Секакви рецепти

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Одамна немам бапнато некоја торта. :ROFLMAO:
Ја правев за на татко ми роденденот. :D Измислував, шлапав, турли тава напраив. :ROFLMAO:

Пандишпан 1 и 3:
Се миксираат 2 јајца со 450 гр шеќер. Се додава 300 мл млеко со 120 мл масло и 300 мл овошен јогурт од јагода. На страна се меша 210 гр брашно со 100 гр какао, 1 пециво и 2/3 лажичка сол. Се соединуваат смесите, се дели на два дела и се печат посебно.

Пандишпан 2 и 4:
Цврсто се матат 5 белки со постепено додавање на 6 лажици шеќер. Се додаваат една по една и 5те жолчки. На страна се меша 100 гр рендано чоколадо, 1 лажица брашно, 1 пециво и 1 опаковка пудинг од јагода. Се соединуваат смесите, се делат на два дела и се печат одделно.

Прв фил:
Од 900 мл млеко се двои малку, во него да се растворат 3 пудинга од ванила со 9 лажици шеќер. Кога ќе зоврие останатото млеко, се додава пудингот, се меша додека да згусне. Се остава на страна да се излади. На страна се меша 200 мл слатка павлака и се соединува со миксер, да се олади во фрижидер, па се додава 100 гр сецкано чоколадо.

Втор фил:
300 гр блендирани (или сецкани) замрзнати јагоди со 4 полни лажици шеќер на оган се меша, да зоврие некоја минута, па се додава прашокот од 2 пудинга од јагоди со 6 лажици шеќер претходно разматен во 400 мл млеко. Да се згусне, па да се олади.

Се реди прв пандишпан, втор фил, втор пандишпан, прв фил, трет пандишпан, втор фил, четврти пандишпан, прв фил.

П.С. многу поедноставно е да се печат наеднаш прв и трет пандишпан, па втор и четврти, ама пошто ја сум тро неспособна после да го преполовам на пола пандишпанот, ризично ми е да не ми се раскрши, па овака посебно 4 пати печев. :icon_mrgr: Плус порамномерно излегува смесата. :D

Прегледај го приврзокот 188511
Merry me?[DOUBLEPOST=1522908153][/DOUBLEPOST]
Како се прави кечап како во пицериите.Пробував но никако да го направам како што треба .. Некако преблаг е..
Доматно пире со доматен сок се меша 50:50,оливково масло,сол,шеќер,и мајчина душица или темјан.
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Фусили со азиски сос од спанаќ, тиквичка, сусам и ѓумбир.

Се пржи на тивко лажица сусам со чешне лук и се додава една мала тиквичка насечкана на тенки ленти. Оваа смеса се вади од тавата и додека тавата е топла, во неа се става 500гр свеж добро исчистен спанаќ.
Кога ќе омекне, и тој се трга од оган.
Во блендер се става омекнатиот спанаќ, малку маслиново, сол, куркума и се ставаат омекнатите месечинчиња лук. Се ренда малку ѓумбир по вкус и се блендира да биде како пире.

Во тавата се става 200мл хопла (јас ставив со најмала масленост), пирето од спанаќ и тиквичките што се пржеа со сусамот. Се истураат фусили (350гр) ал денте сварени и се меша добро да се соедини.
Кој сака - си става пармезан или пекорино.
Време за подготовка: околу 25 минути.
Прегледај го приврзокот 167466
Исто ли е пармезан и пекорино?
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Исто ли е пармезан и пекорино?
Не, пекориното ти е овчо сирење и е доста специфично и по мирис и по вкус(не го бендисуваат сите :D), и доста појако и посолено од пармезанот. Многу подобра, а и поефтина варијанта на пармезан, според мене, е грана падано. Кај има пармезан, таму има и грана, така да лесно се наоѓа.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Алва со лешници и ореви

100 мл. млеко
100 мл. зејтин
400 грама шеќер
200 грама брашно
100 грама мелени лешници
100 грама мелени ореви

1. Млекото, зејтинот и шеќерот ги ставаме во тенџере да почнат да вријат како шербет.
2. По 2-3 минути вриење ги додаваме соединетите суви состојки т.е. брашното, мелените лешници и ореви.
3. Со интензивно мешање на средна температура ја соединуваме смесата и вариме 3-4 минути.
4. Ја исклучуваме ринглата (може и на страна тенџерето) и мешаме. По желба може да се додаде и измеша 100 грама чоколадо, 50 грама какао и малку рум.
5. Во силиконски калапи ја истураме смесата и ја ставаме во фрижидер да се стегне.
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2019
Мислења
128
Поени од реакции
49
Според мене најдоброто нешто што може да го подготвите е Пилежко со одозгора моцарела.
Многу лесно малце луг 1 до 2 парченца смацајте ги и ставете ги во тава со томато сосор.
Попрзете ги во мегјувреме стекот испрзете го и кога ке мислите дека е сосот готов.
Стајтего го стекој во сосот и врз него ставете на секаде моцарела и ставете го во печка на најако нека постој 5/8 минути и кога ке изеле ке пробате нешто невероватно.:ајнапиво::ojeaa::kajgana::kruna::чда:
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Jас баш како Teriyaki го имам сретнувано и порано низ рецепти, со некои мали измени нормално. Еве еден пример, еве и уште еден. :)

А за поедноставна форма со готов сос има припрема на крилца во слатко лут сос.

Кило крилца се ставаат на картија за печење во соодветна тава, се посолуваат и се премачкуваат со готовиот сос. На 220 степени се печат околу 15 минути и уште пола час на 200 степени. Има многу такви рецепти во кои не се губи време ама има отсуство на мерак. :)
Pls ако знаеш напиши како се прави пилешко теријаки
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.244
Поени од реакции
5.358
Рецепт за Велешка Пастрмајлија ако има некој , за една другарка ми е ....
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Рецепт за Велешка Пастрмајлија ако има некој , за една другарка ми е ....
Јас вака ја правев последен пат по мое. :D

Состојки за три пити:
За месото:
500 гр свинско месо (кртина)
1/2 лажичка сол
многу црн бибер
Прво се подготвува месото (пожелно е одвечер да се направи, колку подолго се маринира, толку ќе биде помеко и ќе ги прими вкусовите). Се сецка на парчиња, со приближно иста големина, за да можат еднакво да се испечат. Се покрива со стреч фолија и во фрижидер. Претходно ниту се пржи, ниту пече, ниту динста. Се става живо, затоа што поентата е тестото да ја прими целата течност што ќе ја испушти месото при печењето.

За тестото:
1 квасец
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
7 лажици масло
1 лажица оцет
380 мл млака вода
625 гр брашно
1 пециво
Се замесува тесто од сите состојки. Поентата е колку повеќе можете на помеко да го замесите, па дури и малку да се лепи за прсти. По потреба можете да додадете повеќе брашно или вода. Се остава да стаса околу 1 час. Се дели на 3 еднакви топчиња и повторно стасува (овојпат пократко, половина час). Голема тепсија премачкајте со масло и врз неа од топчињата оформувајте овални форми со рабови на краевите (без сукало). Кога ќе приметите дека потешко се тегне, оставете ја пак да стасува. Јас ги направив прилично тенки и при печењето нараснаа.

Дополнителни состојки:
свинска маст по потреба
5 јајца
Кога ќе ја добиете посакуваната форма, ставете од месото и на неколку места (од прилика 1 ипол лажичка за 1 пита) свинска маст. Ставете ја да се пече на загреана рерна од 250 до 300 степени. После 20 минути, ставете ги јајцата (не треба да бидат целосно разматени, но да не бидат и цели, така што можете претходно да ги ставите во тањирче и со чепкалка за заби да направите некои шари). Се допекува уште 5-10 минути. Доколку е потемна, а јајцата не се допекле, покријте ја со хартија за печење или алуминиумска фолија и продолжете со печење уште некоја минутка. Додека е сѐ уште жешка, премачкајте ги краевите со свинска маст (сама ќе се стопи) за да светнат.

52667556_2248797708722107_8523928770090893312_n.jpg
 
Член од
16 февруари 2016
Мислења
13
Поени од реакции
4
Рецепт за печени шампињони, превкусни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom