Сител телевизија

Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
606
Па господа од :гомце: ТВ, како не ви е срам и понатаму да ја труете вашата доволно затруена програма со увозни емисии правени за некои други гледачи. Уште “Život priča“ фалеше да емитувате. Кога ќе почнете и нивната утриската програма да ни ја емитувате?
Едвај чекам да ја пуштите епизодата за еден французин опседнат со Косово. Нас Македонците тоа мнооооооооооогу не интересира!!!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
... не одобрувам на ТВ сериозен канал (доколку е) на најсериозниот дел ТВ Вести, да новинарката во својата презентација го повика вработениот, сигурно новинар, но не се обраќа така туку Александар? што ќе кажеш ти од каде се наоѓаш? а овој од таму, бал бла бла завршува и вика- ЦАЦИ? ... леле како да е кафански муабет, а не новинарска професионална работа за што овие највероватно завршуваат високо образование за новинарство (а не улично обраќање) па би требало и така да се однесуваат со респект со повикување како новинар, Г-дин, Г-ца , Г-ѓа , драг колега или се јавува новинарот Александар, а тој да каже толку Г-це Славице, колешке Славица...а не Цацииииии ! :facepalm:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.263
А кој рече дека кај нас постои сериозна телевизија ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
А кој рече дека кај нас постои сериозна телевизија ?
... тогаш нека се укинат Студиите по новинарство и Односи со јавност! (y)

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
...Сега, ја гледам на ТВ, како се размавкала со раката како да заменува семафор, а тоа нејзиниот т.е. новинарски коментар „на живо“ од Гостивар со грофтање, тешко дишење, вметнување на „ А““ во почеток и крајот на секој збор како да стенка при голема болка, го намалив гласот не можев да слушам такво смешно новинарско јавување на главни вести...а уште одозгора главниот спикер, благодарам Јасмина за изнесеното :facepalm: ... тоа не беше новинарско изнесено, тоа беше „копање на нива и крик од предолго работење под сонце“ :несвест:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.672
Поени од реакции
8.100
... не одобрувам на ТВ сериозен канал (доколку е) на најсериозниот дел ТВ Вести, да новинарката во својата презентација го повика вработениот, сигурно новинар, но не се обраќа така туку Александар? што ќе кажеш ти од каде се наоѓаш? а овој од таму, бал бла бла завршува и вика- ЦАЦИ? ... леле како да е кафански муабет, а не новинарска професионална работа за што овие највероватно завршуваат високо образование за новинарство (а не улично обраќање) па би требало и така да се однесуваат со респект со повикување како новинар, Г-дин, Г-ца , Г-ѓа , драг колега или се јавува новинарот Александар, а тој да каже толку Г-це Славице, колешке Славица...а не Цацииииии ! :facepalm:
Госпоѓице Славица, или колешке Славица е некако премногу официјално но би било добро најава почеток да кажат На линк/терен имам вклучување од колегата/колешката На крај "Ти благодарам Славица/Александар" кој и да е и толку а не да биде "Тоа беше колешката/ колегата Александар/Славица за состојбата со..." да ја повторуваат темава за што се зборело.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
Госпоѓице Славица, или колешке Славица е некако премногу официјално но би било добро најава почеток да кажат На линк/терен имам вклучување од колегата/колешката На крај "Ти благодарам Славица/Александар" кој и да е и толку а не да биде "Тоа беше колешката/ колегата Александар/Славица за состојбата со..." да ја повторуваат темава за што се зборело.
... ТИЕ СЕ НА РАБОТНО МЕСТО и треба да биде официјално, не се на пазар или во кафич па сега ајде Цаци продолжи во студио! ..нивното работно место е јавен медиум новинарско место, не е собиранка, а посебно кога се работа за Дневник каде се презентира сериозни работи од политика ,економија, трагични ситуации и несреќи, дури и бојата на гласот и брзината на говорење кога се кажува некој трагичен настан со смртни последици треба да биде поинаков за разлика од коментар за временска прогноза на пример,а не новинарот веселоста на гласот ја има исто и за презентирање на пример на некоја несреќа со жртви во светот споредбено со гласот кога информира за садење на цвеќиња на булевар! :facepalm:
п.с.
а тоа „а“ „а“ „а“пред секој збор со длабоко вдишување и задавување, мислиш душата им излегува, што го кажуваат како прваче кога ја рецитира својата прва песничка, а не новинар кој информира на ударен термин на ТВ... не ги бидува...и толку време и пак истото...нема кој да им каже, ниту пак истите да се потрудат да си ги видат репризите колку се гревчиња и смешни !:(
 
Член од
26 септември 2018
Мислења
33
Поени од реакции
4
Dali nekoj ima k-15 cd kaseta audio dvd nema vrska kavka sakam da kupam neka pise ako nekoj ima
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.672
Поени од реакции
8.100
Dali nekoj ima k-15 cd kaseta audio dvd nema vrska kavka sakam da kupam neka pise ako nekoj ima
Види порака ти пратив линк со сите песни. Оргинал касета, двд, аудио касета, цд со песните нема да најдеш освен да му пишеш лично на Бранко Огњановски (Миле Паника) ако има останато нешто да ти даде со посвета како најголем фан на К-15 :D

И би те замолил не пишувај во сите теми една иста работа. Нема потреба кога си има тема за К-15. Знам никој не ти пишал, сега пишуваш во повеќето теми само за да начекаш некој да ти пише ама најверојатно повеќето немаат од К-15 многу работи а и да имаат некој, денешно време ретко даваат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
... не знам дали имаат воопшто тие што ги реализираат Тв емисиите, посебно тие сериозните, меѓу кои и ТВ Дневник, знаат што им пишуваат на спикерите т.е. водителите??...конкретно го слушнав, сега, спикерот Валентин на ТВ Сител на вести како кажува
,,.... во клиниките во Скопје нема „тетанус“...,, :facepalm:
па и треба да нема тетанус, скраја, па ТЕТАНУС е акутна болест... а и низ Нет портали има такви грешки во изразување, нензаење нецензурирано, непоправено :несвест:
алоооо, треба да се каже нема серум против тетанус или нема антитетаничен имуноглобулин или нема антитетаничен серум или нема антитетанична вакцина (што не е исто со антитетаничен серум) или противтетанична вакцина, а не да се каже „НЕМА ТЕТАНУС“!
,,...Министерот Филипче призна нема тетанус..,, ПА БРАВО, И НЕ ТРЕБА ДА ИМА ТЕТАНУС, оти тоа е тешка болест со смртен исход ако не се третира веднаш со серум и вакцина, затоа сите клиники, болници во МКД мораат во секое време да располагаат со антитетанична терапија која се состои за еден пациент од една доза АНТИТЕТАНИЧЕН СЕРУМ и три дози во различни временско растојание АНТИТЕТАНИЧНИ ВАКЦИНИ !
( јас онака, колку да се знае) (y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.512
Поени од реакции
37.352
..новинарка, на главни вести дали спие со отворени очи, дали чита, а не знае што чита, дали дава информации „на живо“ научено напамет во моментот? ај еднаш да погреши, ама двапати едно подруго со гостин професор околу безбедност на нашите патишта?
видео на 0:28,,...се отвара прашањето колку Македонија има безбедни прашања ???
видео на 0:39 ,,..по ова трагична автобуска несреќа можеме да кажеме дека Македонија има безбедни прашања?..,,
... не знам дали е новинарка или само ентузијаст за информирање „на живо“ на ТВ Сител, ја следам подолго време, ама на жалост не ја бива! :toe:
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.683
Поени од реакции
42.268
Од кога не ги даваат Жикина Династија почнав на Класик Тв да ги гледам, не сфаќаат дека губат гледаност со тие ствари
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.179
Поени од реакции
16.311
преднмалку заврши, не го гледав од самиот почеток...Интереснои е дека НЕ МОЖЕ да се открие КОЈ ФИЛМ давала Телевизија, НЕМА ПРОГРАМА за Денес, а и во програмата за наредната недела НЕ СТОИ назив на филмот...
овој филм е даван на некоја наша ТВ и поодамна, предпоставувам дека е со БРУС ЛИ, а ова тајновитост МИ СМРДИ на некој матни работи со авторски права...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom