Синуси

Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
Каква операција синко...

Се продаваат едни ламби со незнам какви зраци, сеа некој ќе напише под мене претпоставувам, ако не, на доктор знаат... и со нив секој ден поминуваш еден краток период и помагаат.
Природен лек е чај од камилица (ако добро памтам), ама врел да испарува и тоа цело тенџере. Ставаш еден пешкир над глава и се обесуеш над тенџерето кое треба да испарува во твојот нос директно а ти да ја вдишуваш пареата. Ова ти е нешто како затворска казна ама помага.
И секако морската вода праи растур. Десет дена на море кај шо твоите синуси ќе бидат во директен допир со солена вода ќе те средат за од прилика пола година мука да немаш... :helou:
ахх тие ламбите се поштетни од синусите не дај боже може да се здобиеш со вистински проблеми со очите губење на видот и сл имам пробано со ламба самите доктори ми имаат кажано дека е штетно најдобро е со камилцата или со некој гел да пробате
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ми се смачи веќе!! Дали кога синусите ви се воспалени искашлувате нешто грозно,лепливо и жолто???? Премногу ме мачи ;( ..понекогаш ме гуши ми го отежнува дишењето :( многу се плашам,што би можело да биде тоа...Бев на доктор ,ми рекоа дека нема ништо страшно,но мене сепак не ми е сеедно.Моментално пробувам да ги лечам синусите со топла едра сол ..помага додека си на топло,но кога векје излезеш на ладно ништо не помага.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Што е синузитис?

Синузитис е инфекција или воспаление на мембраната од синусните шуплини. Тоа се празните простори во вашите образи и околу очите. Синусните инфекции често доаѓаат како последица на настинка и предизвикуваат болка и притисок во вашата глава и лицето.

Кои се причините за синузитис?

Синузитисот може да биде предизвикан од три нешта:

  • Вируси

  • Бактерии

  • Габи
Истите вируси кои ја предизвикуваат општата настинка се причина за повеќето случаи за синузитис.
Настинката никој не ја смета за сериозно заболување и затоа повеќето луѓе не и обрнуваат внимание. Но, помеѓу баналното течење нос и воспаление на синусите постои сосема тенка граница, бидејќи и лесната кивавица може да ги зафати синусите.
При воспаление доаѓа до отекување на слузокожата, отворите помеѓу шуплините се запушуваат и во синусите почнува да се собира слуз, која претставува погодно тло за размножување на бактерии. Така, во тие отвори започнува гнојно воспаление - синузитис. Обично баналната настинка преминува во акутен синузитис за 5-7 дена после почетокот на болеста.

Бактериските или габни инфекции можат да предизвикаат уште поголем оток и болка. Тие се со поголема веројатност да траат подолго време, да се влошат со тек на времето и да станат хронични.

Носните алергии или другите проблеми кои ги блокираат носните празнини и дозволуваат течностите да се затврднат во синусите можат да водат до синузитис.

Кои се симптомите?

Главните симптоми на синузитис се течење или затнат нос и болка и притисок во вашата глава (која се интензивира при промена на позицијата на главата) и лицето. Вие исто така можно е да имате жолт или зеленкаст секрет при течење од носот или надолу од задната страна на вашето грло (пост-носно лачење). Каде ќе ја почувствувате болката зависи од тоа кој синус е заболен.
Сличните симптоми на синузитис можат да вклучат:

  • Главоболка
  • Лош здив
  • Кашлица која предизвикува слуз
  • Треска
  • Намалено чувство на вкус или мирис.
Симптоми во зависност од местото на синузитис:

Фронтален синузитис предизвикува болка во челото, слепоочницата, помеѓу очите и образите. Понекогаш болката се интензивира и при движење на очите или силна светлина.

Ако се зафатени шуплините во горната вилица, под очите, станува збор за максиларен синузитис.

Неретко лекарите констатираат воспаление на мекото ткиво помеѓу очите и тоа е етмоидален синузитис кој предизвикува непријатност на лицето и силна главоболка која се зголемува кога ќе се затворат очите.

Ризикот за да една особа заболи од синузитис расте доколку постојат аномалии во носната шуплина: крива носна преграда, бенигни полипи или тесна синусна празнина.

Како се дијагностицира синузитисот?

Вашиот доктор може да ви каже дали имате синузитис со поставување прашања и секако рендгенска снимка од оболеното подрачје.
На снимките точно се гледа колку слузокожата е зафатена со воспалителниот процес.

Како се третира?

Многу е значајно пациентите да знаат дека лечењето на синузитис со разни билни средства , без антибиотици, претставува невозможна мисија.
Неопходно е да се користат капки кои служат за спречување на прекумерно лачење на секрет од нос, стегање на ситните крвни садови и смирување за отокот на слузокожата, како би се овозможило непречен проток на воздух и олеснето дишење на заболените.
Олеснување е доколку го испирате носот со антисептички раствор. Добро е да знаете дека овие капки (назални деконгестиви) не влијаат на болеста синузитис, туку само ги ублажуваат непријатните симптоми и овозможуваат олеснување при лечењето.
Внимавајте да не претерате со капките или спрејчињата за нос бидејќи може да ви се влоши состојбата. Некои препарати може да се користат најмногу 5 дена бидејќи после тој период се ствара навика, а потоа и кивавица предизвикана од лекови, која ни малку не е лесно да се излечи.
Кај доенчиња и мали деца примена на гореспоменатите капки/спрејчиња не е дозволена, затоа што може да има штетни последици. На нив најмногу би им помогнал физиолошки раствор или стерилизирана морска вода, како и капки од бел слез.
За да ги ублажите симптомите на синузитис, пожелно е да пиете и многу течности, да дишете топол, влажен воздух од туш со пареа, топла бања или пак да ставете топла облога (морска загреана сол, ставена во крпа) на лицето од 5 до 10 минути по сесија, неколку пати на ден.

Домашните третмани можат да помогнат да го отстранете слузот од синусите и да ги спречите посериозните бактериски и габични инфекции.

Бактериските инфекции можат да се третираат со антибиотици. Вие веројатно ќе се чувствувате подобро за неколку дена, но некои симптоми можат да траат и до неколку седмици. Можно е да ви е потребен лек за подолго време ако имате имате хроничен синузитис.

Ако имате габична инфекција- што не е секојдевна- антибиотиците нема да го расчистат синузитисот. Со овој тип на инфекција ќе ви е потребен третман со антигабични лекови, стероид лекови или операција.

Синузитисот може да биде акутен (ненадеен) или хроничен (долготраен). Ако симптомите траат подолго од три недели, тој е хронично воспаление. Причината е обично бактериска инфекција (пнеумокока или стрептокока бактерија) или пак габична инфекција. Хроничен синузитис се случува кога несоодветно е третирани акутниот синузитис. Тоа е многу посериозно воспаленио отколку акутниот синузитис, а предизвикано е од бактерии кои имунолошкиот систем не е во можност да ги совлада. Треба да се нагласи дека причината може да бидат и алергии.

Компликации
'рчење, крварење од нос, проблеми со видот, хронична главоболка или мигрена, неможност за физичка активност поради потешкотии при дишењето.


АКУТЕН СИНУЗИТИС (акутно воспаление на синусите)


Постојат 4 сетови на т.н.параназални синуси и тоа :

- два фронтални (челни) синуси, сместени во челото, над очите
- два максиларни (вилични), се наоѓаат во горната вилица
- етмоидален синус, изграден од 18 до 22 ситни шуплини, се наоѓа зад носот
- сфеноидален синус, лоциран зад носот и под мозокот.

Синусите се како отпечатоците од прстите, кај секој човек се различни. Во внатрешноста на синусите, поточно во нивната слузница се наоѓаат трепки (цилии) кои помагаат во движењето на мукусот (секрет), кој се создава во нив, кон излез, односно кон носот. Сите синуси се поврзани со носот и меѓусебно вршат размена на воздух и мукус. Разни причинители на инфекции и алергии можат да доведат до промени на нивната слузница придружено со оток и црвенило (воспаление) или скратено, состојба на акутен синузитис. Најчест е максиларен синузитис. Доколку состојбата трае подолго од 12 недели со почести епизоди на појава, се нарекува хроничен синузитис.

Значајна улога во механизмот за појава на оваа состојба има слузницата на носот. Во услови на почетна настинка, алергија, нагли промени во притисокот на воздухот (летање со авион, нуркање и сл.) или друг иританс, слузницата реагира со постепено задебелување и отекување. Овие промени доведуваат до опструкција (затнување) на комуникативните отвори на синусите со што се отежнува нормалната дренажа на мукусот. Во вака блокираните синуси се создава влажна средина која го потпомага одржувањето на воспалението водејќи кон создавање на густ, зелено-жолтеникав секрет кој ги влошува симптомите.

Меѓу најчестите симптоми се вбројуваат :

Отежнато носно дишење (затнат нос), болка во лицето односно осетливост и чувство на притисок околу очите, образите, челото и носот, слевање на зеленожолтеникав секрет низ носот и низ грлото, болка во забите (горна вилица), намален осет за мирис и вкус, кашлица со ноќно влошување.
Други придружни симптоми: болка во уво, главоболка (имитирање на мигренозна болка или почести утрински главоболки), болка во грло, лош здив, треска и малаксаност, болка при движење на очите и др.

Ризик фактори кои претходат на појава на ова заболување се од типот на септална девијација (искривена носна преграда), носни полипи (израстоци), тумори во носот, забни болести, алергија на поленов прав, болести како цистична фиброза, рефлуксна болест или ГЕРБ, намален имунитет и сл.

Компликации: тригерирање (поттикнување) на астма напад, хроничен синузитис, менингитис, проблеми со видот (алармантна состојба), ушна инфекција, нарушено чувство за мирис и вкус.

При преглед кај доктор треба да се наведат сите симптоми кои се искусиле, нивна прва појава, подобрување и влошување, неодамнешна настинка или друга респираторна инфекција, изложеност на иританси во водухот, навики како пушењето, користење на билни препарати, лекови за терапија, докажани алергии и др.

Дијагнозата се поставува врз база на физикален преглед, носно снимање (фибер ендоскопија), рентген снимање, магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, кожни тестови за исклучување или докажување на алергија, лабораториско испитување за откривање на причинител на инфекција (бактерија и сл.)

Во поголем број на случаи, причинител е вирус кој истовремено предизвикува обична настинка каде што не е потребна некоја специфична терапија.

Во олеснување на симптомите се препорачува користење на солени спрејови за апликација во носот, кортикостероиди за во нос кои го намалуваат воспалението (fluticasone, beclomethasone, budesonide, mometasone), деконгестиви (oxymetazoline, phenylephrine) кои се употребуваат само неколку дена, како и препарати кои ги олеснуваат болките (acetylsalicylic acid, paracetamol, ibuprofen и др.)

Антибиотиците се користат единствено при бактериски синузитис (amoxicilline, amoxicilline + clavulanic acid, azithromycin, cefuroxime, trimethoprim-sulfametoxazole и др.)Терапијата обично трае 7-12 дена, меѓутоа треба да се користи правилно до самиот крај и покрај подобрувањето.

Друго: лежење, мирување, пиење на доста течности кои ке го омекнат густиот секрет, правење на инхалации над пареа (нане, босилок, ментол), облоги со топла морска сол врз челото, зрачење со Солукс ламба (задолжително покривање на очите), спиење на повисока перница.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Lele i mene mi se smaci od niv....imam hipoplasticni frontalni sinusi...za doktor imam zakazano vo sreda a pred toa ako znae nekoj sto se toa neka kaze pls
 

son

Член од
11 јануари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ah tie sinusi. Cela godina se zaebavam so niv. Kapki, inekcii,antibiotici infuzii i sto uste ne. Na kraj mi rekoa operacija ama i toa ne bilo konecno resenie. Zdravje slednata zima moze pak da se vosplat. Iskreno veke nekolku dena posetuvam solena soba i moram da priznaam deka e mnogu podobro. Vi preporacuvam da probate pomaga.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Знам еден колега што имаше проблеми со синусите порано, сега вели дека нема ништо.
Сум чул дека и на други луѓе им помогнало.
Значи терапијата (ако може така да кажам) е следна:
Се прави една платнена торбичка, големина колку стисок од рака (да може комотно да стои на челото или на лицето).
Се грее едра сол (значи не ситна, едра), на колку што е можно повисок температура, т.е индивидуално секој колку што може да издржи, а да не се изгори.
Се става солта во вреќичката и се става на лицето или челото во зависност каде се синусите и се чува се додека е топло.
Многу е битно оваа терапија да се повторува колку што е можно почесто, најмалку неколку месеци, и во периодите кога се практикува никако да не се излегува надвор на ладно.
Кој може и сака да проба, нема што да загуби. Само ќе повторам што е можно почесто да се практикува истото и да не се излегува надвор после греењето со солта.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
И ја иам проблем со синусиве...4 години иам проблем со нив...ако знае некој повеќе за трајно решение од нив нека пише..сум пиел све и свашта,инекции,капки,лампи,сега сакам да одам у солена соба,али мислам дека нема ни тоа трајно да ми ги острани...читам за операција некаква,ако некој има по искусен,нека пише како-што-каде-колку би му бил благодарен :cuc:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Значи вака,подолго време се мучам со синусиве,све сум пробал,инекции,капки,све све,освен операција...ако знае некој повеќе за операцијата нека ми пише...фала.:cuc:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
мислам дека имаше за синуси тема таму имаш се опишано и имаше за можноста за операција дискутирано. Е сега дали постои уште таа тема незнам, нека те насочат модераторите
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Синуси операција не се прави или е крајно штетна јас имав сличен проблем го решив со операција на крајници и тој трет крајник што е во случај да го блокира носниов канал барем ова вака беше кај мене а за првото сум сигурен.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Значи вака,подолго време се мучам со синусиве,све сум пробал,инекции,капки,све све,освен операција...ако знае некој повеќе за операцијата нека ми пише...фала.:cuc:
Јас би те советувала да не правиш операција...Досега што имам прашано луѓе кои правеле, сите ми викаат дека не им помогнала операцијата туку напротив, дека имаат повеке болки.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Знаеме дека се мучиш кажува се :D

ont: пареата од топлата вода многу би ти помогнала ... а чекај челни или?
Се иам праено со пареа 1000пути,над очите највеќе ме боли,нон стоп затнат нос...сум идел и на лекар,и тоа по приватниве,демек подобри,ми ставале инекции,антибиотици најаки,ништо не помага...закажав денес за солена соба,утре идам,па ќе видиме....скурчено ми е,долго време ме замараат
--- надополнето: Nov 8, 2011 6:47 PM ---
Јас би те советувала да не правиш операција...Досега што имам прашано луѓе кои правеле, сите ми викаат дека не им помогнала операцијата туку напротив, дека имаат повеке болки.
Секој различно кажува,незнаеш кого да послушаш..ради тоа ја отворив темава,да слушнам мислења.Фала ти :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Значи вака,подолго време се мучам со синусиве,све сум пробал,инекции,капки,све све,освен операција...ако знае некој повеќе за операцијата нека ми пише...фала.:cuc:
Чекај друже полека, операција на синуси е КРАЈ, едино ако пред тоа ништо не ти помага и освен тоа опериран синус никогаш не се враќа НАЗАД.

Прво, како се храниш? Јадеш ли многу млечни производи и скроб? Јадеш ли многу слатки храни?

Пиеш ли многу газирани сокови и дали јадеш буреци и фаст фуд?

Колку често се разболуваш во годината, колку време ти траат инфекциите и настинките и во каква форма си генерално (синусите на страна).

Што мерки си превзел досега за синусите и кои симптоми ги имаш?

Напиши нешто повеќе околу ова за да можеме евентуално да ти помогнеме со совет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom