Сирење што нема вкус на сапун?

Член од
27 август 2016
Мислења
32
Поени од реакции
12
Здраво дечки, доаѓам од Холандија после 2 години од како не држеа затворени и барам асално овчо сирење. Пред да се иселам купував Лазарополе од Тинекс, али веќе го нема, па земав овчо Осоговско, Буџен Козјак, Кораб Трница, Здравје Радово и некое си генерично од Веро и сите имаат вкус на сапун.

Некој предлог од каде да најдам асално тазе мрсно, солено свежо овчо сирење?

Тука сум уште две недели, локацијата и цената не е важна, ви благодарам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.070
Што се мачиш, веројатно и тоа би ти имало вкус на сапун. Провери во Тинекс East Gate

1640714983945.png

1640715157780.png

1640715186572.png

1640715201823.png

итн, итн... Да не ставам слики, имаат бајаги избор на француски и холандски сирења
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Во 61 кафана во Влае. :)

За да купиш не знам ама последно јадев таму овчо сирење со вкус на сирење, мрсно, лудило убаво. Ако не најдеш, седни најади се и памети вкус. :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тоа купечко Лазарополе осеќам дека е далеку од тоа што треба и џабе го носи името.
Некое бачило види.

Во 61 кафана во Влае. :)

За да купиш не знам ама последно јадев таму овчо сирење со вкус на сирење, мрсно, лудило убаво. Ако не најдеш, седни најади се и памети вкус. :)
Тешко да продадат исто сирење. Таквите само за проба и вкусот долго се памети.

Имам роднина работи во Нецко и овчото сирење им е врв и побарал да купи од тој што носи во кафаната и не било исто.
Кога вработените не можат да земат канта со ист квалитет што останува за некој непознат гостин.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Здраво дечки, доаѓам од Холандија после 2 години од како не држеа затворени и барам асално овчо сирење. Пред да се иселам купував Лазарополе од Тинекс, али веќе го нема, па земав овчо Осоговско, Буџен Козјак, Кораб Трница, Здравје Радово и некое си генерично од Веро и сите имаат вкус на сапун.

Некој предлог од каде да најдам асално тазе мрсно, солено свежо овчо сирење?

Тука сум уште две недели, локацијата и цената не е важна, ви благодарам.
Лазарополе овчо има во Гиго ( Драчево), јас баш сега имам од малото пакување, не е како што беше во 1 кгр пакувањето. Ама можеш да си пробаш среќата! Кораб Трница последен пат беше катастрофа, Здравје имаа добро биено на времето, од Куманово, ама сега не сум купувал такво! Препорака не купувај жолто сирење, појма немаат Македонците што е жолто сирење!
П.С. Баш сега пробував ради тебе да видам на суво што ќе каже! Ако домашното е за 5 ова заслужува добри3+ накај 4!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.902
Поени од реакции
10.527
Здраво дечки, доаѓам од Холандија после 2 години од како не држеа затворени и барам асално овчо сирење. Пред да се иселам купував Лазарополе од Тинекс, али веќе го нема, па земав овчо Осоговско, Буџен Козјак, Кораб Трница, Здравје Радово и некое си генерично од Веро и сите имаат вкус на сапун.

Некој предлог од каде да најдам асално тазе мрсно, солено свежо овчо сирење?

Тука сум уште две недели, локацијата и цената не е важна, ви благодарам.
Беровско 400ден/кг во кантички од 5кг е пакувано сирењето ама морам да прашам дали имаат, пиши ми пп


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.305
Поени од реакции
7.285
Здраво дечки, доаѓам од Холандија после 2 години од како не држеа затворени и барам асално овчо сирење. Пред да се иселам купував Лазарополе од Тинекс, али веќе го нема, па земав овчо Осоговско, Буџен Козјак, Кораб Трница, Здравје Радово и некое си генерично од Веро и сите имаат вкус на сапун.

Некој предлог од каде да најдам асално тазе мрсно, солено свежо овчо сирење?

Тука сум уште две недели, локацијата и цената не е важна, ви благодарам.
Сирење се купува само од бачило 100% природно. Овие по продавниците се е мешано со палмитиново масло пошто е поефтино и затоа ти има вкус на сапун.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас би ти препорачал само од бачило.
Најубавото што сум го пробал е во бачилото спроти Баба и Деде во Галичник.
Алпина Берово имаш во продавниците за сирење и тоа е мрсно и многу убаво.

А ако сакаш од маркет убаво и мрсно сирење, земи си Галичник сирење (во кутија со расол се продава).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
да не имаш ти Ковид па ти е изгубен вкусот ? :cool:
патем, јас друго приметив, задниве години свежите краставици, кој попвеќе кој помалку имаат некој позадински вкус на рибино масло ?? Знам дека се праени некој ГМО ујдурми, но киселите краставички во теглите, посебно оние ситните НЕМААТ никаков друг привкус...
 

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Појди во с.Витолиште ( Мариово ) и распрашај таму кој продава сирење. Сите се домашни сирења и со добар квалитет. Можеш и на лице место да си пробаш.Цената мислам беше 280-300 денари од кг за овчо сирење.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.081
Поени од реакции
4.576
Здраво дечки, доаѓам од Холандија после 2 години од како не држеа затворени и барам асално овчо сирење. Пред да се иселам купував Лазарополе од Тинекс, али веќе го нема, па земав овчо Осоговско, Буџен Козјак, Кораб Трница, Здравје Радово и некое си генерично од Веро и сите имаат вкус на сапун.

Некој предлог од каде да најдам асално тазе мрсно, солено свежо овчо сирење?

Тука сум уште две недели, локацијата и цената не е важна, ви благодарам.
Оди на Зелен Пазар и пред оној дел кај што се тезгите бои за коса,футроли за мобилни,батерии и останато од тој тип има чешмичка за вода.До самата чешма има дужан само за млечни производи.Има 2 или 3 продавачки внатре кои си продаваат посебно.Ти ќе бараш од десната страна козјо сирење од Крушево. Пробај го или пак некои од останатите што се продаваат таму.Мислам дека ќе ти се допаднат бидејки и јас сум пицајзла за сирење и секакво не поминува кај мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom