Семејно насилство

Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
Бидејќи имам поголемо животно искуство од тебе, имам видено безброј случки на семејно насилство, разноразни брачни заедници во кои животот им е пекол на жената и на децата, но сите тие и поред добиени совети од психолози, психијатри, добронамерни соседи, колеги или комшии, не превземаат АМА БАШ НИШТО....
Пишав линк каде да се јави....Ние на форумов треба да и дадеме подршка, храброст да застане пред сопругот и да се спротистави....а со циле миле, ништо не и помагаме.
Јадна ни е државава што немаме сигурни установи за да ги збрине ваквите случаи, тука е најголемиот проблем и они сакале или нејќеле, се помируваат со судбината.
А какво циле миле?
Па ти наместо да и дадеш поддршка човече ја распрашуваш за сексуалниот живот. Многу контрапродуктивен чекор за некој што трпи психичко малтретирање.

Со манипулатори и психички агресори едноставно нема разбирање. Разговорот може да биде само прилика плус за агресорот да си ја изманифестира агресијата уште еднаш.Кога еднаш ќе паднеш во рацете на таков човек, многу е тешко да се браниш. Вистински манипулатори. Чоекот ќе направи се за да ти влезе под кожа и кога ќе го постигне тоа, ги пробива твоите слабости и стануваш играчка во неговите раце. А тој те обликува, како што сака, по негова мера.

Поената е, да и дадете поддршка и да и посочите каде да се обрати, па и правна помош ете ако и треба, а не да и креирате лажна слика и да и наметнувате дел од кривицата на неа за 'лошиот брак и агресијата на партнерот'. Значи има излез од бездната, само треба да се обрати на вистинското место.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.687
Поени од реакции
9.527

Подршка и дадов душо, совет исто така, линк од центар каде што има стручни лица да се обрати за помош....Што ти е поентата што ми се пушташ со критики??
На форумов треба малку и со резерва да се земаат вакви разговори....од каде си ти сигурна кој е манипулатор, кој е агресор:)
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Постојат жени кој се навикнуваат на таков живот и трпат цел живот, јас не сум таква полека но сигурно ќе се спасам не иде тоа толку лесно плукни залепи. Имам деца на кој треба да мислам прво да бев сама оддамна ќе си отидев. Ќе збирувам повторно со мајка ми ќе омекне се надевам, барем малото да го чува за да можам да работам, без пари ништо не се прави.
 
Така те сакам(y)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Постојат жени кој се навикнуваат на таков живот и трпат цел живот, јас не сум таква полека но сигурно ќе се спасам не иде тоа толку лесно плукни залепи. Имам деца на кој треба да мислам прво да бев сама оддамна ќе си отидев. Ќе збирувам повторно со мајка ми ќе омекне се надевам, барем малото да го чува за да можам да работам, без пари ништо не се прави.
Не ја знам и другата страна од приказната односно не ја знам целата приказна, ама ако сметаш дека разделбата е единственото и најлогично решение, тогаш пристапи кон реализација на таа идеја. Потоа дај си време на самата себе, да се смириш, да размислиш за иднината, да размислиш за работата.

И мора со мајка ти со убаво. Кажи ѝ низ што поминуваш, низ што поминуваат твоите деца, дека нема хармонија во тој дом, дека децата не може да се воспитаат во такви околности, па и дека твоето здравје е нарушено, не само физичкото, туку и психичкото. Мајка е и мора да сфати. Не е само мајка, сега е и баба. Не верувам дека ќе дозволи внучињата да и останат на улица. Мораш да ја убедиш дека ќе работиш, сакаш децата да ти просперираат и сакаш да имаш внучиња еден ден каде едно ќе биде именувано по твојата мајка. Старите паѓаат на ова (секако, не мора одма да го искористиш).

Биди отворена, покажи емоции, покажи искреност и верувам дека ќе те прими во својот дом. Тој ќе ти биде основа и да најдеш работа, а потоа и место во некоја градинка за твоето бебе. Ќе стекнеш право на здравствено. Па и финансиски ќе и помогнеш малку на мајка ти. Плус нема да биде сама ни она.

Понатаму сама треба да си ги уредуваш односите во животот. Воопшто не си ти виновна за ова што ти се случува во животот. Како и да си се поставила, секогаш ќе бидеш надгласана во тој дом.

И секако, сакам за некој месец да прочитам и нешто позитивно од твоја страна, за твојот живот. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Со самото тоа што започнала барем на виртуелно ниво да се обиде да најде помош, што низ муабет и понекој совет, што практично како што и понуди @Ilumious (секоја чест) не гледам мазохистички црти кај неа.
Нормално дека има и мазохисти но тие се малцинство, не знам зошто ги споменуваш во случајов?!
Средивме :)
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Вчера вечерта ми беше многу тешко, повраќање пролив не можев на нозе да стојам. Малото спиеше наеднаш станав за накај тоалет и се разбуди почна да плаче, дотичниов спие не мрда ме слуша и не станува да праша дали ми е добро. Излегов и му викам што не го земеш детето нели гледаш дека не ми е добро ми рече не глуми само и излезе од соба почнав да плачам и пак "не рикај и ти како него. Цело време повраќав не ме ни праша добро ли си ти треба ли нешто. Со каков човеќ се омажив до толку ли не му е гајле за мене.
Автоматски споено мислење:

По не знам кој пат пак си поигра со мене ме излажа за најобична работа. Со месеци не сме излегле надвор некаде, тој излегува јас седам како идиотка сама го молам со денови да излеземе било каде да прошетаме малце да смениме децата да се порадуваат, ќе рече може ќе го прашам 1000 пати дали сигурно ќе рече да. Се радувам како мало дете и кога ќе дојде време ќе ми каже не идеме нема пари или го мрзи или ќе иде некаде и пак јас дома во 4 ѕида. Со месеци вака ми прави си игра со мене, желна сум да излезам некаде луѓе да видам други се осеќам како дивјак тој шета, а јас скапувам, затупувам, заборавив како е да направиш муабет со некого. На прсти се брои тоа колку пати сме излегле некаде сама не се ни сеќавам. Никогаш не сме биле на одмор нема ни годинава секако. Верувале или не на одмор имам отидено еднаш и тоа на 18 кога заштедив за неколку дена, отогаш немам отидено никаде. Здосадено ми е веќе немам желба за живот не ми се живее едноставно.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.730
Поени од реакции
24.322

А што те спречува да си ги земеш децата и да си излезете?
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
А што те спречува да си ги земеш децата и да си излезете?
Пари и далечината за да ги однесам во парк или до најблиските лулашки ми треба автобус. Немам пари ни за него ни да им купам нешто на децата ако побараат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.687
Поени од реакции
9.527
Пари и далечината за да ги однесам во парк или до најблиските лулашки ми треба автобус. Немам пари ни за него ни да им купам нешто на децата ако побараат.
Повторно исто:facepalm: ...па нели средивте со @Ilumious или ништо не бидна!?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Повторно исто:facepalm: ...па нели средивте со @Ilumious или ништо не бидна!?
Тетке не ме ставај во уста, моето и го пишав на Osamenа, дали контактирала на бројот или не, не мислам да прашувам, не ни сакам идентитетот да и го знам (тоа е твоја и работа на другарка ти бижонс) , приватна работа е.
 
ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
290
Поени од реакции
414
Знам жени на кои ѓавол не им е равен на кои не смее ни збор да им се верува кои имаат таква способност на манипулација паралелен универзум можат да прикажат и некој да го купи тоа како вистина.
Како што има физичко насилство така има и психичко насилство кое е секогаш предуслов за физчко насилство и двете се секогаш врзани едно со друго,ко што кажале стаарите од ништо нешто не бидува секоја акција има своја реакција.
Секое насилство треба да се осуди.
 
Член од
11 мај 2021
Мислења
55
Поени од реакции
50
Се јавив и исто секаде одговор треба прво да бидам финансиски независна па понатака може да се превземе нешто.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.611
Тетке не ме ставај во уста, моето и го пишав на Osamenа, дали контактирала на бројот или не, не мислам да прашувам, не ни сакам идентитетот да и го знам (тоа е твоја и работа на другарка ти бижонс) , приватна работа е.
...а ти мор чупо, што ме клаваш на уста? :mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom