Семејна пензија

Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Имам прашање,татко ми треба да наследи инвалидска пензија од мајками,а тој сеуште нема наполнато старост за негова пензија,макјами земаше пензија наша македонска,а пак татко ми кога ке наврши години за пензија ке треба да прима странска пензија. Прашањето ми е дали ако тој прима странска пензија сеуште би можел да ја прима семејната пензија од мајками пошто тој нема стаж во Македонија и нема да прима пензија од Македонија??? Дали некој знаете нешто во врска со ова?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Иако нема стаж законски го следува семејна пензија и ќе продолжи да ја зема покрај странската.
 
Член од
16 декември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали на некој му се има случено да му ја закаснат пензијата? Мене еве веќе 2-3 год со ред ми ја каснат, а потврдите секогаш на време ги доставувам и повторно во ноември не ми ја исплаќаат. Лани ми ја пуштија кај 15ти, а годинава еве веќе декември дојде а не ми имаат исплатено, ни во ноември ни пак сега овај месец. Од таму од пиом ми рекоја пресметката е напраена. Ме интересира дали и на некој друг ова му се има случено или само мене? И дали некој знај кога вршат уште една исплата на 15ти или на 20ти во месецот?
 
Член од
29 јуни 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ве молам ако некој има инфо колку изнесува Најниската семејна пензија која ќе ја зема студент од починат родител?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Ве молам ако некој има инфо колку изнесува Најниската семејна пензија која ќе ја зема студент од починат родител?
Мој другар знам дека зема некаде околу 9000 или 10000 денари.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Фала многу. Пошто некаде прочитав дека е околу 5000 мкд најниска. Ме зачуди што е толку малку
Мислам дека оваа е просечна пензија,за обични луѓе кои умираат од болест или природна смрт додека децата им се малолетни и остануваат со еден родител и пензија добиваат се додека детето е студент,знам дека другарот се запиша факултет само за да не му ја скратат пензијата.

Не верувам дека 5000 ден е најниската пензија ама прашај во некоја институција подобро.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
На мој братучед што почина пред 5 години децата знам тогаш им дадоа по 5000 ден на двете.

Минималната пензија е 7700 ден ако се мисли на онаа обична пензија тогаш 70% ќе дојде околу 5000 ден. Просечна семејна е 10.000 ден по тоа што го најдов како статистика.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Приходите од семејна пензија влегуваат во пресметката за лични приходи за здравствено осигурување?

Пошто јас годинава земав до август таму, после тоа не ми следуваше, па сега се водам како обичен невработен граѓанин во фондот. Прашувам поради ускладување со другите приходи што ми се, да знам дали да ги сметам и пензиите во пресметката до 145 000. Рандом службеничка од фонд ми одговори дека не се сметале пензиите, а според вебсајтот јас разбирам дека се сметаат.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Не би знаел да ти кажам за сигирно но не верувај никогаш на рандом службеници кај нас,кои се однесуваат како да ги прашуваш за број на такси а не за административни работи.
 
Епа баш затоа и прашав вечерва овде пред да одам во УЈП утре или во фонд.
Реално тоа е приход, ама пак приход кој не се оданочува и не се пријавува во УЈП, па како таков и не треба да фигурира во тие официјални пресметки.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Епа баш затоа и прашав вечерва овде пред да одам во УЈП утре или во фонд.
Реално тоа е приход, ама пак приход кој не се оданочува и не се пријавува во УЈП, па како таков и не треба да фигурира во тие официјални пресметки.
Би требало да е така ама пак прашај за сигурно.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
20
Поени од реакции
2
Ми стаса решение за семејна пензија мене како студент а требаше сето тоа да биде на мајка ми но нејзе нигде не ја пишува иако она даде предаде сите документи јас само потврдата за редовен студент ја дадов.
Сега незнам зошто само мене ми пристигна решение а не и на мајка ми.
Нејзиното име нигде не го пипшува на решението што ми стаса.
Исто така на решението е погрешно пресметана пензијата односно 20% за инвалидност кој што ги пишува на решението не се точно пресметани.
Дали некој имал сличен проблем.
Бидејќи е пресметана многу не реална пензија за личност со 40 годни стаж.
Дали мајка ми треба да чека да и стаса и нејзе решение или само едно решение праќаат.
Ако некој знае нешто што како нека ми одговори или да ми напише порака.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335

само тебе решение ти даваат, нема што на мајка ти да и даваат. Иначе тоа што ти дале е, од нула почнуваш кога земаш таква пензија, па после ако има покачувања ќе добиеш нешто плус.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom