Систем на натпреварување и квалификување за олимписките игри (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Системот на натпреварување е ист како и на претходното првенство во Шпанија.
Вкупно 24 екипи се поделени во 4 групи.

Група А: Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил и Чиле
Група Б: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Австрија, Тунис и Иран
Група Ц: Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Исланд
Група Д: Данска, Полска, Русија, Аргентина, Саудиска Арабија и Германија.

Првите 4 екипи од секоја група одат во осминафинале.
Доколку повеќе екипи имаат исt број на бодови решава, ранкингот се прави мини табела за засегнатите тимови и се гледаат следниве критериуми. Доколку се израмнети во првиот критериум се оди на вториот, ако и во тоа се израмнети се оди на третиот итн.

1. Бројот на поени во меѓусебните дуели на инволвираните во мини табелата
2. Гол-разликата во меѓусебните дуели на инволвираните во мини табелата
3. Кој има постигнато највеќе погодоци во меѓусебните дуели на инволвираните во мини табелата
4. Вкупна гол разлика (вклучувајќи ги и мечевите со другите екипи од групата)
5. Кој има постигнато највеќе погодоци во сите мечеви во групата
6. Ждребка

Првите четири екипи одат во осминафинале каде што почнува нокаут-системот. Дрвото на натпреварување е следново:
Untitledwdsa.png

Екипите кои отпаѓаат во осминафинале се рангираат автоматски од 9 до 16 место според:
1. Бројот на поени освоени во групата
2. Гол-разликата во групата
3. Кој им дадено повеќе голови во групните мечеви
4. Доколку повеќе тимови ги задоволуваат првите три точки се гледа нивниот ранкинг во прелиминарната група (дали биле петти или шести)
5. Доколку екипите се израмнети по сите претходни точки се оди на ждребка

Екипите кои отпаѓаат во четврт-финале играат разигрување за пласман од 5-то до 8-мо место.

Екипите кои завршиле петти во прелиминарните групи играат за пласман од 17-то до 20-то место.
За 17-то место играат победниците од дуелите А5-Б5 и Ц5-Д5, додека за 19-то играат поразените од овие дуели.

Екипите кои завршиле шести во прелиминарните групи играат за пласман од 121-то до 24-то место.
За 21-то место играат победниците од дуелите А6-Б6 и Ц6-Д6, додека за 23-то играат поразените од овие дуели.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Ќе ја надополнам темата со тоа за кое што се зборува веќе подолго време, односно можноста за квалификување за Олимписките игри.
Од ова континентално првенство, шампионот ќе обезбеди директно учество на ОИ во Рио.
Пласираните од 2-7 место ќе обезбедат место на дополнителните квалификации.

1. Директен пласман на ОИ
2. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
3. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
4. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
5. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ
6. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ
7. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ

Значи со пласман од 2-7 место имаме загарантиран настап во квалификациите за ОИ. Доколку играме во полуфиналето и се пласираме од 2-4 место, ќе бидеме и домаќини на некоја од групите.

Доколку не успееме да се пласираме за квалификациите за ОИ преку ова СП, сепак сеуште ќе имаме шанса да го сториме тоа на наредното ЕП.
Од тоа ЕП, ќе добиеме уште две селекции кои ќе играат на турниров и една која ќе се пласира директно (освојувачот на ЕП 2016). Доколку ЕП 2016 го освои некоја екипа која веќе обезбедила пласман на квалификациите преку СП во Катар, тогаш место во квалификациите обебедува екипата која финиширала 8-ма на СП. Додуша ако и таа преку ЕП освоила пласман во квалификациите се оди едно место подоле се дури не се добие некоја екипа.
Другите две селекции кои од ЕП 2016 ќе се пласираат во квалификациите за ОИ се истотака оние најдобро пласирани селекции на ЕП 2016 кои сеуште немале обезбедено пласман на ОИ преку СП 2015 (нешто налик на нас на претходните ОИ)
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom