Серии од нашите телевизии :)

А

Атлантист

Гостин


Ова беше SF, патници во различни светови слични на нашиот(паралелни унивезуми), го бараа нашиот свет, дома да се вратат. Па некаде ќе отидат каде нацистите победиле и владеат со светот, негде се уште заглавени во среден век.........
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
80-ти години, терминот за серија на РТС (не Радио телевизија Србије, туку Скопје), беше петок навечер.
На тие што тогаш растевме идоли ни беа Крокет и Табс, а сон ни беше да цепаме глисер по брановите или Ферари по огромните булевари на Мајами.


Од тоа време е и Crime Story, со Денис Фарина....нешто во Чикаго, 50-ти, 60-ти - многу добра серија.


У тоа време РТС беше дел од југословенската мрежа, па летно време ја делевме ноќната програма со другите централни телевизии од Југославија, а тоа значеше една или две серии и филм (евентуално и некоја музичка програма, не се сеќавам добро). РТСкопје многу не се прославуваше со програмата, а цареви по мене беа Хрватите, нивната беше Program +, па и сараевската Noc i dan, и тука ги гледавме Only fools and horses (кој не верувам дека има некој што не ги знае), Monty python серијата, Cozby show, Cheers (со оној што веројатно повеќе од вас го памтат по Бекер), после Black adder (со Rowan Atkinson) и многу, многу други. Летно време 90% од луѓево одеа на Јадран и во сеќавање ми е дека и таму оваа програма беше многу популарна.

Од тоа време ми се останати две детски серии што мислам дека се многу квалитетни:
http://www.imdb.com/title/tt0088586/ - најстарата Оливер Твист и
http://www.imdb.com/title/tt0093127/ - 4 деца наоѓаат кутија со пари (од некој грабеж)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Серијата над сериите:



Оваа серија го означи почетокот на шпанските сапуници кај нас. Кога Касандра и Ранду дојдоа во Битола, собраа појќе народ од СДСМ и ВМРО шо досега имат собрано на митинзи. На сликите може да се забележи и лицето С.М. такозвани Циле, мислам дека тогаш беше градоначалник и малку послаб од шо е сега :)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
The Untouchables со Роберт Стак, врвеше на Сител, во периодот пред Квантен Скок, Херкулес итн...

Оваа на А1, сум бил некаде 7/8мо одделение, колку џагара - багара сум правел на Лопилато и на онаа милфицата, како ли и беше името, ме мрзи да ја гуглам...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Les vacances de l'amour

Оваа често ја пуштаа во комбинација со Тропски горештини или откако ќе ги испукаа сите епизоди. Мислам дека на МРТ одеше. Француска серија за летните авантури на едно младо, симпатично друштво.

И уште на една ми текнува во моментов, исто француска за еден татко што имаше 5 ќерки па нешто сите со некои проблеми се соочуваaa. Се обраќаа кон камерата ко Спејси во House of Cards, само поглупо. :icon_lol: Не ми текнува на името.
Ех, ова беа летни хитови на МРТ на времето. Ја најдов пред некое време на Јутјуб серијата, ама некако многу епизоди ми има. На МРТ до втора сезона ако ја имаат давано, повеќе не верувам.

Ми текна и на Приказните од јужните мориња / Tales of the South Seas (199:cool:. Мислам австралиска беше и одеше на МРТ1.


Го даваа и Синбад. 100 пати подобра екипа од онаа глупост што ја направија пред неколку години. И ова одеше на МРТ1.


И Тинтин одеше на МТВ.


Авантурите на семејството Робинсон на МРТ1


На уште една ми текнува што одеше на МТВ1. Со една девојка што живееше на некој остров, па ќе најдеше некое семејство со брод во морето, океанот, ќе се спријателеше мислам со нив, па ќе нуркаа, ќе бараа нешто. Пред некоја година ја најдов серијава и мислам и некоја епизода изгледав, али сега не ми текнува како се вика.
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Плажата на залезот anyone? :D



Edit: 756 епизоди, лол. Кај нас ваљда само пола се прикажани.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
[
Оваа на А1, сум бил некаде 7/8мо одделение, колку џагара - багара сум правел на Лопилато и на онаа милфицата, како ли и беше името, ме мрзи да ја гуглам...
Јас мислам бев 6,7 одделение. Затрескан бев по серијата што дури и репризите не ги пропуштав исто трчав по цд- текиве да си најдам албумот со песни. Aхх тој тинејџерски пубертетски период.[DOUBLEPOST=1504692456][/DOUBLEPOST]
Плажата на залезот anyone? :D



Edit: 756 епизоди, лол. Кај нас ваљда само пола се прикажани.
Спомната веќе еднаш.[DOUBLEPOST=1504692790][/DOUBLEPOST]

На А1 идеше оваа, не се сеќавам како беше преведена ама мислам дека беше Детективот Рекс.
Комесарот Рекс беше преведена. Мислам дека и на некоја друга телевизија беше прикажана дали на Канал 5 или Телма не сум сигурен.

Incantesimo (TV Series 1998–2008)

Одеше на А1 па на Канал 5. Серија која ја мразев ради што ми беше тешка досадна драметина и одма штом се појавеше шпицава вртев друга програма.[DOUBLEPOST=1504694084][/DOUBLEPOST]Disputas (TV Mini-Series 2003– )
Capture.PNG


Женски караници - Серија прикажувана на А1 од кој ми остана DVD со прва епизода поклон од списанието Ла Нова на Хедис и Велија.

И оваа серија е во истото DVD
Capture.PNG
Серииве ги немам гледано ама добро се сеќавам дека одеа на А1 бидејќи и не беше некое којзнае колку минато време.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Маѓепсани за сите овие срања што се вртеле (турско - латинска Америка) е Гејм оф тронс :icon_mrgr:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
На уште една ми текнува што одеше на МТВ1. Со една девојка што живееше на некој остров, па ќе најдеше некое семејство со брод во морето, океанот, ќе се спријателеше мислам со нив, па ќе нуркаа, ќе бараа нешто. Пред некоја година ја најдов серијава и мислам и некоја епизода изгледав, али сега не ми текнува како се вика.
Девојката од океанот (Ocean Girl), МРТ

На оваа мислиш веројатно. Вонземјанка беше и можеше да комуницира со китовите. :D

 

Kajgana Shop

На врв Bottom