Секоја четврта државна фирма во загуба

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Како работеле државните претпријатија во 2015 година?

Едно од четири претпријатија во државна сопственост во Македонија лани работело непрофитабилно. Вкупно 29 од 113 државни фирми минатата година направиле загуба од 31,3 милиони евра
Истражувањето ги опфаќа сите претпријатија во државна сопственост (јавни претпријатија и акционерски друштва) основани од Владата или од Советите на општините


Дополнително, вкупно 30 државни фирми се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи со неплатен даночен долг од 19,2 милиони евра, а повеќето од нив лани, на хартија, прикажаа профити. Истражувањето на БИРН открива случаи како директори местат финансиски резултати за да ја сочуваат „фотелјата“

Зад добивките на државните фирми се кријат даночни долгови

Истражувањето на БИРН покажа дека повеќе јавни претпријатија, иако на хартија прикажуваат добивки, всушност имаат големи даночни долгови што според даночните експерти е доказ дека нешто во нивните финансиски извештаи не штима.

„Одговорот е јасен. Не ги плаќаат даноците, затоа што ја немаат ниту добивката. Директорите претставуваат лажна слика во своите финансиски извештаи дека имаат приходи кои што се, всушност нереални, ....... вели претседателот на Здружението на даночни советници на Македонија, Павле Гацов.

*************
Колку е стварно успешна нашата економија ? Каде е приказната за раст и напредок ?
Како се толерираат директорите на овие државни фирми ?
Поднесува ли некој одговорност ?
 
G

Goldie

Гостин
Како нема да бидат во загуба кога во секое државно претпријатие има барем по 3-4 пати повеќе вработени од реалните потреби за функционирање на истото.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
има ли показатели за порано, зошто се продадени на странци Окта, Телеком, ЕСМ ?? ( за Фени, Југохром, Железара и слични да не праиме муабет).
Има ли споредба на плати во државни и приватни фирми ?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Читам во текстот дека за секое отпишано ненаплатено побарување се плаќало по 10 проценти данок на добивка. Кај нема да наплати па и данок треба да плати за тоа :icon_lol:. Ова не сум го знаел досега.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
има ли показатели за порано, зошто се продадени на странци Окта, Телеком, ЕСМ ?? ( за Фени, Југохром, Железара и слични да не праиме муабет).
Има ли споредба на плати во државни и приватни фирми ?
Јас конкретно се сеќавам за Окта ко се продаваше, имаше забелешки дека не е добро да се продаваат стратешки капацитети на една земја *енергетики, комуникации, транспорт..) али пусти Тупорко така убо не убеди дека Окта (тогашна рафинерија) е пред распаѓање, дека не се исплаќа да се модернизира, дека идните газди ќе се заебат шо ќе ја купат пошто огромни пари за реновирање и модернизација ќе плаќаат, дека ова ни е прилика да се куртулиме од огромен губитник, имаме шанса таа несреќа да му ја увалиме на друг...
И еве веќе 20 години со радост и нетрпение чекам да увидат грчиштава колку сме ги заебале и како се зафркнале со купување на распадната нефункционална рафинерија
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Зад добивките на државните фирми се кријат даночни долгови

Истражувањето на БИРН покажа дека повеќе јавни претпријатија, иако на хартија прикажуваат добивки, всушност имаат големи даночни долгови што според даночните експерти е доказ дека нешто во нивните финансиски извештаи не штима.
можда требало да потенцираат во текстот дека ова со добивките се однесува за јавните претпријатија. На пример министерствата и најголем дел од агенции мислам дека немаат приходи, само режиска сума за плати и трошоци.
Инаку јавните имаат многу поголеми плати во споредба со "државните", а се во загуба.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Македонски шуми

Македонски шуми е со добивка од 1,16 милиони евра со што ова претпријатие излезе од листата загубари на која беше рангирано во 2014 година

Има добивка од 1,16 милиони евра лани, но неплатен данок на државата од 4 милиони евра. Кога би се платил даночен долг, јавното претпријатие Македонски шуми наместо профитабилно, би имало статус - загубар

13 април 2016
Македонски шуми на оглас бара уште 223 работници
Во тек е оглас за вработување 223 работници во „Македонски шуми“ за сечење и транспорт на дрва низ цела Македонија

************
Значи, Македонски Шуми, со години е загубар. За последната 2015 година, има прикажано добивка од 1,1 мил евра, , но истовремено има долг од 4 мил.евра. Економски стручњаци даваат мислење дека финансиските извештаи се “штимаат“.
Истовремено, пред 2 недели, МШ распишува оглас ( моментално има над 2.000 вработени ) за нови 223 вработувања ( настрана што е спорен моментот пред избори ? )

Од друга страна, директорот на МШ е со години и покрај ваквите резултати.
Не знам дали во некоја приватна фирма, ќе му дозволат вакво “раководење“ ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ах, еве рандом оглас од водовод каде платите се боли глава
пример бараат контролор и инкасатор со средно број 6 и 7 со по 20.100 денари. Веројатно почетна. И хигиеничар и подмачкувач со по 17.700 и 18.700 што е прилично многу за лица без школо, потребни вештини и искуство. И како основна плата.
http://www.fakulteti.mk/news/15-10-28/oglas_za_vrabotuvanje_vo_jp_vodovod_i_kanalizacija_-_skopje.aspx
Инаку Водовод има прикажано загуба од 3 милиони евра
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=6E3BA3EB0F61234295F4F0DE802B97AC

Секонд, АДСДП овде вели имале загуба од 26 милиони евра
http://www.libertas.mk/drzhavni-firmi-minatata-godina-napravile-zaguba-od-31-3-milioni-evra/
арно, овде вели правник земал 45.000 денари
http://www.dokaz.mk/zhencheto-na-slabiot-dechko-od-aek-robert-vikana-agnesa-se-vgnezdila-vo-drzhavna-sluzhba-po-vtor-pat/
:confused:
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
Ах, еве рандом оглас од водовод каде платите се боли глава
пример бараат контролор и инкасатор со средно број 6 и 7 со по 20.100 денари. Веројатно почетна. И хигиеничар и подмачкувач со по 17.700 и 18.700 што е прилично многу за лица без школо, потребни вештини и искуство. И како основна плата.
http://www.fakulteti.mk/news/15-10-28/oglas_za_vrabotuvanje_vo_jp_vodovod_i_kanalizacija_-_skopje.aspx
Инаку Водовод има прикажано загуба од 3 милиони евра
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=6E3BA3EB0F61234295F4F0DE802B97AC

Секонд, АДСДП овде вели имале загуба од 26 милиони евра
http://www.libertas.mk/drzhavni-firmi-minatata-godina-napravile-zaguba-od-31-3-milioni-evra/
арно, овде вели правник земал 45.000 денари
http://www.dokaz.mk/zhencheto-na-slabiot-dechko-od-aek-robert-vikana-agnesa-se-vgnezdila-vo-drzhavna-sluzhba-po-vtor-pat/
:confused:
Тоа и јас го кажувам, преголеми се платите на државните служби. Потребно е да се сведат на ЕУ норматив, соодносни коефицинти меѓу просечна плата на приватни фирми и плати на државни службеници, просветари, полиција, војска, доктори па и државни функционери. Ама знаеше СОНК 2-3 пати со штрајкови да натепа плати, ќе се равнјале со државна служба во ЕУ. Тоа да се реши ќе се смалат плати и на политичари и ќе се намали и одливот на стручни кадри во странство. Ама никој тоа не може да го спроведе, посебно не со платите на докторите , полицијата, војската па и судството... тоа е болката.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Тоа и јас го кажувам, преголеми се платите на државните служби..
не зборам за државни служби туку за јавни претпријатија. Јавните претпријатија имаат високи плати па една хигиеничарка или инкасатор почетни плати им се колку на лице со високо образование во државна служба. Во државните служби само оние пред пензија им се повисоки и раководните лица. Другото се е шака јада...осим ако споредуваш со конфекција, тогаш да направиме една урамниловка.
Ама никој тоа не може да го спроведе, посебно не со платите на докторите , полицијата, војската па и судството... тоа е болката.
Не знам што значи за тебе висока плата ама ако е испод основна потрошувачка кошница, тоа за мене е преживување, ...како волот, дај му само да јаде, нека работи и нека трае. Обратно е од она што го кажуваш. Треба да се качат платите во приватниот сектор, а не се качуваат не оти сме пазарно ориентирани, напротив. Ако ни удрат санкции и визна блокада, ако ни укинат квоти, тек тогаш ќе го јаде Македонија. Накратко, утната држава. Имаме најмали плати, заедно со Косово и Босна. Едните наречи држава, другите 10 години војна и остаток во енклави. Нели бевме лидери, нели имавме најголем раст, инвестициски бум...
Тоа да се реши ќе се смалат плати и на политичари и ќе се намали и одливот на стручни кадри во странство.
раат за газдите од кои најголем дел се врзани или со државни или со локални функционери или пак се нивни фирми во сопственост.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
не зборам за државни служби туку за јавни претпријатија. Јавните претпријатија имаат високи плати па една хигиеничарка или инкасатор почетни плати им се колку на лице со високо образование во државна служба. Во државните служби само оние пред пензија им се повисоки и раководните лица. Другото се е шака јада...осим ако споредуваш со конфекција, тогаш и пензионерите треба да им се скрати плата, и на информатичарите, и на мајсторите...ако не да направиме една урамниловка, најдобро. Што е тоа, за метро ролетни 14 евра, 10 метри 140 евра, скоро половина плата.
Не знам што значи за тебе висока плата ама ако е испод основна потрошувачка кошница, тоа за мене е преживување, ...како волот, дај му само да јаде, нека работи и нека трае. Обратно е од она што го кажуваш. Треба да се качат платите во приватниот сектор, а не се качуваат не оти сме пазарно ориентирани, напротив. Сега ако ни удрат санкции и визна блокада, ако ни укинат квоти, тек тогаш ќе го јаде Македонија. Накратко, утната држава. Имаме најмали плати, заедно со Косово и Босна. Едните наречи држава, другите 10 години војна и остаток во енклави.
дури тогаш ќе испобегаат младите, раат за газдите од кои најголем дел се врзани или со државни или со локални функционери или пак се нивни фирми во сопственост.
Пред мислам 3 години, Премиерот на Словенија САМ СЕБЕ си ја намали платата за 20%. Нормално после им удри ножот на министрите а тие надолу и се така... А кога ќе ги сунетисаат бар малку министерствата , тие ќе ги скратат и јавните предпријатија. Ама мислам РЕЛАТИВНО спрема Стопанството. Имаше пред 2 години во хрватски весник, дека градежен факултет не може да најде асистент, бидејќи по фирмите им даваат поголеми плати.
А има и друго, натепаа високи плати и банките, а имаме најголеми провизии и камати на кредити во Европа.
 
Т

Триптико

Гостин
Да не ти минирам тема, ама баш Гацов го најде? Човекот никогаш не потпишал нешто изјавено од него. Тој "да ти каже", ама "да не е од него кажано/слушнато".
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Македонски шуми

Македонски шуми е со добивка од 1,16 милиони евра со што ова претпријатие излезе од листата загубари на која беше рангирано во 2014 година

Има добивка од 1,16 милиони евра лани, но неплатен данок на државата од 4 милиони евра. Кога би се платил даночен долг, јавното претпријатие Македонски шуми наместо профитабилно, би имало статус - загубар

13 април 2016
Македонски шуми на оглас бара уште 223 работници
Во тек е оглас за вработување 223 работници во „Македонски шуми“ за сечење и транспорт на дрва низ цела Македонија

?
Македонски шуми не прават транспорт на техничкото нити на огревното дрво, нивните камиони и дигалки им седат во плац, а дрвата ги земаме ние тендерашите од планина директно. Да не напоменам и дека секој еден шумски инженер сака мито.
Македонски шуми исто така е задолжена кон повеќето фирми, им нема обезбедено роба од 2015година.
 
Т

Триптико

Гостин
ЈСП - Скопје исто така е со загуби.
Ма јок! Грешка си. Ако е во загуба, од каде им се парите за спонзорирање на "вентилаторот" (барем тоа и да му беше намената) во центар?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom