Се разоружавме, па пак ќе се вооружуваме

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Македонската армија ќе купува оклопни транспортери во вредност од 200 милиони евра. Станува забор за доопремување на Средниот пешадиски баталјон кој, според стандардите на НАТО, постојано треба да биде во борбена готовност и за активно учество во мировните мисии на Алијансата. Во Министретството за одбрана велат дека набавката ќе се врши во две фази. Комплетното доопремување на баталјонот во Бригада треба да заврши до 2014. Во првата фаза ќе бидат набавени околопните транспортери кои се услов за нормално функционирање на единицата. Македонија ќе купи вкупно околу 80 оклопни транспортери, од кои првите 40 ќе треба да пристигнат оваа 2009-тата.

Во Министерството за одбрана велат дека ќе бидат внимателни со набавката и ќе се водат пред се од квалитетот на борбените возила. Тим кој веќе е формиран во министерството ќе го проучува пазарот.
Иако засега во Министерството за одбрана велат дека проектот се уште е во подготвителна фаза, хрватскиот дневен весник слободна далмација, тврди дека набавката на околопните транспоретери ќе оди преку една хрватска компанија од Славонски Брод.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8DE260E89813B498F8BF75A9FA4296B

Нависнина много интересно,ке се дават толкова пари за армиja,па нема да идат за намалjaване на невработените например.След сите спорове и афери Хрватска пак има можност да учествува во доставката.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Македонските војници ке јаваат Букефали во војна






Македонија има шанса да произведува оклопен транспортер


Автор: Александар Божиновски
Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“ официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конкуренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.

Од канцеларијата на вицепремиерот Зоран Ставревски не добивме мислење за овој проект, додека Зоран Коњановски, министерот за одбрана, вели дека проектот се анализира.

- Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.

Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.

Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.

БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.

- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.

Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).

- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.

Покрај Македонија, според официјалните податоци од министерствата за одбрана на балканските земји, набавки на транспортери планираат и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија.




„Букефал“ рамо до рамо со најдобрите

Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конкуренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.

- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.

„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
bezbednosta na zemjata pokraj ostanatite raboti se garantira da gledas da imas i pogolem stap vo odnos na potencijalniot protivnik. e sega za pogolem stap tesko deka ke imame ali mora da imame po nekoja pracka.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Се добро само да не се замешани во целава работа Финците со Патриа а штом преку Хрватска ќе оди набавкава ништо чудно и Финците да се замешани,во Финска влади паѓаа поради договорите со Словенија и Хрватска.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
БТР го дискутиравме веќе мала е веројатноста.Што се однесува до ХРватска пишав и на таа темата кај БТР-от оти хрватска веќе се договори да набави Патриа а како дел од договорот е и таа да се склопува во Хрватска и таму да биде регионалниот центар за оддржување на овие возила со оглед на тоа што и Словенија ги набави истите а веројатно уште некоја од балканските земји ке го направи истото.Мислам дека постоеше договор АРМ и МО да ги набават транспортерите на основа на тестовите на Хрватска.Мислам дека Патриата е добар избор со оглед на тоа што веќе некое време се употребува во реални борбени услови и резултатите се добри.Дај боже да се набават секако многу подобро се чуствува војник во овакво возило отколку во Хамер.
 
N

n/a

Гостин
Ја поздравувам одлуката за модернизација на армијата.
Едноставно,нужна беше.
Се надевам дека ќе го најдат правиот модул како за извршувањето на плаќањето,така и за типот на во случајов оклопни транспортери.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Армијата ќе отвора пилотска академија



Министерството за одбрана планира да отвори академија за обука на пилоти, со што ќе се реши проблемот за постојано усовршување на армиските кадри. Според министерот Зоран Коњановски, станува збор за идеја за чија реализација ќе биде неопходно време и многу пари, но со тоа тој тврди дека ќе се решат голем број проблеми што тлееле досега во воздухопловството.

Размислуваме за отворање школа, академија за обука на пилоти во АРМ. Ако немаме сила сами да го направиме тоа, можно е да побараме странска помош во однос на обуката на кадрите“, вели министерот Коњановски, кој укажува на потребата итно да се преземат мерки и во однос на квалитетот и во квантитетот на пилотите во Армијата.

Станува збор за повеќегодишен проект кој е замислен да се реализира од страна на Министерството за одбрана. Надлежните сметаат дека отворањето ваква академија ќе биде многу поисплатливо и поевтино отколку македонските пилоти да се праќаат на најразлични обуки во странство за кои се обврзани да поседуваат соодветни сертификати.

Да се школува добар пилот се потребни многу години. Тоа е скап и напорен процес. Од стотина луѓе кои се јавуваат на обуките, само неколкумина се искалуваат во добри пилоти“, вели Коњановски.

Според правилата, секој пилот треба да оствари 150-170 часа лет во текот на годината. Ако се има предвид дека, на пример, во Чешка еден час лет чини од 7 до 8 илјади евра, претпоставките на надлежните се дека во Македонија би требале да се издвојат околу 3- 4 илјади евра за само еден лет на пилотите.

Станува збор за огромни средства, но каков министер ќе сум јас ако сум ги уочил проблемите и пропустите, а не сум презел ништо за да ги надминам“, објаснува Коњановски.

Проблемите со кои се соочува военото воздухопловство и, воопшто, Армијата, се најдоа во фокусот на вниманието, особено по хеликоптерската несреќа која се случи минатата година кај катлановско Блаце. При уривањето на армискиот „Ми-17“ на 12 јануари минатата година, загинаа 11 мировници кои се враќаа од шестмесечната мисија во АЛТЕА во Босна.

Токму несоодветната обука на екипажот, кој според Комисијата немал искуство за инструментално летање во услови на намалена видливост, се наведува како една од петте директни причини за несреќата. Комисијата, која изминатата година спроведе опсежна истрага за причините за падот на хеликоптерот, детектирала и низа други проблеми со модернизацијата на хеликоптерите, несоодветна обука на мировниците, потоа чести проблеми со набавките на резервни делови за леталата, немање соодветна фирма за нивно сервисирање и слично.

Според Коњановски, станува збор за нерешени проблеми кои подолго време постоеле во одбраната. Дел од тие проблеми, додава министерот, се резултат на тоа што не биле доволно наменски искористувани средствата што се издвојуваат од Буџетот за одбраната.

Дури 200 милиони евра за изминатите пет години не биле искористени, што влијаело на подобра борбена готовност на Армијата. Ако плански се користеле средствата, веројатно ќе била сосема поинаква ситуацијата“, тврди министерот.

Во контекст на ова, лани во Министерството за одбрана биле искористени дури 96 отсто од средствата наменети од Буџетот. За оваа година министерот се надева дека средствата ќе бидат сто проценти искористени, а ако бидат успешни, со ребалансот на Буџетот, ќе можат да добијат и дополнителни средства.

Плановите на сегашниот министер за одбрана се да се осмисли подобра распределба на средствата што ќе се користат за вистинската намена – за вложување во модернизација на хеликоптерите, обука на кадрите, набавка на резервни делови и пренамена на средствата за сите оние сегменти кои беа уочени како слабости во извештајот на државната Комисија за утврдување несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството. „Треба да се размислува и за соодветен сервисен центар, оти укажувањата на извештајот се дека токму во тој дел се направени голем број пропусти“, додава министерот.

Коњановски смета дека со извештајот не се урива угледот на Армијата, туку напротив. „Подобро е предвреме да ги откриеме недостатоците и пропустите отколку да ги прикриваме под праг. Имаме 100 проценти професионална армија. За квалитетите на АРМ и за нашите војници најдобро говорат пофалбите однадвор, каде што учествуваат во мировни мисии. Но, имаме и проблеми недостатоци за кои сме свесни“, вели Коњановски.

Тој е обврзан во наредните 15 дена да даде одговор и забелешка на извештајот за хеликоптерската несреќа, кој се подготвуваше речиси една година. Во него експертите изнесуваат 11 безбедносни препораки кои треба да се имплементираат од страна на Министерството за одбрана. Меѓу другото, Комисијата сугерира да се изготват сите подзаконски акти со кои се регулира безбедноста на летањето на воените летала, секоја идна модификација да биде реализирана по претходно добиена согласност од производителот, како и задолжително по секое дополнително вградување, измена на уреди, инструменти и делови од хеликоптерот, да се сертификува модифицираниот хеликоптер од страна на овластен сервисер. Министерот се надева дека овој извештај ќе помогне да се отстранат проблемите кои се детектирани во воздухопловството и да се избегнат вакви несреќи во иднина.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7898CA07382BC14783122FA625609B62




Ова ми се допаѓа,многу! :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom