Село Метежево

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Верувам речиси никој од вас овде не слушнал за ова село кое се наоѓа во Кривопаланечкиот регион,поточно Биљина планина.Не сте слушнале за ова село,зошто е на господ позади грбот,и има малку повеќе од 20тина жители.
Епа ајде,кој слушнал за селово,кој го посетил нека напише мислење :)
 
Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
А бе ја мислев ти нешто ќе ни кажеш повеќе, ќе ставиш некоја слика, локација на мапа и слично... Ајде пошо ти си ја отворил темава, најди ми нешто инфо за селово, ме заинтригира.

Обожавам некои такви мали места, забутани, оддалечени од вниманието на модерниот свет...
 
Друже,од шо е големо селото дури ни слика нема,за инфо еве,ама на бугарски,срамота.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Аааааааааааааааа имам имаммм идено тамуу... само пред едно 15-16 години, кога уште не знаев ни носот сама да си го избришам. Прабаба ми и прадедо ми, Бог да ги прости, таму живееја. Штета што многу малку нешта ми останале во сеќавање. :(
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Аааааааааааааааа имам имаммм идено тамуу... само пред едно 15-16 години, кога уште не знаев ни носот сама да си го избришам. Прабаба ми и прадедо ми, Бог да ги прости, таму живееја. Штета што многу малку нешта ми останале во сеќавање. :(
Како ти се викале старите,ќе го прашам тато,може знае :)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Ја иам идено таму и село ко село, ливади, баби и дедовци, говеда, кози, сливи и јаболка, трошни глинени куќички и то е.

Туку спомна Командос дека обожава такви мали и забутани места. Тогаш нека го посети моето село - Голомудово. Имаат останато 3 куќи од кои едната е моја т.е. беше на дедо ми и баба ми. Има само еден жител и тоа не за долго. Но местото изобилува со убавина бидејќи има преубава шума, преубав воздух и најубаво од се најубава планинска, изворска вода. Ретко одам таму, 2-3 пати годишно, но со едно одење си ги полнам батериите за цела година.

п.с. И да, не се смејте за името на селото, а легендата за тоа како дошле до името не ја знам...
 
Случајно ја најдов темава барајќи нешто на Гугл. Еве ја воскреснувам.

За ова болдираното што сум го пишал пред 4 години, сум се заебал. Жителот пожив од кога и да е, само преселен сега во град, урбанизран, цивилизиран. Нека го поживее Господ уште толку :angel:
 
Член од
3 мај 2022
Мислења
2
Поени од реакции
2
За жал многу кривопаланечки села кои се наоѓаат северно од градот, односно према границата со Србија имаат се помалку и помалку жители бидејќи сите се раселуваат во потрага по подобри и полесни услови за живеење. Барем луѓето си прават викендици и за викенди, празници си идат таму. Не е само Метежево, туку и Нерав, Подржи коњ, Огут, Луке ситуацијата е секаде иста. Сепак природата во овие села е многу убава и ви препорачувам да ги посетите ако можете. Јас бидејќи потекнувам од тој крај имам малку истражувано за населението, нивниот животот и порано биле доста големи села. Се споменуваат дури во опширниот пописен дефтер од 1570 година каде што биле сите имиња се Македонски. Градот Крива Паланка, поранешно име Егри Дере се има основано дури во 1633 година така да можеме да кажеме дека селава се постари и од градот,доколку се гледа по датум на основањето.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Кај најдовте тема за Метежево :pos:
Го имам посетено еднаш како мал, летово бев до метежевски преслап со точак ама летово планирам до селото да одам. Патот е реновиран и има доста добра природа. Тој реон на гореспомнатите села е предобар за велосипед. Правев велосипедска тура минатото лето и до кафанчето во Трново, не е голема дистанца и иако има само 500 метри искачување сепак има стрмнини. Здравје ова лето планирам секое доаѓање во Паланка да си правам барем еден ден тура со велосипед низ некое од овие села или накај осоговските планини. Осоговските планини не се толку стрмни и може слободно со велосипед добар дел да се извозат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom