Село Герман, Преспанско - Македонија!

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Македонцки, 14 февруари 2010.

  1. Македонцки

    Македонцки мадрфакр

    Член од:
    23 ноември 2007
    Мислења:
    4.281
    Допаѓања:
    629
    Во одсуство на организирана и од државата спроведена дигитализација на архивите на Македонија , принудени сме вака индивидуално со силата на нашиот непокор и трудот на нашите срца да собираме, сортираме и споделуваме материјали за нашата земја и народ.

    Село Герман, Преспа, Егејска Македонија

    [​IMG]

    Првата и најстара легенда за селото е дека Германчани пред доагањето на Римјаните своето село го имале долу на крајбрежјето на Преспанското езеро близу денешниот (затворен) граничен премин Маркова Нога.
    Најверојатно поради многубројните војски окупации и тешки времиња како повекето македонски населби првобитната била напуштена, со што селаните се преслиле некој километар погоре во пазувите на планината.

    Во Македонија преселбите на ваква кратка релација се толку чести што многу стари градови и места во плодните рамнини како резултат на теророт на окупационите војски се напуштени за сметка но новоформираните тешко пристапни села.Старите огништа остануваат во споменот на жителите како ГРАДИШТЕ (место на кое имало град)

    Еден од пораните спомени и најистакнати Германџани е Истинијановиот генерал Белицар за кој Кајгана одработи една прекрасна тема.

    http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=36796

    ВЕЛИЗАР / БЕЛИЗАР, Βελισαριος, Belisarius, е еден од најголемите војсководци во историјата, но за жал многу малку познат. Од кои причини незнам, најверојатно поради неговото контроверзно потекло, всушност се што е од балканот има проблематично потекло, или некој сака така да мислиме

    [​IMG]

    Велизар е најистакнатиот генерал во таборот на Јустинијан. Тој успеал да ги оствари соновите на Јустинијан, враќање на изгубените територии под своја контрола ( Наполи, Рим, Сицилија, Равена). Заедно со Јустинијан успеале царството да го зголемат за 45%. Од успесите на Велизар бил исплашен дури и самиот Јустинијан.

    Да направиме еден осврт, како е запишан Велизар во постари книги.

    Во книгата: The Miscellaneous Writings of John Fiske, 1902, запишано е ... It is, perhaps, not generally remembered that the greatest warrior and one of the most illustrious emperors of this part of the Roman world were of Slavic origin. The vernacular name of which Justinian is the latin translation was Upravda, or “the Upright” and his invincible general Belisarius was a Dardanian Slav named Beli- czar, or "the White Prince."

    Потоа, The Roman Empire, Frederick William Bussell, 1910, на страна 354 запишано е ... Twenty years later we find Belisarius in command in Persia, a Slav from “Germania” ...

    Во книгата, History of Christian Names, Charlotte Mary Yonge, 1863, на страна 33 запишано е ... Belisarius - m. Lat. Slav. White prince ; BELITZAR - m. Slav. White prince …

    Потоа, Dalmatia, the Quarnero and Istria, with Cettigne in Montenegro and the Island of Grado, Thomas Graham Jackson, 1887, на стрна 10 пишува ... recover italy for the Empire by the genius and valor of another Slav Belisarius, who according to Procopius was born somewhere in Bosnia or Herzegovina …

    Во книгата, A note-book of mediaeval history, A.D. 323-A.D. 1453, Charles Raymond Beazley, 1917, на страна 28 пишува ... Justinian himself is perhaps of Slavonic origin, like (?) his uncle and predecessor, Justin, and like Belisarius, the “Africanus of New Rome”.

    Потоа, Morals in World History, Archibald Robertson, 1945, на стрна 78 пишува ... The emperor Justinian, the final codifier of Roman law, and his general Belisarius, were both Slavs.
    Во книгата, World History, J. C. Revill, 1953, пишува ... Not least among the notable men of all nationalities who served Justinian — Belisarius was a Slav, Narses a Persian, John of ...,

    Во книгата, The New International Encyclopaedia, Daniel Coit Gilman, Harry Thurston Peck, Frank Moore Colby, 1906, на страна 712 пишува ... BELISARIUS (Slav. Byela, white + tsar, prince, czar) (c.505-565). An heroic and loyal Byzantine general …

    Гледаме огромен број на книги кои ВЕЛИЗАР го сметаат за словен. Дали етимологијата е БЕЛИ+ЦАР, доста веројатно, но можеби е ВЕЛИ+ЦАР (велик-цар), долгата враијанта би била VELIК+CESAR, па од таму и BELISARIUS. Но можеби е ВЕЛИ+ЗАР, велик+зар, каде зар е корен од ЗАРЕ, нешто што зари, нешто свето, па така го имаме и името СВЕТОЗАР (светол+зар) најверојатно е ВЕЛИЗАР (велик+зар). Дали она ЗАР/ЗАРЕ доага од ЗОРА, незнам.
    Но едно е сигурно, во светот немаат друга етимологија за ВЕЛИЗАР, а името Велизар а и Белизар се користат и денес на балканот, некаде е Белизјар/Велизјар.
    Сите наведени книги лесно може да се проверат на google books, ископирајте некоја реченица од блогот и побарајте ја на google books, ќе ги добиете саканите податоци.

    http://trebenishte.blog.com.mk/node/188175

    [​IMG]

    во времето на Самуил Герман заедно со целата преспанска околија бил од големо значење за Самуиловото царство.

    [​IMG]

    Во селото Герман, во 1888, била пронајдена надгробна плоча на комитата Никола, жена му Рипсимија и синот [Давид. Таа била поставена таму од цар Самоил во 6501 година од Почетокот на светот, индикт 6 (времето меѓу 1 септември 992 година и 31 август 993). Гробот на кого што била поставена не е пронајден, но се смета дека се наоѓал во црквата „Св. Герман“. Не е познато кога умреле Никола и жена му. Давид бил убиен во 976 од некои Власи во местото Убавите дабови крај Костур. Се претпоставува дека комитата Никола умрел во селото Герман или во околината, каде што и може да управувал. Моментално плочата се наоѓа во Софискиот музеј, најверојатно пренесена во виорот на војните.
    За време на ослободителната борба регионот бил меѓу најдобро подготвените и зел активно учество во Илинденското востание. Долнопреспанските жители пред востанието од 1903 година формирале чета од 150 востаници од долнопреспанските села под раководство на Војводата Петре Дамовски - Германчето и под идејно водство на Наум Геровски и двајцата од село Герман. Тогаш комитетот, со седиште во село Герман, бил во состав на битолската револуционерна организација. На почетокот на востанието [Турци]те се повлекле од селото, коешто била веднаш зафатено од четите на Никола Кокарев и Јован Кафеџијата. Заедно со четата на Ангел Андреев тие чинеле 300 востаници. Аскерот двапати го напаѓал Герман, на 18 и 21 август, и на двата пати одбиен. Етем-паша со 6000 луѓе ги зазел сите места и ги нападнал германската и битолската чета кои беа засолнети меѓу Рудари и Герман, во месноста Штрковска Стена. Почнала голема битка во која паднале 45 души од битолската чета и 16 од германската. Во месноста Елата Турците го фатиле Никола Топалов, четник од германската чета, жив го одрале, му ги извадиле очите и така го оставиле да умре. На 28 август, кај месноста Бигла, Турците повторно ги нападнале избеганите од битолската чета. Тука најмногу паднале, а меѓу нив и војводата Јован. На Бигла биле закопани 24 души од битолската чета. По ова битолската и германската чета се растуриле.
    По Втората Балканска војна селато Герман се нашло во новите граници на Грција.
    Во Втората Светска војна Македонците од Герман активно учествуваат во борбите за слободна и независна Македонија рамо до рамо со Македонци од Вардарска Македонија. Во текот на граѓанската војна во Грција посебно се истакнал Герман Дамовски.
     
  2. ZoraNaSlobodata

    ZoraNaSlobodata Чоечко суштество

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.736
    Допаѓања:
    109
    Еее селото на прабаба ми.
     
  3. Македонцки

    Македонцки мадрфакр

    Член од:
    23 ноември 2007
    Мислења:
    4.281
    Допаѓања:
    629
    Петар Дамов Христов - Германчето, познат и како Петре Дамовски, е роден во село Герман, Егејска Македонија. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието заминал за САД и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно формирал чета и како нејзин војвода дејствувал против Турците и андартите. На 28 февруари 1907 година бил опколен од турски аскер кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил.

    [​IMG]


    [​IMG]

    секојдневие во село Герман

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Македонски топоними и називи во село герман и околината

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На ZoraNaSlobodata му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: