Имав еден комшија имаше едно југо, и го тинтраше толку многу што ни жена нема такво внимание добиено во шпанска серија. Го переше едно 3-4 пати во неделата, насабајле церада навечер ја тргаше, секој ден прозорите ги бришеше со неговата позната крпа од Германија која тука ја нема (истата ја имаше на пазарче и позната е како магична крпа) ама ај си сонуваше дека само тој ја има. Таа љубов постоеше се додека еден ден камионот за ѓубре не му ја собра цела десна страна од југото. Во тој момент мораше да бира помеѓу скапата поправка за југото и викањето на жена му од терасата да го продаде. Он ја избра жена му, југото отиде во отпад......