не се исти по големина, често има србизми, за надредни знаци не слушнале и надводниците не им се правилни! И никако и никако да го сменат тоа фонтот гаден! Грр :))) Одбивам да гледам.:pos2:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Со Prison Break, Black Adder и Премиер Лига загарантирано ќе бидат најгледани. Не ми доаѓа ништо подобро што нудат другите телевизии на памет. А се додека не ги укинат оние совети, пауни и најсељачката емисија евр мејд со драган вучиќ ќе важат за селска телевизија.
Се согласувам со ова, само со една забелешка. Таа емисија Како беше текстот во Хрватска има огромен успех. Таму ја гледам редовно оти они стварно знаат да ја направат да биде забавна. А нашиве тука се тапа. Овие што идат не ни пеат туку само ја слушаат песната и на крај го кажуваат тоа што го мислат. А Сител само поради тоа што незнае да најде некое поголемо студио и незнае да ја направи емисијата да биде забавна никогаш нема да ја има таа гледаност како што ја има Нова на пример во Хрватска.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ме боде во очи нивниот превод. Буквите не се исти по големина, често има србизми, за надредни знаци не слушнале и надводниците не им се правилни! И никако и никако да го сменат тоа фонтот гаден!
Преведувачот сигурно не ги става, туку латас праи лекторски корекции :pos2:
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.384
Поени од реакции
21.930
Мислам дека кога ќе престанаат да даваат сериски филмови и на нимно место добри филмови е тогаш може да збориме ... А инаку додека ги има шпанските серии ништо нема да направаат..
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
kako bre samo so Prison Brake ostaj ti tamu serii so ke davale pocnaa da gi davat i heroi no kako nova samo pocetokot t.e 1sezona taka bese i so Jericho samo prvata sezona ja davaa i nisto... zatoa so edno cveke ne izeguva proletta....
 
Ј

јовица11

Гостин
Prison break претпоставувам ќе има многу мала гледаност, ништо повеќе од онаа на "Криминални умови" да речеме, од проста причина што народов е научен да следи само сапунски серии и вести на Сител, се што е прајм тајм (без разлика дали е серија или реално шоу) ќе има под/просечна гледаност. Најсвеж пример и Хрватскиот Идол, кој верувам дека ако се даваше на кабелската Нов@ ќе имаше поголем рејтинг, отколку на Сител. Телевизијата така го научила народот и така ќе биде, не е ни чудно што почнаа по цели денови да ставаат теленовели, па дури дел од нив ги ставија и во најударен термин. Чисто сумњам дека и Срвајвр ќе биде гледано од есен.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ако се сака се‘ може да се организира, сепак јас типувам да си останат со две новели на Сител, две новели на Сител 3, една во 9 сабајле друга во 7 вечер и другото ќе биде убаво распоредено со прајтајм(ови) а ако се добри прајтајм како на пример со Три Хил, која верувам има многу млади тинејџери кои ја гледаат, со исклучоци оние кои веќе ја гледале или пак пак си ја потсетуваат, сепак може да се направи добар програма ако се сака.

Prison Break повеќе ми е за на А1/Канал5 но ако ја откупат океј, 30 Рок исто така сакам да ја гледам, а и веќе долго време им ја формирам програмата и никако да испадне според моите очекувања. Така да сезоната 09/10 очекувам помалце или подобро испланирани термини за теленовели, повеќе време за прајтајм серии, да се исфрлат бедните квизови и да останат на само неколку добри и квалитетни ток шоуа (иако овде само Опуштено би го ставил :pos2:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom