Сервер: Немало да исчезнеме поради парче хартија?!?

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сите после мене нека го цитираат ова во своите постови...

„Ма кој те е*е бре. Да ти дадам парче хартија газот да си го средиш. Смрдиш на платено од далеку“

Се извинувам... но револт си е револт.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Оваа ступидна изјава ме потсети на едно парче хартија која ја зацрни судбината на Македонците во Грција.
По втората светска војна, од 1945 година зпочна граѓанската во Грција. Македонците се вклучија во ДАГ (Демократска Армија на Грција) бидејќи социјализмот им го врати она што грчките фашисти се обидоа да им го одземат. Имено , во северниот дел на Грција, под команда на Маркос Вафијадис, било одобрено учење на Македонски јазик, Македонците биле признати...Револуцијата до 1948 постигнала речиси целосна контрола на ДАГ врз територијата на Грција. Македонците беа на чекор да живеат слободно на своите огништа. И наеднаш пресврт....
Генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис добива наредба од Сталин за повлекување на ДАГ од Грција, додека монархофашистите со помош на Британија се истовараат во Грција и ја „потиснуваат“ ДАГ...
Следува голем геноцид врз све што не грчко, особено врз македонците. Македонците од ДАГ се свесни за тоа и огромен дел од нив останаа на боиштата на Вичо и Грамос, како последен бедем додека се извлекуваше македонскиот народ од Грција....
Оваа трагедија македонска се случи затоа што ДАГ не знаеше дека постои едно ливче, што Сталин и Черчил го „шкрабнале“ во „пријателски“ муабет со по некоја чашка, онака домаќински...
Едно ливче ја запечати судбината на Македонците во Грција....
Најдов нешто за тоа фамозно ливче:
http://en.wikipedia.org/wiki/File:Percentages_agreement2.jpg , и поопширно за тоа http://en.wikipedia.org/wiki/Percentages_agreement
Од тогаш, ККЕ или комунистичката партија на Грција и социјалистите (Синаспизмос) колку и да се борат, интересно е што на сите избори нивниот процент не поминува 10% - чиста Грчка демократија, строго контролирана, како што е претходно договорено -на едно обично ливче...
Секогаш, за жал, во историјата едно обично ливче знаело да биде кобно за цели народи и држави(како случајот екс ју вијните кога се цртаа карти на салфети и секакви глупости, а народот гинеше и се иселуваше, и ред слични примери ширум светот).
И кога некоја ваква белосветска будала ќе каже дека ливче хартија не е ништо, не знам која црна дијагноза да му ја припишам....
Затоа им посакувам разум на нашите политичари кога се пишува лист хартија - тој лист може да е најстрашното оружје.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom