Од Сивота према Парга - Завиа, Мега Амос, Микри Амос, Драфи, Аја Параскеви, плажата под Пердика и Каравостаси. Измеѓу има понекое диво плажиче. Овие се според мене најдобрите плажи, на овој потег. Организирани се сите а посебно Мега и Микри Амос ако сакаш бар на плажа. Најубава ми се виде Каравостаси, барем така ми се погоди денот и имаше најмалку раја.
Јас бев сместен над плажата/заливчето Карвуно супер е местото и плажичето, измислено е за деца(мене ми е тоа најбитен момент) До неа блиску е и плажата Бела Врака која според мене освен за на разгледница сликана одозгора нема што да понуди. На плажите од другата страна Зери, Деи поминав само едно утро само да ги видам и не ги посетив потоа, стандардни плажичиња кои се поблиску до градот, ништо посебно. Има и една `градска`, не знам како се викаше ама не би одел таму.
Сивота е мирно место, има убава `рива`, кејот полн со кафичи и ресторани и паркирани едрилици. Има неколку маркети-локални и пекари со убави мастрафи.
За Крф не знам дали има крстарење од Сивота, не се заинтересирав, но би требало да има нешто. Има тури до островчињата од каршија каде има уште една плажа - Писина(демек базен) каде не бев минатата година но годинава ќе одам бидејќи си го носам чамецот. А има и да изнајмиш чамец на почетокот на кејот, Сивота е измислена за тоа поради островчињата кои се на кратко растојание а да не заминуваш далеку од брегот.