Син кит во Скопје пред пола век

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Тоа како да беше вчера, а помина точно пола век.Сите патишта во Скопје,од сите маала водеа до тој Син кит и тоа не било каков туку Руски.До душа колку што ме држи сеќавањето и паметот тој и не беше Син туку сиво-кафен. Можеби затоа што не беше во море туку тука на суво.
Китот беше поставен во еден голем шатор на голема долга маса или покриена долен дел од некоја камионска приколка. На место точно пред платото на срушената (стара) железничка станица или сега пред музејот на град Скопје. Не беше тоа место случајно одбрано за престој на овој Син кит во понатамошниот текст Кафен кит.
Тука беше главниот влез на Скопје тие години после земјотресот во 1967 година, па и најголема фреквенција на народот а посебно и на сите што доаѓаа од внатрешноста оваа сензација да им е одма пред очи и да од нив се земе некој ЈУ-динар.
Кафениот кит беше донесен од некој Руси и рекламиран како 25 метри долг и 25 тони тежок, а имаше и некој такви обавестувања поставени пред големиот шатор.
Ние маалски деца скоски копиљи во тоа време веднаш разбравме за овој Кафен кит и трк таму да го видиме се разбира без динар во џеб. Првен ѕиркавме од каде што се влегуваше но не можеше многу да се види освен малку отворената голема уста на китот веројатно потпрана со некој стап.Потоа спремивме тактика која ја применувавме и во циркуските шатори на Адриа,двајца ќе го подигнеа платното од шаторот на сокриената страна а трет се буташе внатре.Така влегов и јас.Но некој ден кога ќе видевме сами татковци или си жени па се бутавме до нив како да сме нивни деца и така влегувавме а така влегувавме најчесто и на утакмиците на Вардар на стадионот.
Внатре малку темно од тој голем војнички шатор во каков бевме сместени и после земјотресот неколку месеци. Кафениот кит зинал и штом влезеш мислиш одма за назад,мислиш ќе те лапне.Се чудевме колкава уста а заби нема. Имаше и нешто во голема тегла во некоја течност дали беше срцето или око или ги имаше и двете баш се двоумам.
За да го разгледаш тој кит требаше цела обиколка на него во шаторот. На едно место беше кожата скината-исечена веројатно при ловот кога го убиле и таму се наѕираше салото-маста и кога ќе поминевме таму смрдеше-корнеше па тоа место го претрчувавме или ја затнувавме устата и носот со рака.
Детска работа секогаш кога ќе влезевме, ќе броиме за колку чекори ќе го обиколиме целиот кит,или некој броева пак од устата до опашот.
За ова секако пишувал тогашниот печат,ама ние деца скопски копиљи не читавме весници во тоа време,а веројатно имало и некоја слика таму од китот.
Не знам дали овие Руснациве го однеле и во други градови овој нивен улов.
Го виде ли некој од вас овој Син кит во Скопје.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Го виде ли некој од вас овој Син кит во Скопје.
Не верувам дека на форумов има некој друг што бил жив во тоа време. Јас скопски копиљ бев тек во 90-тите.
Инаку интересна приказна (y)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Се сеќавам, како во магла на китот. Да не го прочитав ова, немаше никогаш да ми текне. Појма немам дали беше син, само беше кит. Повеќе се сеќавам на модулот на Аполо што ни го донесоа директно од Месечината.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Анчо убиче те романтика мајке ми.:misticen:
нешто и ќе мора да ме убие,пред 100 тката да ја фанам а таман мислам да пишам некоја романтика од пред Ратот...во или од она српско па бугарско па пак српско и ...?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
нешто и ќе мора да ме убие,пред 100 тката да ја фанам а таман мислам да пишам некоја романтика од пред Ратот...во или од она српско па бугарско па пак српско и ...?
Поштувам, поштувам (y)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
Се сеќавам, како во магла на китот. Да не го прочитав ова, немаше никогаш да ми текне. Појма немам дали беше син, само беше кит. Повеќе се сеќавам на модулот на Аполо што ни го донесоа директно од Месечината.
Колку имам информации , како мечки по свет шетале 2-3 добро направени макети на капсулата.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.191
Поени од реакции
19.275
Баба ми' ми има раскажувано како донеле кит во Скопје пред педесет-шеестет години али неам сретнато никој друг кој потврдил за ваков настан и имам заборавено на тоа. Мило ми е што тој настан навистина се случил и има други кои се сеќаваат на тоа.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Баба ми' ми има раскажувано како донеле кит во Скопје пред педесет-шеестет години али неам сретнато никој друг кој потврдил за ваков настан и имам заборавено на тоа. Мило ми е што тој настан навистина се случил и има други кои се сеќаваат на тоа.
zatoa pak sum i jas tuka:anco::anco::anco::anco::anco::anco::anco:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom