Семејна пензија

Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Мислам дека е 60 или 70% во случаи кога пензијата првин се префрла на дете кое се уште учи/студира и после продолжува да ја зема брачниот партнер. Со процентите сум скарана како стоеја работите, зошто паметам само сума. Веројатно има некој што може прецизно да каже.
Не и кога сопругата ја наследува е толку ,слушав нешто на тв за тоа баж се бунееа зошто им се крати толку многу од пензијата и нешто ќе имало и како иницијатива за тоа од страна на некое здружение на пензионерки интелектулки .
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а дали се менува висината ако до 26 години ја земало детето, а после продолжило да ја зема мајката ... тоа ми беше муабетот ...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
а дали се менува висината ако до 26 години ја земало детето, а после продолжило да ја зема мајката ... тоа ми беше муабетот ...
Да. Кај нас беше таков случај, мислам дека со 10% помалку мајка ми ја земаше после.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Конечно добивме решение, 70% е пензијата. Но она што ме буни е што ставиле дека татко ми земал помала пензија во моментот на смртта, па и на мајка ми и пресметале помалку, изгледа не ги сметаат последните покачувања. Отидов да ги прашам и ме откачија со образложение дека се сметал некаков просек на пензии и они не пресметувале, системот пресметувал.

Во решението стои дека пензијата се пресметува според член 66 , став 1. Го најдов законот и во овој член стои вака:
Семејната пензија се определува од старосната или инвалидската пензија што на осигуреникот би му припаѓала во часот на смртта, односно од пензијата што на корисникот на пензијата му припаѓала во часот на смртта.
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/75BA7A378E77C04AA1942105CF425B44.pdf


Или да не имало намалување на пензиите..........
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
а добивте решение за тоа, по кој закон е тоа?
Не можам да се сетам на се поточно, ова беше 2003/2004 година кога ја префрливме кај мајка ми пензијата зошто јас се запишав вонредно на факултет. Ако треба за детали ќе ја прашам пак, но не знам дали се уште важат истите закони и правила.
 
C

Celsius

Гостин
а дали се менува висината ако до 26 години ја земало детето, а после продолжило да ја зема мајката ... тоа ми беше муабетот ...
Види мислам дека може и стажот од мајката да се додаде на пензијата.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Не можам да се сетам на се поточно, ова беше 2003/2004 година кога ја префрливме кај мајка ми пензијата зошто јас се запишав вонредно на факултет. Ако треба за детали ќе ја прашам пак, но не знам дали се уште важат истите закони и правила.
ако не е проблем прашај ... ме интересира по кој закон, правилник или сл. се одредува намалувањето ... или е дефинирано колку треба да е пензијата откако мајката ќе продолжи да ја зема ...
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Дали престанува правото на семејна пензија ако ти исплатат пари од пракса, на пример ја сум на пракса на договор за дело но не сум пријавен??? Според мое мислење не но кој има искуство нека напише.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дали престанува правото на семејна пензија ако ти исплатат пари од пракса, на пример ја сум на пракса на договор за дело но не сум пријавен??? Според мое мислење не но кој има искуство нека напише.

Ако може мала реактивација и појаснување на овој дел? :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Ако може мала реактивација и појаснување на овој дел? :)
Не престанува правото на семејна пензија односно се додека не си пријавен во завод за вработување не престанува правото на семејна пензија. На пример можеш да работиш се али само на договор за дело (се што не вклучува пријавување во заводот). Поздрав
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Ако може мала реактивација и појаснување на овој дел? :)
Со новиот закон за договор на дело не смее истиот да биде поголем од минималната плата. Тоа значи дека волонтирање, хонорарни договори и пракса треба да е под 8900 и да не е пријавен/осигуран.
Исто така право на семејна пензија се губи и со склучување на брак.
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Ако зимаш приход од др место за завршена услуга и парите ти ги пуштат на сметка, а се повеќе од 10.000 денари дали тогаш го губиш правото на семејна пензија бидејќи ќе треба да платиш данок? Или си имат утврдено колко годишно може да ти пуштат пари на сметка, а не си пријавен ?
 

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
Пензија следува во износ од 70% од основата зголемена за 10% за секој член ( дете што учи студира, деловна неспособност, продолжено родителско право ) но не повеќе од 100%. За едниот брачен другар да ја наследи семејната пензија мислам деак треба да биде на минимум 45 години старост. Иначе, одкако малолетното лице стане полнолетно и не продолжи со образование износот на семејната пензија се намалува. Исто, доколку покојниот е носител на странска пензија, брачниот другар има право на таа пензија ама во намален износ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom