Симптоми за срцев напад

CrazYMinD

Искусен Кајганџија
Член од
9 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
0
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Може да е и од анксиозност.Сепак оди на доктор.
 

CrazYMinD

Искусен Кајганџија
Член од
9 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
0
Благодарам на одговорот ќе отидам деновиве на доктор па ке пишам шо како.Позз
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Пушач ли си????
Некогаш од пушењето на периоди( може и со недели) да боли таму на истото место исто како стегање на срцевио мускул,многу грозно чувство.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Пробај воведи малку физичка активност, 10 минутно пешачење не е на одмет.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Другар најдобро оди на доктор, нека те слушнат, сними срце, испитај крв, друго ќе ти кажат што треба да направиш. Срце не стега и не боли.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Болки ви стомакот, гадење, ладна пот, болки и стегање во градниот кош, трнење и болки во мускулите на раката, болки во грбот, вратот...
Оди на лекар, нека ти направат едно ехо, таму најдобро ќе се покаже што е и како е.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Пробај воведи малку физичка активност, 10 минутно пешачење не е на одмет.
Jep,тоа прво ке ти го кажат а и нема да згрешат....малку повеке физичка активност и ке се среди ако е до тоа.Сепак не сум доктор има луге што учеле за тоа..Иди си прашај си,ама не се плаши веројатно не е ништо страшно веројатно е резултат на модерното антисоцијално живеење пропратено со некој порок.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
И да не е ништо сериозно , сепак се работи за срцето и не е за занемарување .Овде никој не може да ти помогне затоа што и да има некој ист симптом , не можеш да споредуваш од причина што може да биде сосема различна дијагноза.Ти мораш што побргу да одиш на кардиолог и да направиш ЕКГ-електрокардиограм .

Инаку срцевиот удар се манифестира и со други симптоми.Покрај болката во левата страна на градниот кош , се јавува и болка која се шири во левата рака , вратот , долната вилица па и грбот. Непосредно пред нападот околу 15-30 минути , се јавува и слабост , малаксаност , препотување.

Ама поради тоа што веќе подолго време ја имаш само болката во градите , не верувам дека станува збор за срцев удар . Сигурно е некој мускул што го преоптоваруваш или поради неправилна положба на седење ( особено толку многу време пред компјутер ).

Оди на доктор и врати се со убави вести .
Поздрав.
 

CrazYMinD

Искусен Кајганџија
Член од
9 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
0
Да пушач сум ....Си претпоставував дека е од цигарите и ги намалив..значи пушам сеа од една до две цигари дневно и тргнав на бодибилдинг за да се раздвижам малку..ама сепак морам да отидам на лекар да проверам крв, маснотии ,притисок бидеќи бараќи низ нетов налетав на такви ствари дека влијаеле во случајов како што сум јас..Благодарам за брзите одговори..Поздрав до сите
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам
И мене ми се случувало истово во последно време, али ете немам муда да отидам и да се проверам. И како помал ми се случуваше да ме стега срцето (неможеш да земеш водух, пошто те пецка...), а во последно време се зачестија ваквите ситуации :)
Порано имав шум на срцето, сега ми рекоа дека веќе немам. Не сум пушач, физички сум активен (не сум некој којзнае каков спортист, али за денешниов свет сум активен), но исто имам и проблем со пребрзо заморување, односно премала кондиција. Да потрчам малку и одма срцево ми лупа сто на саат, али инает сум и продолжувам и после осеќам како да ќе ми излезе, исто и при други вежби (кревање на вратило, стомачни и слично...).
Јбг тешко дека ќе соберам муда да идам да се проверам. Кога вадев крв пред две години, ми рекоа дека досега не виделе некој од Скопје да има волку квалитетна крв :)
 
G

galaxy

Гостин
На суспектен срцево болен да му препорачате физичка активност е како да му препишувате рецепт за смрт.
Не се правете доктори, а пријателе за тебе ти препорачувам да одиш на лекар и да престанеш со пушење. Не дозволувај прегледот да помине само со слушање со стетоскоп, барај ЕКГ. Се надевам дека е само болка од вкочанетост како што кажа.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
И мене ми се случувало истово во последно време, али ете немам муда да отидам и да се проверам. И како помал ми се случуваше да ме стега срцето (неможеш да земеш водух, пошто те пецка...), а во последно време се зачестија ваквите ситуации :)
Порано имав шум на срцето, сега ми рекоа дека веќе немам. Не сум пушач, физички сум активен (не сум некој којзнае каков спортист, али за денешниов свет сум активен), но исто имам и проблем со пребрзо заморување, односно премала кондиција. Да потрчам малку и одма срцево ми лупа сто на саат, али инает сум и продолжувам и после осеќам како да ќе ми излезе, исто и при други вежби (кревање на вратило, стомачни и слично...).
Јбг тешко дека ќе соберам муда да идам да се проверам. Кога вадев крв пред две години, ми рекоа дека досега не виделе некој од Скопје да има волку квалитетна крв :)
Истово ова ја го имам 6-7 години. Ради тоа и прекинав да се бавам со спорт активно.
Редовно идам и идев на контрола ( ЕКГ,ЕХО Холтер носев итн ) и ми имаат кажано дека имам блок на срце.
Праев стрес тест пред некој месец, успеав да го пројдам али одвај. По 12 минути одење на лента срцето ми лупаше 200.
Прво ми рекоа дека е ко демек од пубертетот,али како што минува времето очигледно е дека не е од тоа. Али не е нешто сериозно.
Тоа веројатно ако си имал у фамилија некој со срцеви проблеми па си наследил нешто. Пак ќе ти кажам не е ништо сериозно. :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ехееее не ништо уживајте и јас ми најдоа нешто на ЕКГ па еве скоро година и непто отидов на прегледи во Филип 2.Носев и холтери и џабе све,осеќам ја поразличен ритам на срцето но ми викаа не е ништо има големи шанси после пубертетот да се управи па ќе видиме.Само што ми забранија професионално бавење со спорт(бев веслач)а онака не под напори големи пак си тренирам.ОД спорт немаш зијан.
Инаку за симптоми како што кажавте омалаксаност,препотувања само што дрвењето не е на левата туку на десната рака.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам
Сум го осеќал тоа уште оддамна, моментално имам повеќе проблеми со срцето... забрана имам за секакви физички активности, пиење на енерџ дринкови, многу кофеин, алкохол и така натаму... а да напоменам претходно активен спротист бев некои 10-11 години...
Срцев удар не е сигурно, но оди провери се зашто може да се зачудиш што се може да ти пронајдат...јас одам на кардиологијата што е во центар, кај буњаковец не ми текнува точно името ...
Многу добар кадар има, и ќе те проверат точно преку тестови што ти е и да не ти е зголемено срцето или такви чуда...
поздрав ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom