Затоа ги зедов за пример Шведска и Швајцарија. Сум се погодил во дискусија и со жители на другите земји, меѓутоа најголем број познавам швеѓани и швајцарци, и воопшто никој не се жали на економијата на државата. А јас упорен сум и клише муабет претставува -како е бе кај вас, како живеачката, задоволни, незадоволни, колку е платата....? Како некоја анкета да им правам на сите
За разлика од Германија, Русија,Италија, Франција ее од таму не сум слушнал пофалби.
Само од еден подалечен роднина, ама тој и во Македонија се фалеше
Најдобар начин за да дојдеш до заклучок во една држава дали се живее нормално и кои се стандардите, претставува анкета на граѓаните, Во секој град по 1000 рандом испитаници да одговорат на прашањето- Дали сте задоволни од вашите примања, колку изнесуваат ? И зошто не?
Затоа и потенцирав, дека животот во ЕУ е далеку од ,,розов,,. Во секоја посоцијалистички ориентирана земја, нормално е народот да биде задоволен, мислам на просечниот граѓанин.
Но, од друга страна, тоа предизвикува презаситеност на квалитетен кадар, кој очекува и квалитетни примања.
Не е проблемот во Македонија, навистина да е просечна плата 300 евра. Со 600 евра, едно семејство - може да живее просечно (под тоа не мислам добро, одлично....). Проблемот е, што не е 300 евра просечна. 200 е максимум просечна, за браншите како пекари, таксисти, келнери, работници итн. Државните службеници (полиција, ЈСП, учители) зимаат во просек 350 (ти гарантирам ова
), но, тоа не е просечната плата.
Сепак, цените ни се пониски од оние на ЕУ, од оние на Шведска, а Швајцарија е надвор од приказнава, мора да биде, зошто никогаш нема да биде класична ЕУ земја.
Сепак, и Бугарија, Романија, Грција, Шпанија се дел од ЕУ, а јас не би сакала да бидам на место на просечен Бугар, ниту да живеам во земја како Бугарија.
Дури ми е смешно што во Македонија има подобри патишта, во најмала рака, од една членка на ЕУ.