Секула и Ефто Пупиновски

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Секула Пупиновски (1955 -2011) својот живот го посвети на музиката, спортот и фамилијата. Ќе остане запаметен по ведриот дух, топлата насмевка и позитивната енергија.

Првите музички чекори ги направи уште во средношколските денови, по што почна активно да ја гради својата музичка кариера. По настапот на фестивалот „Цветници“ во 1993 година со песната „Врати се Бела Марија“ (# песма мога живота) ги истакна своите гласовни квалитети и стана еден од најпрепознатливите и најпопуларни изведувачи на македонската народна и новокомпонирана музика. Зад него остави многу познати хитови како „Моја Наде“, „За една Кристина“, „Кажи Анче“, „После многу долги години“, „Печалбарска“, „Свирете нешто тажно“ и многу други. Секула Пупиновски учествуваше на голем број македонски фестивали и концерти и беше редовен гостин на нашите иселеници во дијаспората. Острелија лајк!


Покрај музиката, Секула Пупиновски беше вљубеник и во спортот (со кој се занимаваше се до крајот на неговиот живот), па во неколку наврати беше учесник и на Охридскиот Атлетски Маратон.

Покрај тоа што беше класа музичар, Секула Пупиновски беше и посветен семеен човек, прекрасен сопруг и горд родител.


Ефто Пупиновски е роден на 2 јуни 1953 година. Со „Лихнида кајче веслаше" Ефто Пупиновски дебитански настапи на Фолк фест Валандово 1986г. и го освои првото место од жири. Оваа песна беше само пролог во неговата кариера и воедно песна која го направи едно од најпрепознатливите лица во новокомпонираната македонска народна музика. Неговата огромна желба за пеење уште од дете се остварила во професионална кариера и покрај неколкуте неуспешни обиди и одбивање на аудиции за соло пеење. Дел од неговиот музички опис во видеото:








П.с На @Io Sono Interista омилената (белким):

 
Последно уредено:

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Секула покоен, фантастичен чоек, весел, музикален, љубител на спорт особено фудбал, доста комуникативен претерано добра личност многу ми е жал што повеќе не е меѓу нас. Покрај музиката негова, најмногу од се претерано многу ми фали тој момент кога ќе го сретнев со точакот и опасна наочара набацана на него момент кој многу често се дешаваше и стално го застанував еј чичко Секула.
Ефто го познавам многу помалце а не сум го сретнал со години денес нема ни шанса да ме познајт кој сум.
Искрено сум ептен благодарен за темава ми врати екстремно добри спомени. ФАЛА!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Играм јас warcraft а во позадина си ги пуштив Ефто и Секула и влага баба ми, минува минута-две дур да регистрира дека доаѓа музика од негде.
"Од кај ти иде ова? Ефто пее."
"Од компјутерот бе бабо"
"Е како па игра ти е уклучена" :D:D:D
"Мултитаскинг бабо, мултитаскинг"
аха да :D

Сто пати видела како играм и слушам музика ама сеа нешо се багнала дека Ефто пуштен, и се помешало нешо со радио...
 
Ф

Флеш

Гостин
Eфто е еден од поквалитетните македонски музичари што за жал не доби поголема слава ..... Има харизма,квалитет на глас , одлични песни .... :)

Родаст мора да е сега сречен ..... :D
 
S

StormRage

Гостин
Еее... Ефто го познавам лично, одамна, нешто пријател со дедо ми мој беше, па често идеше... се сеќавам уште како дете. Интересен човек.

можам да кажам дека музиката им е супер, кога на нивни песни летале чаши по кафани. толку
 
Ф

Флеш

Гостин
Тоа е еден од тиа музичари кои несвесно ги знам!
Баш така е,се додека не слушнеш песна повторно од нив,искрено.нема.ни да ти текне,се е ова песни и личности од периодот кога бев мал,беа популарни ... златната доба на македонија,кога се работи за песни :) ... но таков е склопот на Македонецот,ако нема пари,ќе седи и ќе мрцвари,не сме ко Шпанците,од нишо нешо креативност, едноставно во културата е :)
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Оваа сте ја заборавиле. Многу добра песна.
 
P

PewDiePie

Гостин
Секула и посебно Ефто ја имаат задолжено дебело Македонија со оглед на тоа какви песни имаат направено и оставено позади себе,нема да ги редам постирани се веќе,само ќе кажам,греота е и штета што немаме денес вакви музичари да створат и да отпеат по некој master piece.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу ми е драго што новите генерации, вклучувајќи ме и мене, се повеќе ги откриваат овие бисери на македонската музика.

Врати се бела Марија ми е мене лично многу драга песна, пошто нели така ми е името.:pipi:
За Туѓа си бескрајно нема ни да коментирам. :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Песните на Ефто се блуз, болка, тага и среќа. Човекот е уникатен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom