Семејна пензија

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Колку време се чека од поднесување на документи во ПИОМ до добивање на решение за наследување на пензија? Има ли некој искуство? Мајка ми треба да ја наследи пензијата на татко ми. И дали е здравствено осигурана додека трае постапката, пред тоа беше осигурана преку татко ми кој почина?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Сега оди брзо постапката, за неколку дена се префрла пензијата. За осигурувањето не можам точно да ти кажам ама мислам дека не прави никаква разлика дали е моментално осигурана или не, нејзе законски ја следува семејната пензија.
 
Но еве чекаме повеќе од 1 месец, можеби затоа што освен македонска татко ми примаше и странска пензија. Ги прашував, ништо не кажуваат, само дека предметот е даден на референт и ќе добиеме решение.Ако е за неколку дена, барем македонската пензија до сега требаше да стигне, или мора истовремено за двете.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Ова е веќе покомплициран случај за нашите служби :). Не би можела да знам колку се чека во случај и на странска пензија, зошто веројатно чекаат сите документи да ги комплетираат и после да почне мајка ти да ги добива парите.
Инаку, ќе ве исплатат ретроградно иако ви доцнат, нема да прескокнат пензија. Се смета од денот кога се поднесени документите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ^X^

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ова е веќе покомплициран случај за нашите служби :). Не би можела да знам колку се чека во случај и на странска пензија, зошто веројатно чекаат сите документи да ги комплетираат и после да почне мајка ти да ги добива парите.
Инаку, ќе ве исплатат ретроградно иако ви доцнат, нема да прескокнат пензија. Се рачуна од денот кога се поднесени документите.
Зошто од денот на поднесување на документите? Не е ли од денот на смртта, ние малку касневме со поднесување на документи, тој меѓупериод не се рачуна?
И на посебни сметки ги добиваше, на една македонската, на друга странската пензија. Зошто не се одвои постапката.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Мајка ми документите исто ги имаше поднесено после скоро еден месец и една пензија пропадна. Зборувам за пред неколку години, беше од кога ќе се поднесат документите, а не од денот кога е починат. Причина за тоа наведоа дека во тој меѓупериод брачниот партнер можело да си работи или да зема други приходи како плата или сопствена пензија, па после да ја бара и пензијата од починатиот, а имало случаи каде што ретроградно барале и со години, па веројатно затоа и постоел тој закон. Така се оштетувала државата.
За мене ова беше смешно зошто многу лесно може да се проверат таквите податоци, но ете, законот бил таков. Можеби го смениле, треба да се информираш, за да знаете што да очекувате.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ^X^
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Мајка ти треба да има наполнето 50 год. за да ја наследи пензијата,ако нема ти треба секоја година да носиш потврда од школо/факултет за да ако нема години прима пензија се додека не ги наполни..а ако ти не учиш/студираш пензијата ќе е во мирување до 50 год. Ако ја исполнува старосната норма,за документацијата што како обрати се до ПИОМ,ќе ти објаснат,писмени се толку веројатно.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942

Јок. Еве мајка ми имаше 52 татко ми кога почина , и она ја наследи пензијата зашто јас бев малолетен. Е тоа што викаш оти треба потврда од школо/факултет да си носи тоа ти е точно , да така е и пензијата трае до твојата 26-та година , а доколку се вработиш порано ти се крати скроз.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Јок. Еве мајка ми имаше 52 татко ми кога почина , и она ја наследи пензијата зашто јас бев малолетен. Е тоа што викаш оти треба потврда од школо/факултет да си носи тоа ти е точно , да така е и пензијата трае до твојата 26-та година , а доколку се вработиш порано ти се крати скроз.
Епа гледаш, имала 50 :D.

Он-топик. Мојот постар брат е носител на семејна пензија како студент. Кога тој ќе заврши ќе се префрли на мене. Можеш и малолетен да бидеш, мислам дека тоа нема врска кога станува збор за ученик. Сепак нашите институции се за жал бавни(барем во мојот случај беа) и беше потребно повеќе од 3 месеци да се среди. Е сега ако твојот родител земал и од странство, тогаш уште побавно.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Кај нас беше брзо ништо не пропадна, ама немавме ништо од странство. За овие работи треба да си досаден, ако видиш дека заглавуваат оди им почесто, барем македонскиот дел да стигне на време
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Епа гледаш, имала 50 :D.

Он-топик. Мојот постар брат е носител на семејна пензија како студент. Кога тој ќе заврши ќе се префрли на мене. Можеш и малолетен да бидеш, мислам дека тоа нема врска кога станува збор за ученик. Сепак нашите институции се за жал бавни(барем во мојот случај беа) и беше потребно повеќе од 3 месеци да се среди. Е сега ако твојот родител земал и од странство, тогаш уште побавно.

Пардон не прочитав убаво па се залетав да реплицирам :D Ми се виде како " родителот НЕ треба да има наполнето 50 години " :D Нема везе :D
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Причина за тоа наведоа дека во тој меѓупериод брачниот партнер можело да си работи или да зема други приходи како плата или сопствена пензија, па после да ја бара и пензијата од починатиот, а имало случаи каде што ретроградно барале и со години, па веројатно затоа и постоел тој закон.
а дали е иста висината на пензијата што се наследи или е помала? Ако имало прекин тогаш била помала :confused:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
а дали е иста висината на пензијата што се наследи или е помала? Ако имало прекин тогаш била помала :confused:
Не е до прекинот, туку кога се наследува пензија се исплаќа 80% од вкупната сума. Прост пример, ако татко му земал 10.000 пензија, мајка му ќе зема 8.000.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Не е до прекинот, туку кога се наследува пензија се исплаќа 80% од вкупната сума. Прост пример, ако татко му земал 10.000 пензија, мајка му ќе зема 8.000.
Јас мислам дека е 60 %,не сум сигурна ама мислам не е 80 туку 60 %
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Јас мислам дека е 60 %,не сум сигурна ама мислам не е 80 туку 60 %
Мислам дека е 60 или 70% во случаи кога пензијата првин се префрла на дете кое се уште учи/студира и после продолжува да ја зема брачниот партнер. Со процентите сум скарана како стоеја работите, зошто паметам само сума. Веројатно има некој што може прецизно да каже.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom