Јас во Сингапур сум бил 2 пати до сега, последен пат пред 4,5 години. И двата пати летав преку Софија до Бангкок, па ос Бангкок со друг лет за Сингапур. Летав првиот пат со некоја азиска компанија на чие име не се сеќавам, вториот пат со KLM. Не с сеќавам точно ни на цената на авионскиот билет, но мислам дека беше околу 980 US$ во две насоки со фиксна дата. Хотелите низ Сингапур се како и на секаде во светот, главно за 100-120 $ можеш да добиеш пристојно сместување со поајдок. Такси сервисот функционира беспрекорно на територијата на цел Сингапур и не е многу скап. Првиот пат кога бев со другар ми, изнајмивме ауто зашто мислебме дека не ќе можеме да стасаме да ја завршиме зелата работа на време, но испадна дека поевтино е со такси зашто паркирањето низ Сингапур е изгор скапо
. Ако решиш да купуваш било каква техничка стока и тоа го правиш во продавници или шопинг центри кои го носат логото со нацртана глава од лав во профилот(знак за припадност на унијата на трговци во Сингапур), тогаш купуваш стока која е со загарантиран квалитет и автентичност, но цената и е висока речиси како и во било кој дел од Европа. Не ти советувам купување кај уличните трговци бидејки можеш да настрадаш лесно со лош квалитет и фалсификати. Постојат дуќани низ Сингапур каде можеш да ги најдеш последните модели од сите можни производи и тоа по речиси 30-40% пониски цени одколку на пример во Германија, само треба да прошеташ и побараш.
-
Внимавај, Малезија има монсунска клима, обиди се да ја избегнеш сезоната на монсуните зашто тоа е преку лето кога има ептен високи температури а од дождовите воздухот е ужасно влажен и не се дише, јас у несвест ќе паѓав
.
-
Внимавај, водата од водоводната мрежа не е за пиење!
-
Внимавај да не ти се случи да фрлиш било каков отпадок на улица, казната е околу 140$
-
Внимавај и со храната доколку не сакаш експериментирање со кинеско-индиска кујна, мој совет ти е да си јадеш европска континентална храна.