Homer MakeDonski
*Матриот
- Член од
- 14 јуни 2005
- Мислења
- 823
- Поени од реакции
- 86
Сердарот
препев:Георги Сталев
1
Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева се коб и зла?
Дал' град полињата житородни ги беше фатил?
Ил' рој од скакулци се вдал?
Дал' султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?
Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал.
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој . . ."
-Земјоделци, служители на Деметра1 баш така
шепотеа за гласот зол; а жените,
штом чуја, писнаа од силна мака
и коси корнеа од бол.
--------------------
1 Деметра — божица на плодородноста.