Селото Лазарат во Албанија - фабрика за марихуана!

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823

Изгледа да не беше снимката толку популарна, све ќе си останеше исто како во годините наназад.

Абе оваа нивна марихуана често се фаќа кога се транспортира надвор од селото , а тоа се прави ноќе на разни начини.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880

Изгледа да не беше снимката толку популарна, све ќе си останеше исто како во годините наназад.

Баш така. Да не беа Холанѓаните сега уште ќе си ги имаа плантажите. А штом 15 години ем знаеле, ем не реагирале е доказ дека имале корист од марихуаната. Којзнае уште колку вакви села има по Албанија
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Пак пушкарање во Лазарат има и мртви

Беснее војна околу албанското "Кралство на дрогата": Убиен еден специјалец, напаѓачите неутрализирани!

24.06.2015 | 16:50

Еден припадник на специјалните сили "RENEA" загинал, а двајца биле повредени во вооружениот судир меѓу полицијата и одгледувачите на дрога во познатото албанско село Лазарат, познато и како "албанска фабрика за дрога".

По минатогодишната полициска акција, вчера повторно дошло до инцидент, кога група вооружени лица отворила оган на припадници на полицијата кои биле на служба во Лазарат, јавува албанскиот портал Top-chanel.

Вообичаено, полицијата не смеела да влезе во селото и да им даде поддршка на своите колеги, па локалната полиција побарала помош од силите за брза интервенција "RENEA".

Полицијата и "RENEA" утрово започнале акција за апсење на луѓето кои пукале, а во моментот кога бил блокиран автомобил со неколку лица за кои постоело сомнение дека се вооружени, од две куќи од близина била пукано кон полицајците.

Првите податоци зборуваат за заседа на група која дава вооружен отпор, и за која се верува дека е сочинета од 15-тина лица. Истрелите од огнено оружје ги изненадиле припадниците на RENEA, пишува oranews.tv.

Во пресметката животот го загубил еден припадник на специјалните сили, кој зад себе имал и неколку операции во Авганистан, додека на двајцата ранети им била укажана лекарска помош и тие се надвор од животна опасност.

Кон Лазарат тргнале силни полициски групи, а акцијата ја предводеле министерот за внатрешни работи Саимир Тахири, директорот на полицијата Хаки Чако, како и обвинителот за тешки злосторства Аднанд Џоли.

Полицијата ја обиколила целата зона и поставила контролни пунктови на сите патишта.

Припадниците на полицијата и специјалните сили "RENEA" ја неутрализирале локалната вооружена група во селото. Во акцијата биле вклучени и воени хеликоптери, јавува албанскиот портал Top Chanel.

http://tocka.com.mk/1/163336/besnee-vojna-okolu-albanskoto-kralstvo-na-drogata-ubien-eden-specijalec-napagjacite-neutralizirani
 
V

viktora

Гостин

Ова им е шминка.Ако ги уништат фабриките во лазарат,35% од БДП ќе се намали.Ова ти е најаката нација глумци во цел свет.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.138
Поени од реакции
8.229
Член од
29 септември 2013
Мислења
253
Поени од реакции
390
3262338_700b.jpg

Албанија - Холандија (2007 мислам), порака до холандските навивачи.
Не е нешто за фалење али јако е :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom