Сидни Шелдон

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мајстор на трилерите. Гледам дека е прилично популарен меѓу љубителите на книги на форумов, па ајде да продискутираме за него. Која негова книга најмногу ви се допаѓа? Која најмалку?

Мене ми е еден од омилените писатели, иако постојат моменти дури го читам кога се нервирам, бидејќи такви ликови за какви што тој пишува - не постојат. Најчесто главните ликови му се жени кои од сиромаштија и никакво детство ќе се издигнат до врвот на светот. Но, мислам дека во секоја книга ликовите се занимаваат со различни професии, тоа ми се допаѓа. Тука има докторки, архитектки, адвокатки, измамнички, новинарки, актерки, итн.

После неговата смрт, Тили Бегшо со дозвола од неговата фамилија, започнува да пишува продолженија на неговите романи. Имам читано едно од овие продолженија и е сосема просечно, далеку од она што Шелдон го може. Нормално.

Еве ви листа на романите од Сидни Шелдон:
  • Голото лице
  • Другата страна на полноќта
  • Странец во огледалото
  • Крвна врска
  • Бес на ангелите
  • Господар(ка) на играта
  • Ако дојде утре
  • Ветерници на боговите
  • Песоците на времето
  • Сеќавања на полноќ
  • Заверата на судниот ден
  • Ѕвездите сјаат
  • Ништо не трае вечно
  • Утро, пладне и ноќ
  • Најдобрите планови
  • Кажи ми ги соништата
  • Небото паѓа
  • Дали се плашиш од темнината?
И еве ги моите коментари за истите:

Другата страна на полноќта
Многу ми се допадна. Иако на моменти неверојатна и нереална, испрепленети судбини на двете жени ми оставија голем впечаток. А крајот па...

Странец во огледалото
Оваа ми личи на Другата страна на полноќта. Исто така многу ми се допаѓа.

Крвна врска
Е оваа ми е омилена. Приказна за Елизабет која наследува огромно богатство и одеднаш некој почнува да се обидува да ја убие. Како и секогаш, убиецот е оној на кој најмалку се надеваш и очекуваш. Приказната на еден од можните убијци посебно ме погоди. Абе во трилер ако не најдеш љубовна приказна нема каде.

Бес на ангелите
Многу интересна книга ама некои од судските случаи беа смешни.

Господар(ка) на играта
Исто така омилена книга. Раскажува за неколкуте генерации на едно семејство кое од сиромаштија ќе стане едно од највлијателните на светов. Е книгата од Тили Бегшо која ја читав беше продолжеток на оваа и едноставно не ми се допаднаа премногу трагичните судбини кои им ги даде на ликовите и едноставниот крај.

Ако дојде утре
Уфф оваа е ептен интересна. На кому му се допаднала - британската серија Hustle е must.

Песоците на времето
Оваа на времето ми беше омилена од Шелдон, ама ја читав сега брзо и meh.

Сеќавања на полноќ
Продолжение на Другата страна на полноќта, ама мене првата многу повеќе ми се допадна.

Ѕвездите сјаат
Главниот лик Лара Камерон ми беше одбивна. Абе толку луѓево да се ненаситни. Наместо да го цени она што го постигнала во животот, неа ништо не ја задоволува.

Ништо не трае вечно
Нетипичен роман на Шелдон според мене. Не е некој трилер, појше на драма тепа. Приказна за три докторки.

Најдобрите планови
Meh. Ништо посебно и со дупки во приказната.

Кажи ми ги соништата
Оваа ме потсеќа на шпанската серија Љубовни врски со трите близначки кои ги глумеше една девојка :). На почетоков книгава ме остави со отворена уста. Најголемото изненадување е веднаш на старт.

Небото паѓа
Хм и оваа ја читав брзо ама ич не ја памтам. Тоа ваљда кажува доволно.

Дали се плашиш од темнината?
Првата книга од Шелдон која јас ја имам читано, а уствари е неговата последна. Кога ја зедов од библиотека мислев дека има некаква врска со серијата, знаете која. На времето ме воодушеви, на сите им ја препорачував и ме навлече на овој писател. После неколку години ја препрочитав и не бев воодушевена. Добра забава и ништо повеќе.

Другите ги имам читано одамна и планирам да ги препрочитам наскоро. Тогаш ќе коментирам.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Го читав Шелдон одамна и во тоа време стварно уживав во неговите книги. Прва книга која ја прочитав од него и која ме навлече беше „Кажи ми ги соништата“ Се сеќавам дека бев мање-више шокирана кога ја завршив, што од содржината, што од стилот на пишување. Продолжив со уште неколку негови книги и мислев дека човекот нема утка. Се додека не ја најдов „Ништо не трае вечно“. Ме разочара празнината и отсуството на оној Шелдон трилер момент. Ја читав со сила, само ради фактот дека е негова книга и сто пати се покајав што ја почнав зашто ми го уништи добриот впечаток. Сеуште не се откажувам од неговите книги, ама сега го читам со мала резерва. :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Единствено прочитано Бесот на ангелите, за тогашниот копиљ што сум бил, добар (судски) трилер и емотивен крај.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Немам многу книги прочитано од Шелдон. Само три.
И тоа првата беше „Ништо не трае вечно“. Точно дека ја прочитав за неполни 24 часа, ама ми беше онака... Во моментот додека ја читам океј, а после сфаќам дека не е нешто посебно.
Втора ја земав „Се плашиш ли од темница?“ Е оваа книга воопшто не ми се допадна, настаните што се случуваат се претерано фантастични што дури ме нервираше тоа.
И тогаш си реков дека веќе не читам ништо од Шелдон па ме натераа да ја земам „Раскажи ми ги соништата“. Премногу ми се допадна, затоа што сакам книги со психолошка нишка. И затоа сега, како што мене ме тераа да ја прочитам, така и јас ја препорачувам на други.
Ама.... Сепак Шелдон не го сакам затоа што ни трилерите не ми се нешто омилен жанр и искрено во скоро време не ни планирам да земам да го читам пак.

И не знам за вас, можеби е до опкружувањето, ама на мене ми се случи двапати некој да земе да ми расправа за Сидни Шелдон во женски род.
Е тогаш сум им се смеела во фаца. Посилно беше од мене.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Од 2008 кога почнав поинтензивно да читам книги, првиот автор на кој веднаш подлегнав беше тој. Барав се повеќе книги, а како минуваше времето почнуваа да излегуваат и нови македонски преводи од истите. Сега ми се чини се издадени скоро сите книги, кои постари изданија кои понови. Ми фалат уште 3-4 книги кои не ми се прочитани. И да, има некои измени во преводите на насловите на книгите во поновите изданија, пр. Пеколни планови, Раскажи ми ги соништата, Се плашите ли од темница?.

Мене омилена ми е Странец во огледало, тука може да дојдат Гневот на ангелите, Крвна врска и Полноќни спомени. Песоците на времето е дефинитивно најлошата, ужасна книга.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Имам неколку книги прочитано до Шелдон, секогаш јаки пресврти има. :D
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Во моментов ја читам The sky is falling и сум многу разочарана. Да, трилер е и со интерес ја вртам секоја страница, ама начинот на кој е напишана воопшто не ми се допаѓа. Појше на сценарио за филм личи отколку на книга. Нема пасус подолг од 5-6 линии.
Не знам дали е до мене или до писателот, бидејќи знам пред некое време бев импресионирана од него.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Голото лице
Другата страна на полноќта
Странец во огледалото
Крвна врска
Господар(ка) на играта
Бес на ангелите
Ги имам прочитано засега овие.. Како си дојдоа по редослед хаха.. Ги читав инаку на српско-хрватски и сум доста задоволен од Сидни. Иако пред да почнам да го читам мислев дека е женско.. То е то.
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Ги има некој во електронска верзија или во која книжарница ги има? На купикнига.мк има само две.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ги има некој во електронска верзија или во која книжарница ги има? На купикнига.мк има само две.

Ги има сите, на англиски и на српски. На англиски можеш да ги најдеш на торенти.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Книгите што ги читав од Сидни повеќето беа на српски јазик а имам и неколку на македонски прочитано.Сидни ми е фаве бре и морам да кажам дека толку многу ги сакав книгите што на интеренет читав биографија и тогаш дознав дека станува збор за машко :oops: мислев женско е се.
 
Член од
19 април 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Мајстор на трилерите. Гледам дека е прилично популарен меѓу љубителите на книги на форумов, па ајде да продискутираме за него. Која негова книга најмногу ви се допаѓа? Која најмалку?

Мене ми е еден од омилените писатели, иако постојат моменти дури го читам кога се нервирам, бидејќи такви ликови за какви што тој пишува - не постојат. Најчесто главните ликови му се жени кои од сиромаштија и никакво детство ќе се издигнат до врвот на светот. Но, мислам дека во секоја книга ликовите се занимаваат со различни професии, тоа ми се допаѓа. Тука има докторки, архитектки, адвокатки, измамнички, новинарки, актерки, итн.

После неговата смрт, Тили Бегшо со дозвола од неговата фамилија, започнува да пишува продолженија на неговите романи. Имам читано едно од овие продолженија и е сосема просечно, далеку од она што Шелдон го може. Нормално.

Еве ви листа на романите од Сидни Шелдон:
  • Голото лице
  • Другата страна на полноќта
  • Странец во огледалото
  • Крвна врска
  • Бес на ангелите
  • Господар(ка) на играта
  • Ако дојде утре
  • Ветерници на боговите
  • Песоците на времето
  • Сеќавања на полноќ
  • Заверата на судниот ден
  • Ѕвездите сјаат
  • Ништо не трае вечно
  • Утро, пладне и ноќ
  • Најдобрите планови
  • Кажи ми ги соништата
  • Небото паѓа
  • Дали се плашиш од темнината?
И еве ги моите коментари за истите:

Другата страна на полноќта
Многу ми се допадна. Иако на моменти неверојатна и нереална, испрепленети судбини на двете жени ми оставија голем впечаток. А крајот па...

Странец во огледалото
Оваа ми личи на Другата страна на полноќта. Исто така многу ми се допаѓа.

Крвна врска
Е оваа ми е омилена. Приказна за Елизабет која наследува огромно богатство и одеднаш некој почнува да се обидува да ја убие. Како и секогаш, убиецот е оној на кој најмалку се надеваш и очекуваш. Приказната на еден од можните убијци посебно ме погоди. Абе во трилер ако не најдеш љубовна приказна нема каде.

Бес на ангелите
Многу интересна книга ама некои од судските случаи беа смешни.

Господар(ка) на играта
Исто така омилена книга. Раскажува за неколкуте генерации на едно семејство кое од сиромаштија ќе стане едно од највлијателните на светов. Е книгата од Тили Бегшо која ја читав беше продолжеток на оваа и едноставно не ми се допаднаа премногу трагичните судбини кои им ги даде на ликовите и едноставниот крај.

Ако дојде утре
Уфф оваа е ептен интересна. На кому му се допаднала - британската серија Hustle е must.

Песоците на времето
Оваа на времето ми беше омилена од Шелдон, ама ја читав сега брзо и meh.

Сеќавања на полноќ
Продолжение на Другата страна на полноќта, ама мене првата многу повеќе ми се допадна.

Ѕвездите сјаат
Главниот лик Лара Камерон ми беше одбивна. Абе толку луѓево да се ненаситни. Наместо да го цени она што го постигнала во животот, неа ништо не ја задоволува.

Ништо не трае вечно
Нетипичен роман на Шелдон според мене. Не е некој трилер, појше на драма тепа. Приказна за три докторки.

Најдобрите планови
Meh. Ништо посебно и со дупки во приказната.

Кажи ми ги соништата
Оваа ме потсеќа на шпанската серија Љубовни врски со трите близначки кои ги глумеше една девојка :). На почетоков книгава ме остави со отворена уста. Најголемото изненадување е веднаш на старт.

Небото паѓа
Хм и оваа ја читав брзо ама ич не ја памтам. Тоа ваљда кажува доволно.

Дали се плашиш од темнината?
Првата книга од Шелдон која јас ја имам читано, а уствари е неговата последна. Кога ја зедов од библиотека мислев дека има некаква врска со серијата, знаете која. На времето ме воодушеви, на сите им ја препорачував и ме навлече на овој писател. После неколку години ја препрочитав и не бев воодушевена. Добра забава и ништо повеќе.

Другите ги имам читано одамна и планирам да ги препрочитам наскоро. Тогаш ќе коментирам.
Дали се сите преведени на македонски?​
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Хахаха коментарот на Дали се плашите од темнината е скроз иста случка со мене.Имено и прва и последна книга од Сидни што ја имам прочитано,не дека лично се разочарав од него туку од очекувањата дека книгата е пишана по серијата која одамна ја немав гледано. Ја искрено трилери не читам,ама книгата ја прочитав во еден здив иако сфатив уште од првите неколку страни дека врска нема со серијата.Ми се допадна тогаш идејата со контролирање на времето и општо драмата во книгата ама наааах...ништо посебно.Како шо реков не сум љубител на трилери :)


П.С И јас мислев дека е женско :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom