- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.584
Многумина денес, посебно во Србија, веруваат во речиси митска моќ на руската армија. Посебно емотивни се реакциите за прелетите на руските бомбардери, за контрите кон Америка да постави заштитен штит во Европа, за зајакнатата активност во Чеченија, и слично.
Меѓутоа, руски и американски експерти донесуваат многу поразличен заклучок за состојбата на руската армија. А заклучокот е дека руската армија и воено-индустрискиот комплекс се во длабока криза, дека еланот во овој сектор како да не постои, дека расположливото оружје е застарено и инфериорно, дека индустриската база се распаѓа, и дека постои голема поделба меѓу цивилните и воените водачи.
Точно, Русија троши многу повеќе на одбрана последниве години. Оваа година, рускиот буџет ќе се зголеми за 20 (на $40 милијарди) иако аналитичарите очекуваат суштински да има поголемо зголемување.
Но, тоа не резултира во стратешка промена на руската позиција.
И покрај зголемувањата, руската армија ја доживува кулминацијата на кризата во која се наоѓа веќе 17 години.
Плановите да се прекине со масовна регрутација и да се прејде на доброволна, платеничка војска, се игнорирани до сега. Падот на наталитетот и високите плати во приватниот сектор прават една таква транзиција уште потешко да може да се оствари.
Но дека ќе има намалување на бројот на регрутирани војници е јасно. Покрај тоа, петтина од веќе постоечките платеници, се откажале од договорот да служат.
Но она што најмногу оди контра на перцепцијата е рускиот производствен сектор за оружје; тој е во уште поголема криза. Истиот тешко може да произведе оружје од врвен квалитет како за руската војска така и за странство. Заради ова, постои опасност да ги загуби веќе постоечките пазари во Индија.
Ќе биде интерсно да чуеме компетентни коментари за горниве проценки.