Сентименталност

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
Јас нема да кажам дека сум стритер и дека wow ѕвер сум.Напротив.
Во екот на „лошите години“ сум и го осеќам тоа на сопствена кожа.Ама нема везе тоа ..во главно во темава ќе споделуваме ваши сентиментални искуства.Пр клупата на вашиот прв бакнеж,зградата кај што сте се заглавиле во лифт,покривот на кој сте е*еле,старата куќа што ја урнале од Х причини..раскажете ни приказна ваша..милениче сте чувале сте трчале со кучето се потсеќате ли често на ваши случки ракажете слободно
макар и измислена..приказна
Секад кога поминувам на некој улици на некој е**ни асвалти се будат спомени во мене..
како е тоа кај вас?
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Кога ќе поминам од страната по која што одев на времето во основно училиште, ме обзема едно чувство,чудно, тажно.Се сеќавам како трчавме, заедно сите, бевме мали и наивни.Единствените најголеми проблеми ни беа со кога да не зборуваме повеќе, со кого повеќе да живееме.Ехх, времиња.
Многу ретко минам од таму, скоро никогаш. Пред пола година поминав од таму, незнам што ме натера на таа страна и се осетив така,се наежив и се запрашав "кога помина времето?"
 

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
Дуле и коки- еј калдрмо
и само една воздишка после песнава
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Темава е... Кажи нешто драга па макар и лага :pos: И мене ми се случува истото што му се случува на Finn, на сите тоа ни се случува кога ќе го видиме школото во кое што сме поминале 8 години:icon_mrgr:
 
S

smexy

Гостин
Моментот коа идеш у парк у девет навечер и знаеш дека си искочил колку да ти пројде време додека да дојде еден по полноќ.
Се разбира пред најтмер, увек се пие Спрајт.
Најтмерскиот пијалок, ако нема, ни најтмерот не е добар и уз пиење се сеќаваш на моментот кога другар ти истури спрајт и бришеше со ранец.
Идеш у Ентер и знаеш дека сабајле ќе се осеќаш ко гомно али ти е сеедно пошо со тебе има уште четворица.
Седиш у Ентер после четвртата партија Дота и сфаќаш дека е пет-пет ипол и дека ти се јаде.
Искачаш надвор од темницата и сфаќаш дека си влегол навечер а сега е изгрејсонце и веќе почињаш да се осеќаш како гомно и
имаш кнедла у грлото али сечеш глава ако не е најубавото изгрејсонце досега.
Идеш кај чичко баничка и сфаќаш дека вработените уствари ве очекуваат и ве знаат со години.
Идеш назад јадеш Мордор пица баничка и ич не ти е гајле што ти го гори јазикот пошто не си јадел од вчера тоа време.
А имаш и јогурт.
И продужуе гејминг, али некој спие, некој глеа хентаи и уствари сфаќаш дека ви е доста од Дота и дека уствари у Ентер сте останале вие пет души и касиерката Ненси.
И така до 9 глеате турски или индиски супермен тролате по фејсбук и се паѓате од смеење и тој што излегол по цигара доаѓа и ви кажуе дека више е целосно разденето.
До 11 негде ја пичите последната дота се склапате и идете накај дома.
Додека идете назад, барем двајца од вас викаат дека ова е најгрдото чувство на светот, дека не требало да дојдете, дека кај Буч се боље маусите дека другар ти е глуп дека не ти се веруе дека ја утнал стрелата со Мираната по рекичка и општи дискусии за све што тепавте денес.
Неизбежно е да чуеш дека некој чувствува телесна слабост, дека му се јаде пак и како ваљда ќе гејма пак од дома.
Жешкото сонце ти го гори мозокот, веќе дванаесет и цел град е раздвижен, гледаш првачиња како одат на екскурзија во зоолошка и општиот хаос започнува.
Градот вирее со живот и на таа слика додаваш 5 свежи зомби кои скоро да се влечкаат по асфалтот по угорниците.
Секој од вас барем два пати ќе направи една "Леле брат" серија која иде нешто вака...

Леле брат...леле брат....леле брат....леле брат...леле брат....леле брат....
Следува и песничката на другар ти која иде нешо као...

На мајка ти у пичка на мааајка ти у ... пичка...
x колку сакаш пати....или колку можеш, инаку се пее off beat.

Следи седенката на Славија и другар ти извадил мало скараџиско столче а сите други лежите ко покосени на асфалтното игралиште.
Одеднаш во 1ипол некој се сеќава дека уствари треба да се види со неговите и конечно се разотидувате.
Дома, ја игнорираш мајка ти и нејзините забелешки, пушташ ПЦто и почнуваш партија дота ама веќе у 15та минута сфаќаш колку ти се спие.
Гледаш дека сите се гасат пошто газиш пошто си загреан ко вол и не утињаш крип и со нив се гасиш и ти и легнуваш у алиштата и патиките у кои си бил цела вечер, стануваш у 6-7 поручек и идеш на Славија да се договориш со другарите пошо вечер идете на најтмер.

Еј па може и сум сентиментален :)
А и ќе си го снимам постов чисто за да си го читам чат - пат, а ваљда ќе сум једини што ќе го стори тоа повеќе од еднаш :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Секој ден сум сентиментален за се.
Не тагувам за секој миг...ама помислата дека нема пак да гоповториш истото колку и да се обидуваш е малку ностлагично :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom