Сивота

Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
Дали ќе може некој што бил веќе во Сивота, да сподели информации кои се најблиски и најубави плажи, каде да се шета навечер, дали има организирано крстарење до Крф итн ...
 
M

macgowan

Гостин
Од Сивота према Парга - Завиа, Мега Амос, Микри Амос, Драфи, Аја Параскеви, плажата под Пердика и Каравостаси. Измеѓу има понекое диво плажиче. Овие се според мене најдобрите плажи, на овој потег. Организирани се сите а посебно Мега и Микри Амос ако сакаш бар на плажа. Најубава ми се виде Каравостаси, барем така ми се погоди денот и имаше најмалку раја.

Јас бев сместен над плажата/заливчето Карвуно супер е местото и плажичето, измислено е за деца(мене ми е тоа најбитен момент) До неа блиску е и плажата Бела Врака која според мене освен за на разгледница сликана одозгора нема што да понуди. На плажите од другата страна Зери, Деи поминав само едно утро само да ги видам и не ги посетив потоа, стандардни плажичиња кои се поблиску до градот, ништо посебно. Има и една `градска`, не знам како се викаше ама не би одел таму.

Сивота е мирно место, има убава `рива`, кејот полн со кафичи и ресторани и паркирани едрилици. Има неколку маркети-локални и пекари со убави мастрафи.
За Крф не знам дали има крстарење од Сивота, не се заинтересирав, но би требало да има нешто. Има тури до островчињата од каршија каде има уште една плажа - Писина(демек базен) каде не бев минатата година но годинава ќе одам бидејќи си го носам чамецот. А има и да изнајмиш чамец на почетокот на кејот, Сивота е измислена за тоа поради островчињата кои се на кратко растојание а да не заминуваш далеку од брегот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.712
Поени од реакции
15.583
сум бил на Крф, 2013 во јуни, но не сум бил во Парга и другите места... нешто разговарав со еден од една ТА околу тоа каде има стршлени во Грција, тој ми кажа за едно место на јонско море, ( заборавив кое), дека има бајаги и тоа големи, а грците поставувале пластични шишиња со малку сок доле и ги ловеле на тој начин... има ли стршлени или тоа е некаде појужно ??
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.954
сум бил на Крф, 2013 во јуни, но не сум бил во Парга и другите места... нешто рден од една ТА околу тоа каде има стршлени во Грција, тој ми кажа за едно место на јонско море, ( заборавив кое), дека има бајаги и тоа големи, а грците поставувале пластични шишиња со малку сок доле и ги ловеле на тој начин... има ли стршлени или тоа е некаде појужно ??
Кај ти текна за стршлени да прашваш и за шо би ти користела таа информација жити се.
 
M

macgowan

Гостин
сум бил на Крф, 2013 во јуни, но не сум бил во Парга и другите места... нешто разговарав со еден од една ТА околу тоа каде има стршлени во Грција, тој ми кажа за едно место на јонско море, ( заборавив кое), дека има бајаги и тоа големи, а грците поставувале пластични шишиња со малку сок доле и ги ловеле на тој начин... има ли стршлени или тоа е некаде појужно ??
Нема врска. Јас не видов таква работа ни во Сивота ни во Парга. Тоа со шишињата го имам видено низ цела Грција од Крит до Скопелос па до Кефалонија. Таму каде ќе се појават оси, да не досаѓаат на гостите на плажа ставаат од нив за да ги `берат` осите. Имаше едни мали ситни комарци кои беа многу досадни, но таму каде што бев сместен во Сивота, а беше како џунгла од борови, друго место не ги осетив,
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Јака е понудата. Го знам и хотелот, го видов. Јас знам за уште појака. Вилите зад кои бев сместен на букинг ги даваа за 2000евра за 7 ноќи. за четворица, багатела.
Каков е патот од Парга до Сивота, оној што оди преку Пердика? И дали знаеш каков е патот што оди од Сивота до Игуменица, оној што е до морето, преку Платариа...

Сакам да одам на одмор во Лефкада крајот на август, а на враќање да поминам преку Парга и Сивота
 
M

macgowan

Гостин
Каков е патот од Парга до Сивота, оној што оди преку Пердика? И дали знаеш каков е патот што оди од Сивота до Игуменица, оној што е до морето, преку Платариа...

Сакам да одам на одмор во Лефкада крајот на август, а на враќање да поминам преку Парга и Сивота
Од Игуменица до Сивота е двосмерен, ок пат, со кривини, интересен за возење, не е досаден како автопатот:). Истото важи и до Пердика. До Парга не отидов преку Пердика ама претпоставувам е иста приказна.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Околу Сивота или околу Парга има поубави плажи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom