Сенки над Балканот / Сенке над Балканом

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.395
Поени од реакции
4.681


Серијата се емитува на РТС, РТРС, МРТ
ТВ премиера: Прва епизода на 22 oктомври од 20.15 часот.

Година: 2017 / ТВ Серија - 11 Епизоди / Земја: Србија, Русија, Македонија / Јазик: Српски, Македонски

Режија: Драган Бјелогрлиќ

Сценарио: Даница Пајовиќ, Драган Бјелогрлиќ, Владимир Кецмановиќ, Дејан Стоиљковиќ

Продукција: Радио-телевизија Србија, Кобра Филм

Копродукција: СФС/Скопје Филм Студио, Македонска радио-телевизија, Радио-телевизија Република Српска

Копродуценти: Томи Салковски, Сталбел Мисалков

Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Александар Галибин, Андреј Зибров, Милош Тимотијевиќ, Петре Арсовски, Јана Стојановска, Тони Михајловски, Аксел Мехмет, Петар Мирчевски, Дениз Абдула
_____________________________________


-„Сенки над Балканот“ прикажува необична приказна со многу досега непознати податоци за настаните на овие простори, ни рече вчера Томи Салковски, копродуцент на филмот.



Драган Бјелогрлиќ објасни дека периодот помеѓу двете светски војни му бил предизвик, а за потребите на филмот работел со историчари со цел подетално да ги осозне патиштата на опиумската мафија која функционирала на овие простори, а според него токму во тој период помеѓу двете светски војни се одвивале односите кои што кои ќе го дефинираат остатокот од 20 век.



-Работев со историчари од кои едниот ми беше косултант за руската тема, другиот за балканските патишта на опиумот и третиот за ВМРО, професорот Жежов од Македонија. Истражувајќи го тој период дојдов до неколку интересни приказни, за руската царска војска која во СХС фунцкионирала како своевидна паравоена формација- рече Бјелогрлиќ.



Игор Иванов – Изи e режисер на дна епизода од серијата објасни дека за него работата на филмот била интерсно искуство, бидејќи не бил на врвот на креативната хиерархија.

-Ова е проект во кој јас не сум на врвот на креативната хиерархија, бидејќи сериите така се работат. За мене ова беше интересно, затоа што на маниристички начин човек влегува во проектот по естетски параметри кои некој друг му ги поставил. Беше навистина супер бидејќи ја гледаш „партијата шах“ малку од страна и тоа дава други креативни можности- вели Иванов.



Тој исто така додаде дека Бјелогрлиќ како режисер ги следи трендовите, што е многу значајно.

-Она што за мене беше најважно е тоа што Драган Бјелогрлиќ воопшто не каска по трендовите и овој жанр кој што го обработува, овој историски трилер, е апсолутно актуелен. Она што за мене беше најфасцинантно е тоа што овој човек има свест за публиката на која и се обраќа, што е реткост. При тоа не мислам на истражувањата што денеска ги прават големимте дистрибутерски компании од западот, тоа е повеќе на ниво на талент и интуииција. По мое видување од таа свест, потекнува и анахроната и еклектична естетиката која Бјелогрлиќ ја воспоставува во овој серијал – вели Иванов.

Кинематограферот Иван Костиќ не беше присутен, но Бјелогрлиќ изрази големо задоволство од неговата работа.



-Жал ми е што директорот на фотографија Иван Костиќ не е присутен денеска со нас. Ова е негова прва самостојна работа, тој претходно работеше како помошник на директорот на фотографија на мојот филм „Монтевидео“. Приметив дека човекот има посебен поглед на работите и предлагаше доста интересни но необични, но конзистенстни кадри- вели Бјелогрлиќ.

Серијата е копродукција на Србија, Македонија, Русија, Босна и Херцеговина. Режијата е на Драган Бјелогрлиќ, сценариото на Даница Пајовиќ , Драган Бјелогрлиќ и Дејан Стоиљковиќ, кинематографер Иван Костиќ, монтажер Лазар Предојев, музиката е дело на Мањифико.



Продуценти се Драган Бујошевиќ и Драган Бјелогрлиќ, а копродуценти Томи Салковски и Сталбел Миалков.
Една вечер, Козакот Аљоша убива свештеник во една руска црква затоа што е сведок на грабежот кој го извршува. Младиот инспектор Станко е на својата прва работна задача, да го реши тоа убиство заедно со стариот инспектор и воен ветеран Андра Танасијевиќ…



Луѓето на Врангел, со база во Белград, офицерите Сорокин и Фјодор, сфаќаат дека од црквата е украден Врангеловиот реликт…

Движејќи се по трагите Андра оди во затворот Главњача да го праша својот воен пријател, македонскиот сепаратист Дамјан, кој му го кажува името на еден човек од бандата на Татко…



Аљоша ја посетува својата љубовница Виолета, и го покажува украдениот накит, кој таа обожува да го носи, но не смее да се појави во јавност со него, бидејќи така ќе биде откриен грабежот. Аљоша мора да бега пред нејзиниот маж да дојде дома. Тој е Јавен обвинител, кој пак има љубовница Маја, која е екставагантна жена од високите кругови на општеството….

Офицерот Сорокин пристигнува во Белград и му ги носи на генералот Врангел вестите од убиството и грабежот во црквата.

Во меѓувреме, во битолското село Буково на југот на поранешното југословенско кралство, во
Македонија, шефот на Македонскиот опиумски картел, Киро, ги чита вестите за Дамјановата пресуда и им наредува на своите луѓе да се подготват за пат за Белград.

Текст преземен од republika.mk


Серијата се емитува на РТС, РТРС, МРТ
ТВ премиера: Прва епизода на 22 oктомври од 20.15 часот.

Година: 2017 / ТВ Серија - 11 Епизоди / Земја: Србија, Русија, Македонија / Јазик: Српски, Македонски

Режија: Драган Бјелогрлиќ

Сценарио: Даница Пајовиќ, Драган Бјелогрлиќ, Владимир Кецмановиќ, Дејан Стоиљковиќ

Продукција: Радио-телевизија Србија, Кобра Филм

Копродукција: СФС/Скопје Филм Студио, Македонска радио-телевизија, Радио-телевизија Република Српска

Копродуценти: Томи Салковски, Сталбел Мисалков

Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Александар Галибин, Андреј Зибров, Милош Тимотијевиќ, Петре Арсовски, Јана Стојановска, Тони Михајловски, Аксел Мехмет, Петар Мирчевски, Дениз Абдула



 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.461
Ова мислам дека ќе биде доста добро. Едвај чекам да ја гледам премиерата:)
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.395
Поени од реакции
4.681
балканот? балканот? Стварно?
Грешка моја средено е, сега.

Во серијава глумат доста македонски глумци Никола Ристановски, Петар Мирчевски, Јана Стојановска, Дениз Абдула, Петар Арсовски, Тони Михајловски...

Некоја од епизодите ја има режирано и Игор Иванов - Изи.
 
Последно уредено:

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
3.869
Поени од реакции
3.998
Присустував на еден сет кога снимаа во Битола, врвна продукција ќе има серијава.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.395
Поени од реакции
4.681
Србите си ја знаат работата кога е во прашање серии и филмови. Серијава не е само српска туку и македонска затоа што покрај глумците наши и приказната што се одвива и во нашата држава има македонија и финансиски помогнато.

Бјелогрлиќ е феноменален и како глумец и како режисер. Покажа со Монтевидео. Ова по трејлеров и како е снимено ветува доста. Супер што серијава има и наши македонски глумци и што ќе се емитува на наша телевизија поготово телевизија што има HD.

Повеќе фотографии од серијата имате тука https://skopjefilmstudio.wixsite.com/officialsite-mk/senki-nad-balkanot

Ќе ја има и на Netfilm.tv онлајн платформата за гледање серии и филмови од Србија само ќе мора да се плати за гледањето.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.097
Поени од реакции
3.217
Супер е што серијава од старт ќе игра на националните телевизии во Србија, Македонија, Црна Гора, Босна, Словенија и Русија. Тоа значи голема публика од старт и афирмација на нашите глумци и надвор од Македонија.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
255
Поени од реакции
142
Го имам ова пишано во македонски серии ама еве и овде : Сенки над Балканот на Драган Бјелогрлич која ако не се лажам од 21.10 оди на МРТ. Имав можност да присуствувам на македонската премиера на серијата на фестивалот Браќа Манаки каде се проектираше дел од серијата (90м) беше присутен и поголем дел од екипата. Од она што јас го видов Македонија и македонците се континуирано пристуни во серијата. Имаше дел снимен во Буково, Битолско. Се појавуваат Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Тони Михајловски (како водач на ВМРО на кој му се суди) итн. Македонија и Македонците се споменуваат во контекст на ВМРО и активноста, “сепартизам“, шверц итн. Според она што го видов се работи за добра продукција, доста добра актерска екипа, сценографија итн. Незнам колку добро ќе биде примена во Македонија поради големо присуство на “патриоти“ затруени со макеоднизам, национализам односо од оние самонаречени тврдокорни итн иако нема ништо спорно во серијата.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
4.573
Поени од реакции
2.200
Кој ги ебе тие патриоти серијата битно да е добра. Начин за гледање у Холандија бациња има ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.395
Поени од реакции
4.681
Кој ги ебе тие патриоти серијата битно да е добра. Начин за гледање у Холандија бациња има ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Има, или ќе платиш претплата на Netfilm.tv или ќе чекаш торент за серијата ако воопшто во Холандија е дозволено пиратерија симнување. Има и начин преку сајтот stream.mk да гледаш МРТ 1 али прво ќе инсталираш некој додаток за менување IP како што е Hola и ќе наместиш таму демек си во Македонија па ќе гледаш МРТ 1 на таа крш слика.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
4.573
Поени од реакции
2.200
Има, или ќе платиш претплата на Netfilm.tv или ќе чекаш торент за серијата ако воопшто во Холандија е дозволено пиратерија симнување. Има и начин преку сајтот stream.mk да гледаш МРТ 1 али прво ќе инсталираш некој додаток за менување IP како што е Hola и ќе наместиш таму демек си во Македонија па ќе гледаш МРТ 1 на таа крш слика.
Торент преку VPN, мењам IP-то у Бугарија и лабавиш.
Тоа ти е баксуз додека бев у мк отекоа турските серии ја дојдов тука почнаа со квалитетни серии кај нас. :/

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.395
Поени од реакции
4.681
Торент преку VPN, мењам IP-то у Бугарија и лабавиш.
Тоа ти е баксуз додека бев у мк отекоа турските серии ја дојдов тука почнаа со квалитетни серии кај нас. :/

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Најдобро е на Netfilm да се гледа бидејќи на таа платформа самата продукција ќе ја прикачува серијата во HD али па мора да се плати за тоа но ретко луѓево што доаѓаат и потекнуваат од екс ју државите би го направиле тоа вклучувајќи ме и мене а верувам и тебе.
Едно време можеше и бесплатно да се гледаат на Netfilm содржините, сепак поради тоа што често им ги крадеа содржините и правеа пиратерија се решија на целосна претплата.

Интервју со Бјелогрлиќ и двајца глумци од серијата за Макфакс

Нов трејлер најава за недела прва епизода
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Делува на интересно нешто, сега ја видов најавата на МТВ.

Бјела е апсолутна легенда на овие простори, низ сите негови филмови докажал дека е класа a во последниве неколку години покажува дека знае и `позади камерата`.
 
На врв Bottom