Се во врска со гаранции и акредитиви

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Податоциве ми се од Стопанска Банка(по случаен избор ја одбрав)

Ај има некој стручен нека ги објасни ставкиве:

Провизии кога обезбедувањето е хипотека врз недвижен имот и залог врз подвижен имот

Платежна и Чинидбена гаранција
Квартално 1,2% од износот, мин. МКД 3.000 или Месечно 0,4% од износот, мин. МКД 1.000

Лицитациона гаранција:
Квартално 0,6% од износот, мин. МКД 1.500 или Месечно 0,2% од износот, мин. МКД 600

Што е тоа лицитациона гаранција?
Ме интересира што е финтава со провизииве, тие му доаѓаат како дополнителен кешфлоу за банката освен каматата која им ја плаќаш?
Нели е тоа многу?
На имот од 100 илјади евра на гладно срце они ти зимаат 4800 евра годишно?
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Ако разбереш што е како е (а најдобро е да прашаш во банка, не е срамота), пиши да се запознаеме и ние. Лично ме интересира, пошто нема од каде да се добие информација освен од тие што ги издаваат.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Податоциве ми се од Стопанска Банка(по случаен избор ја одбрав)

Ај има некој стручен нека ги објасни ставкиве:

Провизии кога обезбедувањето е хипотека врз недвижен имот и залог врз подвижен имот

Платежна и Чинидбена гаранција
Квартално 1,2% од износот, мин. МКД 3.000 или Месечно 0,4% од износот, мин. МКД 1.000

Лицитациона гаранција:
Квартално 0,6% од износот, мин. МКД 1.500 или Месечно 0,2% од износот, мин. МКД 600

Што е тоа лицитациона гаранција?
Ме интересира што е финтава со провизииве, тие му доаѓаат како дополнителен кешфлоу за банката освен каматата која им ја плаќаш?
Нели е тоа многу?
На имот од 100 илјади евра на гладно срце они ти зимаат 4800 евра годишно?
Момче што поточно те интересира.

Нема финта со провизиите. Како човек кој работи со овие работи у банка, ти кажувам дека со овој тип на иструменти се ќар само фирмите, бидејќи нема д аможат да остварат разно разни плаќања на стоки у странство.

Глупо ми е да објаснувам, а и немам време, што значи Акредитив, а што значи гаранција и уште повеќе типовите на гаранции и акредитиви, во зависност од обезбедувањата.

За тоа имаш книги и ќе си прочиташ дефиниции. Ако имаш конкретно прашање бујрум прашај ќедобиеш одговор.

Што ти е прашањето со имотот од 100 000 евр аи 4800 евра годишно???????
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Податоциве ми се од Стопанска Банка(по случаен избор ја одбрав)

Ај има некој стручен нека ги објасни ставкиве:

Провизии кога обезбедувањето е хипотека врз недвижен имот и залог врз подвижен имот

Платежна и Чинидбена гаранција
Квартално 1,2% од износот, мин. МКД 3.000 или Месечно 0,4% од износот, мин. МКД 1.000

Лицитациона гаранција:
Квартално 0,6% од износот, мин. МКД 1.500 или Месечно 0,2% од износот, мин. МКД 600

Што е тоа лицитациона гаранција?
Ме интересира што е финтава со провизииве, тие му доаѓаат како дополнителен кешфлоу за банката освен каматата која им ја плаќаш?
Нели е тоа многу?
На имот од 100 илјади евра на гладно срце они ти зимаат 4800 евра годишно?
Лицитациона прв пат сретнувам, но најверојатно е за учество на лицитација, сега што се гарантира точно не знам, но според тоа што го знам за платежните и чинидбените би требало да биде само за учество на лицитација, али тоа се дешава еднаш што бара тогаш месечно?...

Не им плаќаш камата бидејќи банката не ти ги дава парите при гаранцијата, туку и гарантира на другата страна доколку ти не платиш/извршиш според договорот, банката ќе ги подмири долговите твои, но потоа ти ќе си имаш работа со банката.
А провизијата е цена што ја плаќаш за тоа што некој гарантира за тебе.

Повеќето чинидбени гаранции, најчесто од тендерите се смешни, на сума од 500 денари а на банката и плаќаш 1200 денари :) (Тутунска е поевтино мислам, провери си)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Лицитација ти е еднаква на тендер, така... Тендерска гаранција :) Што сакав да кажам, и за гаранциите се плаќа камата, никој не ти гарантира за џабе. Само што зависно од износот на гаранцијата плаќањето на каматата може да биде еднократно (за помали износи) или па месечно, доколку гаранцијата е за поголем износ.
 
Добра логика батка :) Само што кај лицитацијата добива тој што ќе понуди највисока сума, кај тендерот имаш услови. Ако е изедначено значењето според мене е грешка :)

Иначе каматата се плаќа на позајмени пари, на услуга се наплаќа провизија. Во овој случај мислам дека станува збор за провизија, исто како што и пишува во текстот. Ти ја изедначи провизијата со каматата или не сум те разбрал?
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Лицитациона е тендерска гаранција.. Гаранција за учество на тендер. Платежна гаранција е гаранција дека ќе се изврши плаќање. Чинидбена или гаранција за добро извршување е гаранција дека врз основа на договор она што е наведено ќе се изврши под наведени услови.
За провизиите:
За гаранции не се плаќа камата, се плаќа провизија. Гаранциите се издаваат на одреден временски период, на 30 дена, 60 дена, една година итн. Во зависност од тоа се наплаќа провизија. Може да се избере месечна или квартална провизија. На пример издадена е платежна гаранција на 90 дена на износ од 100000 денари. Во тој случај ако провизијата е 1,2% квартално (како што е наведено погоре) ќе се плати провизија во износ од 1200 денари. Секако дека има минимален износ на провизија што треба да се плати без разлика на кој износ е гаранцијата.
Инаку и јас не го сфатив делот со 100000 евра и 4800 евра годишно!???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom