Синус Пилонидалис | Sinus pilonidalis (внатрешни влакна)

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
C

cige

Гостин
Денес сватив колку бил во право министерот за здравство со неговиот предлог за плата по учинок на докторите!!!!!!!!!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Денес сватив колку бил во право министерот за здравство со неговиот предлог за плата по учинок на докторите!!!!!!!!!
Мене така на живо ме сечеше за да истече гноjот.. не сакам да го доживеам тоа повторно. Ко да штедат на анестезиjа..
 
C

cige

Гостин
Мене така на живо ме сечеше за да истече гноjот.. не сакам да го доживеам тоа повторно. Ко да штедат на анестезиjа..
Ко да сака да заштеди скапоцено време од животот. На брзина ќе те потсече и ајде пријатно. Не гледа дали убаво ја исчистил раната. Само ќе ти рече ако има нешто дојди другата недела на контрола.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Се оперирав од чудово пред 3-4 дена, ваљда помина добро, ќе видиме колку време ќе ми треба да зарасне раната. Е сега, имам едно прашање. Ќе си го прашам и докторот, ама си реков да прашам и тука да видам некој ако има искуство со ова да каже. :)

Тоа што сакам да прашам е: Колку време откако ќе зарасне раната ќе треба да се пазам и да избегнувам физички активности? Пошто во активностите на кои мислам има и вежби кои вклучуваат наведнување и ширење на нозете, работи кои моментално не смеам да ги правам. А тука се и стомачните, при чие изведување нели има директен притисок на местото каде што е раната.

После колку време би можел да правам такви физички активности? Имал некој искуство со ова?
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
295
Поени од реакции
158

јас правев пред 6 месеци во 8 септември кај др.драгиша галески конците ми ги вадеа после 15тина дена пошто кај мене беше по комплицирано барем кај мене имав поголем рез најверојатно барем месец дена да не се напрегаш ке треба ради раната да заздрави барем мене така ми рече

исто и со одстранување на влакната во тој дел каде е резот ке треба почесто депилирање на тој дел во наредните 6 месеци ради да не се повтори поткожно влакно
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Јас лани се оперирав од ова и заради "стручноста" на хирургот се опоравував скоро три месеци. Три месеци лежев во кревет. Три месеци не знаев што е тоа стол. Три месеци купатилото ми беше мојот мал личен пекол. Солуција за да не се повтори е трајна депилација. Јас одам на такви третмани со цел да си немам мака во иднина. Во зависност од регијата каде што се прави проблемот ако не средите со влакната, ќе се повторува. Ако заборавам да ги средам влакната месец до два почнува со мали процепи и фистулизирање. Мавање Veet крема и наредниот ден ништо. Уште неколку третмани и се надевам дека нема веќе толку да се замарам.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Некој да го опише ова какво е ? Како топче е позади кај процепот или? И кај кој доктор сте оделе?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.149
Некој да го опише ова какво е ? Како топче е позади кај процепот или? И кај кој доктор сте оделе?
Искрено да ти кажам не знам како изгледа зошто не можев да го видам. А се појавува над процепот 1-2 сантиметар. Како и да е ќе мораш да идеш на доктор оти или го имаш ова или хемороиди. И двете се лоши само што ова 90% се остранува со операција (интервенција), а хемороидите ќе ти дадат некои масти да го мачкаш местото за да ти поминат. Доколку имаш крв послем идење во тоалет тогаш имаш хемороиди зошто во некои случаји тече крв, а со Синус Пилонидалис ти тече гној. Сега не знам каква е процедурава со новиов систем во здраствово, но јас кога имав бев до матичен и без да ме прегледа оти ми беше срам ме прати на пластична во државна. Докторката што ми правеше операција се викаше Лилјана, презимето не и го памтам.
 
Па немам крв,али кога ќе пипнам кај процепот е како мрсно/влажно па тоа може да е гнојот.Тебе после операција колку време ти требаше за заздравување,гледам на секој различно е.Во понеделник ќе идам на лекар па ќе видиме што како :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Народно оваа болест ја викаат `циста` а нема врска со цистите.Во најтешки случаи како кај мене се јавува многу гној,каде ми имаат извадено количина од околу 3/4 од оние бубрежњаци(метални садови во амбуланите).сечен сум 5-6 пати ради чистење,а целосна операција се правев во воена болница-Ниш во 1991 година и тоа неуспешно.

Ме оперисаа пред да видат што ќе сечат,местото беше полно со гној,што во вакви случаеви прво се смирува со терапии.Ми извадија `месо` колку една поголема плескавица,а кожата ја сошија одозгора само на средината.Од горна и долна страна во должина по околу 2 см не ме сошија,ја оставија раната отворена-така требало.Ми ја испираа внатрешно раната 3 пати во денот со 3 вида течности и така 54 дена.После тоа направив една глупост во болницата(тоа можам да кажам само во хард кор хумор) и ме пуштија во касарна со отворена рана.Ми дадоа калиумхиперманганат (црвен прав) и да се пемивам секоја ден по неколку пати.Исто така ми рекоа да го бричам местото за да нема влакна.Тоа беше хорор бидејќи редовно се пресекував(пробај да се бричип сам одназад).Плус фактор беше што не бев во пансионите туку во шатори на терен бидејќи беше воено време(почна војната во Словенија и Хрватска).Раната ми заздрави после 2-3 месеци.Тоа празното место што се појави после вадењето на `месото` за чудо се пополни самото со ткиво.

После тоа имав уште неколку обновувања на гноењето,а ми се појавува стандардно околу месец Август.

Во болницата сретнав луѓе кои им обнувила оваа болест и после 20 години по операцијата.

Патем кон мене се однесуваа како со леш,и бидејќи незнаеја дека внатре има гној,ставија само локална анестезија,која нормално не реагира кога има гној.Ме болеше многу сечењето и нормално викав.Викнаа болничари и ме врзаа со јажина и ме покрија со чаршав,па викај колку сакаш.Хирургот беше специјализант,а него му сугерираше еден мајор(ММЕ).Слупав дека се караа оти ме отвориле ,а нетрбело во таква ситуација.

Кога дојде татко ми другата ден да ме види,човекот пребледе-цел кревет беше локва крв.

од толку мака што сум имал,сега не се осудувам да одам на операција,иако сум има во меѓувреме и други операции на мене
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.149
Па немам крв,али кога ќе пипнам кај процепот е како мрсно/влажно па тоа може да е гнојот.Тебе после операција колку време ти требаше за заздравување,гледам на секој различно е.Во понеделник ќе идам на лекар па ќе видиме што како :)
Една недела лежење само на стомак во болница. Кога ме пуштија дома почнав да одам ама 2 недели неможев да седам и да лежам на грб. Исто така во болница не смеев да јадам и кога ме пуштија само манџи јадев за да имам течна столица, зошто ако имаш тврда столица може да ти пукнат конците. Па заради тоа ослабев 15 кила. Конците ми ги извадиа послем еден месец од операцијата.
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Моја препорака е „Св. Наум Охридски“ - Градска во Скопје. Спинална + 10 дена лежење во болница, релативно голема подвижност за случај како мојот (чекав 6 месеци бидејќи немаше кога стварно - извадена ми беше цитирам „женска плетенка коса“ ). Најтрауматично беше враќањето на сетилата после анестезијата така да спинална не препорачувам, подобро општа и десетте дена време кое не поминуваше. Бројот на преврски, дренажата ( содржина и количина на дрен ) директно го условува времето на заздравување а е условено од вештината на докторот. Од хирургот сум задоволен, релативно мали болки и брзо зараснување. Можни се компликации како кревање температура, тешкотии при вршење нужда, лежење на грб.... Секој организам е индивидуален и различно ќе се избори со ваков зафат, меѓутоа истотака важно е и да не бидеш искасапен. :)
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Ќе одам да се оперирам во петок во Ремедика (го пофали докторот една колешка на мајка ми со исто такво искуство) , па ќе видиме што како.Ќе ми се здосади да немам физичка активност месец-два.Нека помине шо побрзо.Иначе операцијата колку минути трае ?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Едно прашање - од сабајле на ова место каде се појавуваат цистиве осетив болка на допир. А и сега кога се движам како да ме пече/боли. Немам топче, а и не сум толку влакнест таму. Овака на визуелен преглед се гледа како црвенило и разрането, а и кога се туширав ме пецкаше кога минуваа млазови вода на тој дел . Оваа недела бев бааги активен на точак во теретана пошто слабеам, па не знам дали ми е разрането од тоа или ова е почеток на пилоноидален проблем како на темава...

Пошто знам дека @Ilumious е по физичкиве активности може ќе даде мислење
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom