Сибирски Хаски (Siberian Husky)

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Се зачудив кога видов дека нема отворено ваква тема.:rolleyes: Многу луѓе во Македонија сакаат и чуваат Хаски. (особено во населбава во која што живеам, ако не личи на Хаска кучето, според нив тоа е џукела):tapp: Ама ај, не се разбира секој од кучешки раси. :свиркам:

Ај, да не должам веќе, ќе почнам со описот на Хаските:
(изгледот нема да го опишувам многу, се знае какви се хаските)

Стандарди: FCI група V (Шпицови и примитивни видови); Норидски кучиња и влекачи на санки
Класификација: работно куче; домашен миленик
Земја на потекло: Русија
Хипоалергично: Не
Животен век: 12-15 години
Темперамент: Тврдоглави, самостојни, паметни, внимателни
Тежина: 16-27 кг
Висина: 51-60 цм

Бои на крзно:

Црно-бела (со вообичаените шари):

Сиво-бела:

Црвено-бела:

Чисто бела:

Агути:

Самурово крзно:

Точкасто крзно:

„Темна фаца“:

Што имате да кажете за расава? Сте чувале некогаш? Искуства со оваа раса?
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
2.081
Се зачудив кога видов дека нема отворено ваква тема.:rolleyes: Многу луѓе во Македонија сакаат и чуваат Хаски. (особено во населбава во која што живеам, ако не личи на Хаска кучето, според нив тоа е џукела):tapp: Ама ај, не се разбира секој од кучешки раси. :свиркам:
......................
................

Што имате да кажете за расава? Сте чувале некогаш? Искуства со оваа раса?
Браво за темава (y) Јас имам старо 10 месеци. Има едно плаво око а другото кафеаво и многу е тврдоглаво.
До пред месец дена го хранев со дехидрант но почна да ја одбива таа храна и намали во килажа, па се префрлив на домашно готвена па ќе видиме како ќе биде. Бара секојдневно шетање, одлично се согласува со мали деца.
Не сум сигурен дали е чиста хаска (што не е ни толку важно), кога го зимав мајката ја видов но не го знам таткото.

aaaa.png IMAG0308.jpg IMAG0341.jpg

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Браво за темава (y) Јас имам старо 10 месеци. Има едно плаво око а другото кафеаво и многу е тврдоглаво.
До пред месец дена го хранев со дехидрант но почна да ја одбива таа храна и намали во килажа, па се префрлив на домашно готвена па ќе видиме како ќе биде. Бара секојдневно шетање, одлично се согласува со мали деца.
Не сум сигурен дали е чиста хаска (што не е ни толку важно), кога го зимав мајката ја видов но не го знам таткото.

Прегледај го приврзокот 100027 Прегледај го приврзокот 100028 Прегледај го приврзокот 100029

Да, ова ти е чиста хаска. (со агути шара, види погоре во сликите, најголемата слика) Многу е убав.:)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
дечки ај малку помош
имам хаска, стара е нешто над 4 месеци

кучето си е доста активно, да не кажам ХИПЕРАКТИВНО, нонстоп си трча по двор, еднаш дневно после работа ја шетам, али обожава да си трча и гриза се што стигне. сега приметив 2 заби нема, горни од тие 4 што се напред, дали природно и испаднале или некако ги скршила гризајќи.
Ако ги вади, значи тоа дека треба калциум да и давам во капсули ? или што препорачувате.
Инаку од сите кучиња досега што сум ги имал, Хаската има највеќе енергија за трчање
 
Да природно е да ги промени забите, за калциум јас на моето не му давав.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
дечки ај малку помош
имам хаска, стара е нешто над 4 месеци

кучето си е доста активно, да не кажам ХИПЕРАКТИВНО, нонстоп си трча по двор, еднаш дневно после работа ја шетам, али обожава да си трча и гриза се што стигне. сега приметив 2 заби нема, горни од тие 4 што се напред, дали природно и испаднале или некако ги скршила гризајќи.
Ако ги вади, значи тоа дека треба калциум да и давам во капсули ? или што препорачувате.
Инаку од сите кучиња досега што сум ги имал, Хаската има највеќе енергија за трчање
Давај му калциум. Едно парче 3 денари е. Два пати на ден (секој ден). Јас на мојава и' давам и забите и се супер, а и коските. (Штом кажуваш дека биле најенергични, не си чувал Ердел Териер) ;) :D
 
Член од
24 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
во блиско пет шоп се 8 денари и тоа вели по 3-4апчиња на ден ? Затоа прашав, ке видам во друг пет шоп
Иначе досега сум чувал ротфајлер, волчјак, кралски пекинезер, и териер(мелез) кој беше доста активен. али не како оваа.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
во блиско пет шоп се 8 денари и тоа вели по 3-4апчиња на ден ? Затоа прашав, ке видам во друг пет шоп
Иначе досега сум чувал ротфајлер, волчјак, кралски пекинезер, и териер(мелез) кој беше доста активен. али не како оваа.
Епа не знам, можда е до апчињата, можда до расара. Јас на мојава и' давам по 2 зошто ако прима премногу калциум ушите може да и' се исправат. А, за хаските, не знам, може би треба повеќе.

И, носи го по кучешки паркови, ако си од Скопјево. Најмногу ја троши енергијата така, а и се социјализира со различни кучиња.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
од куманово сум, нема посебни кучешки паркови, покрај кеј кај што ја шетам, има и други кучиња,
ке видам утре и почнам да и давам,
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
175
Поени од реакции
231
од куманово сум, нема посебни кучешки паркови, покрај кеј кај што ја шетам, има и други кучиња,
ке видам утре и почнам да и давам,
Јас би ти препорачала да и купиш коска од месарница(не пилешка) и да и ја дадеш да ја гризе така најбрзо ке го помине тој период кога и паѓаат забчињата и нема рацете да ти ги џвака(или останати глупости што ќе ги најде),мене ова ми го кажа човекот од кај што го купив кучето, иначе и јас имам куче што е навистина хајпер:vozbud: и гризе ко лудо ама на ова уште му растат забите :)
Се надевам дека ти помофнав малце
 
Член од
24 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
дечки хаската си напредува добро
еднаш дневно ја шетам со точак неколку километри(~5км)
имам мал проблем со инаетење и хигиена, на едно место во куќата (пред чергичето во вц) си врши нужда,
чергичето го переме и чистиме да не има мирис на нужда али безуспешно,
при шетање си врши редовно нужда али ова како инаењете, пробавме со карање (благо удирање со весник) неуспешно

и уште нешто, има некој друг кој ги шета хаските без поводник, а ја пуштиме ТРЧА шпринт, неможе да ја фатиш

п.с. во дворот и куќата си е пуштена, кога сака и кај сака си влегува, си ги отвара вратите без проблем.
 
Dr. Wish

Bastard.
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.333
Поени од реакции
2.775
Za kolku moze da se najde haska? Malecka okolu 1.5-2 meseci?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom