Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Мајстор на трилерите. Гледам дека е прилично популарен меѓу љубителите на книги на форумов, па ајде да продискутираме за него. Која негова книга најмногу ви се допаѓа? Која најмалку?
Мене ми е еден од омилените писатели, иако постојат моменти дури го читам кога се нервирам, бидејќи такви ликови за какви што тој пишува - не постојат. Најчесто главните ликови му се жени кои од сиромаштија и никакво детство ќе се издигнат до врвот на светот. Но, мислам дека во секоја книга ликовите се занимаваат со различни професии, тоа ми се допаѓа. Тука има докторки, архитектки, адвокатки, измамнички, новинарки, актерки, итн.
После неговата смрт, Тили Бегшо со дозвола од неговата фамилија, започнува да пишува продолженија на неговите романи. Имам читано едно од овие продолженија и е сосема просечно, далеку од она што Шелдон го може. Нормално.
Еве ви листа на романите од Сидни Шелдон:
Другата страна на полноќта
Многу ми се допадна. Иако на моменти неверојатна и нереална, испрепленети судбини на двете жени ми оставија голем впечаток. А крајот па...
Странец во огледалото
Оваа ми личи на Другата страна на полноќта. Исто така многу ми се допаѓа.
Крвна врска
Е оваа ми е омилена. Приказна за Елизабет која наследува огромно богатство и одеднаш некој почнува да се обидува да ја убие. Како и секогаш, убиецот е оној на кој најмалку се надеваш и очекуваш. Приказната на еден од можните убијци посебно ме погоди. Абе во трилер ако не најдеш љубовна приказна нема каде.
Бес на ангелите
Многу интересна книга ама некои од судските случаи беа смешни.
Господар(ка) на играта
Исто така омилена книга. Раскажува за неколкуте генерации на едно семејство кое од сиромаштија ќе стане едно од највлијателните на светов. Е книгата од Тили Бегшо која ја читав беше продолжеток на оваа и едноставно не ми се допаднаа премногу трагичните судбини кои им ги даде на ликовите и едноставниот крај.
Ако дојде утре
Уфф оваа е ептен интересна. На кому му се допаднала - британската серија Hustle е must.
Песоците на времето
Оваа на времето ми беше омилена од Шелдон, ама ја читав сега брзо и meh.
Сеќавања на полноќ
Продолжение на Другата страна на полноќта, ама мене првата многу повеќе ми се допадна.
Ѕвездите сјаат
Главниот лик Лара Камерон ми беше одбивна. Абе толку луѓево да се ненаситни. Наместо да го цени она што го постигнала во животот, неа ништо не ја задоволува.
Ништо не трае вечно
Нетипичен роман на Шелдон според мене. Не е некој трилер, појше на драма тепа. Приказна за три докторки.
Најдобрите планови
Meh. Ништо посебно и со дупки во приказната.
Кажи ми ги соништата
Оваа ме потсеќа на шпанската серија Љубовни врски со трите близначки кои ги глумеше една девојка . На почетоков книгава ме остави со отворена уста. Најголемото изненадување е веднаш на старт.
Небото паѓа
Хм и оваа ја читав брзо ама ич не ја памтам. Тоа ваљда кажува доволно.
Дали се плашиш од темнината?
Првата книга од Шелдон која јас ја имам читано, а уствари е неговата последна. Кога ја зедов од библиотека мислев дека има некаква врска со серијата, знаете која. На времето ме воодушеви, на сите им ја препорачував и ме навлече на овој писател. После неколку години ја препрочитав и не бев воодушевена. Добра забава и ништо повеќе.
Другите ги имам читано одамна и планирам да ги препрочитам наскоро. Тогаш ќе коментирам.

- Голото лице
- Другата страна на полноќта
- Странец во огледалото
- Крвна врска
- Бес на ангелите
- Господар(ка) на играта
- Ако дојде утре
- Ветерници на боговите
- Песоците на времето
- Сеќавања на полноќ
- Заверата на судниот ден
- Ѕвездите сјаат
- Ништо не трае вечно
- Утро, пладне и ноќ
- Најдобрите планови
- Кажи ми ги соништата
- Небото паѓа
- Дали се плашиш од темнината?