Сендвичара "Седмица"

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
160денари претходно сега лабаво 20 денари поскапување. Забегаа и овие...
Не забегаа, цените на суровините се качуваат вртоглаво. Ние фамилијарно држиме пицерија, секоја втора недела има нови цени на главните материјали за работа, кашкавалот од први април ќе се качи дупло во однос на тоа колку беше во декември, брашното исто, зејтинот, пијалоците, струјата е качена за 50%, минималната плата + придонесите, дупла дневница во недела + придонеси.
Не е само Седмица, секаде во угостителскиот сектор ќе има покачување сега, тој што нема да покачи ќе работи или за нула или за зијан :)
Сакаш верувај, сакаш не, нам уопште не ни одговара да има покачување на цените, ама таа е реалноста. Или ќе покачиш да заработиш или ќе ставиш клуч на објектот.

Вината барајте ја во државата.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
Па со моменталните цени може да се каже и дека се океј. Во Струмица никаде немаш бургер испод 150 ден, па шо останало за Скопје и Седмица.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Прегледај го приврзокот 325110

160денари претходно сега лабаво 20 денари поскапување. Забегаа и овие...
Кај живееш ти? Поскапувањето е сосема на место.
Стави се во ситуација ти да треба да им спремиш јадење на твоите дома, со истите состојки како и до сега, но со поскапа струја и суровини од претходно. Нема да бараш начин да ги зголемиш примањата за да можеш да постигнеш? Исто е и тука, не знам зошто глумите дека сте паднати од Марс...
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062

А дали цената ќе ја остават иста кога ќе заврши цела оваа работа или пак ќе ја вратат на 150денари?

Ти ако живееш во Европа онда ок ти е тебе
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
А дали цената ќе ја остават иста кога ќе заврши цела оваа работа или пак ќе ја вратат на 150денари?

Ти ако живееш во Европа онда ок ти е тебе
Нема да заврши целава работа. Тие ќе се цените, плус нагоре.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
А дали цената ќе ја остават иста кога ќе заврши цела оваа работа или пак ќе ја вратат на 150денари?

Ти ако живееш во Европа онда ок ти е тебе
Дали ти мислиш дека кога ќе заврши цела таа калакурница, цените ќе се вратат како што беа?
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Не забегаа, цените на суровините се качуваат вртоглаво. Ние фамилијарно држиме пицерија, секоја втора недела има нови цени на главните материјали за работа, кашкавалот од први април ќе се качи дупло во однос на тоа колку беше во декември,
Не знам за другите продукти, но кашкавалот кој јас го јадам веќе многу долго време, како на пример неколку години е околу 380-400 ден за кило. Пред 3-4 купив, повторно беше толку. Не велам дека нема поскапувања, или дека не треба да поскапите, ама да се држиме до фактите.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
А дали цената ќе ја остават иста кога ќе заврши цела оваа работа или пак ќе ја вратат на 150денари?

Ти ако живееш во Европа онда ок ти е тебе

ti ocekuvas koga ke "zavrsi rabotava" bilo koj da namali ceni? :icon_mrgr:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Дали ти мислиш дека кога ќе заврши цела таа калакурница, цените ќе се вратат како што беа?
Па види, не постои нешто како Регулаторна комисија за џанк-фуд, така да - тоа останува на нивната слободна волја и проценка. Ако профитот е зголемен без разлика на тоа дали продажбата е намалена, секако дека ќе ја остават иста. Ако е намалена и продажбата и профитот, а калакурницата е завршена - логично е да ги намалат за да поттикнат продажба.

Но, според тоа што досега сме го виделе, ниту се намалува продажбата, ниту нивниот профит, ниту пак некоја калакурница во Македонија успеала да заврши со среќен крај. Така да, моја слободна проценка - цените нема да се намалат.

И пак ќе кажам, тоа не значи дека они забегуваат, туку дека ти се правиш паднат од Марс :)
 
nema ni da dojde do fast food lokalite... proizvoditelite na kaskaval, salama itn nikoj od niv nema da ja namali cenata
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Не знам за другите продукти, но кашкавалот кој јас го јадам веќе многу долго време, како на пример неколку години е околу 380-400 ден за кило. Пред 3-4 купив, повторно беше толку. Не велам дека нема поскапувања, или дека не треба да поскапите, ама да се држиме до фактите.
Слободно јави се во фирмите што носат кашкавал во пицерии и ресторанти и прашај која беше цената во ноември/декември, која е сега, а која ќе биде во април. Немам никаква корист јас што ќе те лажам на кајгана форумот. :)
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Слободно јави се во фирмите што носат кашкавал во пицерии и ресторанти и прашај која беше цената во ноември/декември, која е сега, а која ќе биде во април. Немам никаква корист јас што ќе те лажам на кајгана форумот. :)
Не велам дека лажеш, јас купувам кашкавал во малопродажба, и не ги знам цените за пицерии и ресторани, но цените на кашкавалот во малопродажба, барем јас тие што ги јадам, се потполно исти веќе неколку години. Всушност не, имаше едно покачување од 30-40 денари пред година и пол можеби, и од тогаш таа е цената.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
7мица на таа стара слава сеуште има голема побарувачка а последниве 3 или 4 години ако не се лажам, кренаа од 130 до еве на 180. Поскапени се цените, глеаме и самите и нормално е да се крева и кај нив. Е сеа дали вреди 180 денари тоа е друг муабет.

Искрено во 7мица годинава (прошлава*) на прсти можам да избројам колку пати сум земал. Некако ми се изгуби тој познат вкус на нивни сендвич. Мајонезот уште ги вади до негде, али џабе. Ако веќе бирам за 200 денари реално има доста опции низ градов за класичен хамбургер/чизбургер.

Ама па кога ќе видам цени на пици, на една обична капричиоза (шунка, кашкавал, печурки) со цена од 270 денари за средна, или везувио (шунка, кашкавал) со цена од 250 денари за средна, ондак све оправдувам. Максимум 8 парчиња шунка има на тие пици бројте ги, а исечени толку тенко што глеаш низ нив. Изрендан кашкавал некоја средна класа и тоа е тоа. Ако они можат да наплаќаат вакви цени за вакви пици, тогаш све друго е нормално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom