Сеќавања - топовите од Кале

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Се сеќава некој на ова
Позади орудија,спремни,полни...Пали
гласот на офицерот можеше да се чуе до железничка,а татнежот од палбата на топовите дури до Тасино чешмиче,Мичурин и Стара ложионица.
...и крцкаат и гредите и ќерамидите,и паѓа прашина од таванот и понекое парче малтер и дуњите од над креденецот се стркалале на патосот и по првиот плотун сите птици фатија уџум и маче и куче се скриле во ист некој сандак или жбун а јас ја стискам перницата вра глава и ги буткам нозете во оградата на железниот кревет и ги бројам пукањата и аман кога ќе завршат.
А утредента едвај ја чекав уште сабајле ги собирав во дворот и околу куќата под Кале,картонските чаури од гранатите и капислите и помеѓу тие баравме некоја неексплодирана иако немаше такви сите ги стававме во оган и пробувавме пак.
а прошлата вечер на вести пред секој празник-НАРЕЏУЈЕМ
поводом прзника републике углавном граду извршити паљбу из 24 оруѓа са 24 плотуна а у главним градовима република паљбу из 12 оруѓа са 12 плотуна
.......Маршал оружане снаге Југославије Тито.
Picture 1994.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom